PES 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr.47
  • Време на започнување Време на започнување
Еј по цел ден се играше таа игра на ПС1. Или отидеш во играчница, 5 денара пола саат беше :icon_mrgr:
 
си останувам на Пес 13 со Smoke Patch .... подобро здравје од пес нема ова ....

Ај ако може линк од пачов. Јас играм ФИФА, не играм ПЕС, ама тука цимерот повеќе е по ПЕС... :D Ме мрзе да го барам иначе.. :P
 
Ме отепа играва, кој очај е играва. :нинџ:
Тмн помислев дека Јапанциве се решиле да ја опраат....
36527_518382511578908_1814717221_n.jpg
- Агер, брате што ти се десило? :icon_lol:
 
.. ако во нешто беа јаки KONAMI, беа во фаците и целата графика. Видете го Вилшер.. ма видете ги сите можни во секоја екипа, само 2ца личат на луѓе, другото.. YOU'VE FAILED KONAMI. HARDLY.
 
100 пати е подобар од сегашниот

Признавам дека беше поинтересна за играње, ама сепак, тоа е стара технологија, новава се базира на движења на вистинските играчи, снимени со сензори. Е сега или не знаат да ја искористат новава технологија и да ја внесат во игра или пак претерале ептен, па сето тоа како краен продукт е пресложено за да биде игрива самата игра. Уште не сум ја пробал салам, да изиграм 2-3 утакмици, пошто ми кочи доста, а и проблемот со звукот не сум го решил уште :( и не можам одлучно да кажам дали ја бива или не. Сепак по огромниот број негативни коментари овде, изгледа не е случајно, па КОНАМИ стварно се имаат искилавено. Ај ќе ја пробаме и ФИФА, ако не биде и со неа ништо, се враќам на ПЕС 13 со пач со нови трансфери и готово.
 
Најлоша фудбалска игра што сум ја пробал од кога сум роден до сега.
Зашто уопште искочи ова срање не ми е јасно.
Пес фан бев до 12ката. Ја играм уште на плејстејшн 1 коа се играше до сега. Од 12ката играва стана нешто што не треба да стане. Ја усраа тотално и поштено.
Ајде океј се префрлив на ФИФА која е светлосни години моментално пред ПЕС и си ја заиграв пошто беше 100 пати подобра. 13ката Фифа е најдобро нешто излезено до сега (и од 2та серијали, и од ПЕС и од Фифа),

Сега ми се роди оптимизам некој за ПЕС, ајде си викам јака игра ќе пуштам оваа година. Фифа 13 лани ја „уби“ пес во поим, па си викам јапанциве ќе се заангажираат повеќе за да направат нешто подобро што ќе ја руши ФИФА.
Па така ја симнав ПЕС, влагам во менито Павароти пее, се запалив си викам ова нешто јако ќе е, ми се свиѓаше стартот, имаше да си подесиш многу работи и песната си беше возвишувачка. :D
И клучниот момент....мечот....
Гледам зголемени оверали, Перси ѕвер го напраиле, играчите на Јунајтед претежно се со одличен оверал, не ми се веруваше како може да е толку добра Пес по толку време. Ок скролам надоле, ги приметувам Фабио и Рафаел со нивните фаци кои се повеќе од одвратни и не личат ни 1% на нив, Руни е права катастрофа и сите останати играчи кои ги пастиравте. Трансферите секако не комплетирани, класика ПЕС.
Ај си викам фаци и трансфери не се проблем, ехеее 1000 пачови има за ПЕС, ќе се среди. Влагам внатре, неможев да наместам скип на интрото пошто не е веќе на ескејп туку е на V или така нешо по дифолт :facepalm: .
Абе кога почна да сецка интрото како лудо. Си викам што е работава со ова, баг на интро е сигурно :confused: Океј помина некако и се фокусирам на мечот.
Тргнувам од центар на терен кога играта наеднаш почнува да сецка на солидна конфигурација достојна да ја издржи на high без никаков проблем.
Абе сецкање ама како со лаг што се вика играње, не она типично сецкање да глеам фрејмови само. Се разочарав намалив на медиум. Пуштив, оп истиот проблем, само малце потсредено. МИ падна сомнително. Се понижив стаив и на low. Кога видов дека пак го има истиот проблем стиснав алт-ф4.
Си викам не сум спиен да одморам, фифа 14 на high ја мавам, а камо ли пак ПЕС што секогаш е 3 пати подобро оптимизирана од ФИфа.
По одредено време си викам ај уште еднаш да видам ваљда ќе се среди ова и ќе пробам да поиграм.
Како така, ја уклучив и си играв да увидам што е проблемот.
Па треба да си ретардиран да не увидиш дека проблемот не е до твојот компјутер, туку проблемот е до сакатата оптимизација од Конами.
Кај тоа, па и полош гејмплеј во живот немам видено.
Ај ја успориле играта ок, пореално е да биде поспоро, претходно па беше механичко срање, се вртиш како сакаш, и со грб да си свртен и во тешка ситуација да си, ќе ја примиш топката некако и ќе издриблаш, ама реакциите на играчите, упатените топки, приемот на топки, дриблинзите итн. се апсолутна катастрофа во новава.
Роналдо се движи како жена. Да успориш игра, не значи да ги напраиш сите играчи балетани. Ова е очигледна копија на Фифа, ама толку бледа, како што не била ниедна копија до сега.
Одвратно. Изиграв 3 утакмици и морав да одам до тоалет.
8-бит Soccer за Нинтендо што беше, беше 3 пати пореален и поинтересен од ова срање. Вакво разочарување сум немал којзнае од кога.
Среќа ЕА што се оправија од Фифа 12ката па навака, па имам со што да ја заменам ПЕС:
Вакво лошо нешто не сум пробал никогаш. И фифа во своите најлоши периоди не беше лоша колку ова срање.
Овде нема 1 причина на која можеш да се потпреш и да кажеш дека играта ја бива барем за нешто. Гејмплеј катастрофа, физика катастрофа, фаците катастрофа, графика катастрофа, оптимизација катастрофа, трансфери катастрофа, и да, коментатори катастрофа како и секоја година.
Не успеав да приметам дали го има Ноу Камп и дали има дожд пошто брзо ја пробав и брзо ја анинсталирав, ама гарант нема ни тоа. После ова, тешко дека Конами ќе се повратат со добар фудбал.
Како и лани, така и оваа година, останувам на ФИФА.

R.I.P. Pro Evolution SOccer 2001-2014
You have successfuly uninstalled PES 14 from your computer.
 
Mислам дека за PES 14 се работи за игра во транзиција.
6-ката на пример беше прејака за тоа време па искочи најсрање што може да постои и се викаше PES 2008,но со развитокот на осумката дојде 2013 што ретко кој се пожали од неа,веројатно исто се случува и сега,друго објаснување нема.
 
Па прва е ваква, што фала богу ќе има доста недостатоци.
 
Имав еден емулатор за сони кец во компјутеров, си ја пуштив ISS 2, и сериозно поигрива ми е од оваа.
 
Тргнувам од центар на терен кога играта наеднаш почнува да сецка на солидна конфигурација достојна да ја издржи на high без никаков проблем.
Абе сецкање ама како со лаг што се вика играње, не она типично сецкање да глеам фрејмови само. Се разочарав намалив на медиум. Пуштив, оп истиот проблем, само малце потсредено. МИ падна сомнително. Се понижив стаив и на low. Кога видов дека пак го има истиот проблем стиснав алт-ф4.
Си викам не сум спиен да одморам, фифа 14 на high ја мавам, а камо ли пак ПЕС што секогаш е 3 пати подобро оптимизирана од ФИфа.
По одредено време си викам ај уште еднаш да видам ваљда ќе се среди ова и ќе пробам да поиграм.
Како така, ја уклучив и си играв да увидам што е проблемот.
Па треба да си ретардиран да не увидиш дека проблемот не е до твојот компјутер, туку проблемот е до сакатата оптимизација од Конами.

И мене вака ми правеше... си помислив, да не е слаб мојот компјутер, ама не е можно тоа. ПЕС 2013 ја играв на највисока резолуција и ич не сецкаше, а оваа на прави и што сакаш пак сецка. Не ја досредиле ниту играта, а ја пуштаат во продажба. Максимално сум разочаран од КОНАМИ, максимално...
 
Имав еден емулатор за сони кец во компјутеров, си ја пуштив ISS 2, и сериозно поигрива ми е од оваа.
Како емулатор ?? Можеше да ги играш игрите за сони кец што беа? Дај ако го знаеш да ја играм Краш :D Најјаката игра од детството .
 
Како емулатор ?? Можеше да ги играш игрите за сони кец што беа? Дај ако го знаеш да ја играм Краш :D Најјаката игра од детството .


Многу време ја играв креш на компјутер, и тоа против пријател:drk: барај по торенти Краш емулатор ќе најдеш. Извинете за офтопик
 
:sick::sick::sick::sick::sick::гомце::гомце::гомце: иако ме врати во детството и ме потсети како беше да се игра Нинтендо...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom