Добро во нештово е што намерно пуштаат да им се кракува играта па затоа има уште луѓе што ја играат. Да е со заштита ко фифа и да мора да се купува за да се игра? Не благодарам
Да ти кажам право со години гејмав ПЕС, и ми беше топ до ПЕС 11.
Од 12-ката натаму (заклучно со 12-ката), ПЕС ми стана тешка тиња.
Само се обидуваат да копираат нешто од Фифа, а на крај сите планови им се залудни и завршуваат доста лошо. Станаа многу лоша бледа копија на Фифа.
Само ПЕС 16 го заслужува мојот респект.
Играта со PTE Patch-от е супер, ми има игривост и сеуште ја играм.
Се обиделе да направат нешто со 17-ката, ама пак ми е вештачко некако се....не ми е тоа тоа....не е по мој вкус.
Од друга страна...
Фифа стана она што беше ПЕС на времето.
Од Фифа 12 па наваму, EA буквално ги прегазија Konami во секој поглед.
Фифа 13 за мене е најдобрата фудбалска игра некогаш направена. Доста квалитетен фудбал.
Да се изразам во стил на Калински.... „Беше вистинско ремек дело“.
Како и сите останати години, така и оваа година, за мене апсолутен победник е Фифа.
Пес повторно не е ни приближно добар фудбал.
Тој што вика дека Фифа е игра за деца, ќе го замолам да си земе појака конфигурација или да си купи конзола. И секако пред се, да биде реален во оценувањето