Persons Unknown

  • Креатор на темата Креатор на темата Bibo
  • Време на започнување Време на започнување
Можам да кажам дека од 6-7 епизода натаму ми се смени мислењето за серијата. Многу поинтересни беа епизодите, а првата епизода од двете финални беше најдобра. Според развитокот во последните неколку епизоди се надевам дека ќе има и втора сезона.
 
Хоули Креп!!! Ај лов дис шоу!!!

Се холивудизирав а? :pos:

Група рандом луѓе се киднапирани и се будат во едно необично напуштено гратче од 50-тите. Обидувајќи се да побегнат од гратчето, сваќаат дека се дел од психолошки експеримент, иако е мистерија (се разбира) која е целта на истиот и што се очекува од нив.

Серијата почнува бавно, на моменти по првите епизоди ме фати досада. Гратчето не е егзотичниот остров од ЛОСТ (подоцна и за тоа) па на моменти се прашував што може возбудливо да се случи на место во кое времето стои и зошто гледам серија во која 10-тина ликови се заглавени на простор од едвај 1km. Но после првите неколку епизоди серијата доби неверојатна динамика, а слободно можам да кажам дека епизодата бр12 е најдобрата проклета епизода од овој жанр што сум ја гледал, евер!

Нема да гњавам понатаму со содржината затоа што ќе излета некој спојлер. Апсолутно ја препорачувам на сите, посебно оние кои после ЛОСТ немаат друга работа :) Со оглед на тоа дека серијата се мачи со рејтингот, веројатно нема да тера далеку. Ако ја откажат, сметам дека ќе биде најдобра серија која некогаш ја откажале. Сеуште срце ме боли по хумористичната The Class....

Малку за споредбите со ЛОСТ, не во поглед на квалитетот, туку едноставно затоа што потсетува во многу елементи на ЛОСТ, доаѓа веднаш по неа и се работи за серија од сличен тип.

Прво, ова не е копија на ЛОСТ, но е своевиден афтер ефект на изгубените. Има доста сличности, преземени работи итн... И во двете серии се работи за група изгубени на чудно мистериозно место. Се разбира, ЛОСТ се одвиваше на егзотичен остров што помага веднаш да ве заинтересира серијата. Позадината е многу важна. Мистериите (оние малите) во Persons Unknown се разрешуваат многу побрзо. Одговорите на прашањата се поконкретни и не мора да ја чекате следната епизода или следната сезона за да видите што сакал авторот да каже. Ќе беше прекрасно ако употребеа flashbacks за да гледаме делови од животите на ликовите пред киднапирањето, но таа карта ја извози ЛОСТ и тоа ќе беше рамно на плагијаторство. Во пракса, ЛОСТ беше замислена како експеримент и за се требаше да има научно објаснување, но брзо свртија на двобој со религијата и религијата победи во концептот. PU е нешто како Darma Initiative делот во ЛОСТ.

ОК, оваа тема не е за ЛОСТ, споредбите ги разбирам и на место се, но сепак не започнувајте препукувања за ЛОСТ, дали била добра или лоша, си има тема за тоа. Јас ќе кажам дека ЛОСТ е подобра серија од од Persons Unknown, но Persons Unknown e многу многу подобра серија од Flashforward на пример.

Прочитав една рецензија во која серијава ја споредуваат како mix од филмовите Identity и Triangle. Не се далеку од вистината.

Ќе заборавев, во овие рандом мисли по импресиите од штотуку догледаната 13-та (засега последна) епизода, да ја спомнам и актерската екипа. Сосема солидна, група од добри актери и по некој фалш. Многу се израдував на присуството на Alan Ruck, кој го обожавав од Spin City, а во главната актерка Daisy Betts ќе се вљубите на прв поглед.

Се на се, ви предлагам да ја изгледате серијава, без претерано високи очекувања. Ако сакате мистерии, сигурно ќе ви се допадне. Се надевам дека дечките од NBC ќе ја извадат главата од задникот и ќе и дадат на серијава шанса во некој подобар термин и малку реклама, која според пишувањата и фали. Повеќето луѓе разбрале дека серијава постои од форуми и пријатели. И дека нема да ја откажат се разбира.

Ќе и дадам и солидни 9/10 за почеток и ќе ви фрлам еден трејлер:


И ќе ве замолам со убаво да не пишувате спојлери.




 
Апсолутно ја препорачувам на сите, посебно оние кои после ЛОСТ немаат друга работа :)

Прочитав една рецензија во која серијава ја споредуваат како mix од филмовите Identity и Triangle. Не се далеку од вистината.

Ја ставам на спуштање само ради овие две реченици. Со самиот факт што се споредува со Лост е достојна за гледање.
 
Леле серијава е закон. Ептен ги надмина моите очекувања. Гледам по форуми има многумина што мрчат дека не чини, али мрчачи секогаш има. За 24 часа изгледав 13 епизоди. Ми се допадна и крајот и се и навивам да има втора сезона, што не е веројатно. Иначе, последните 2-3 епизоди беа бомба, исто како и првите 5-6. Средните некако беа просечни.

Не знам зошто ја споредувате со Лост, мене повеќе на Harper's Island ме потсети, а и на Пила на моменти. Најмногу ме потсети на Killer room.

Друго, форчн кукис - зошто се фокусираа само на оние на Тори и на Џенет? Џенет ме нервираше цело време, исто и Ерика. Ухх треба да има уште една сезона, многу прашања останаа неодговорени.

И ова може да го прочитаат само тие што стриктно ја изгледале последната минута од последната епизода -
левел 2 се одвива на брод - а тоа значи дека основната преокупација што им беше во левел 1 - да побегнат, повеќе не е опција. И баш ме интересира што би се случило понатаму, овие беа толку разочарани кога излегоа од лифтот, ни пцуење, ни плачење. Само разочарување. И како ја регрутирале Тори? Од кај го знаеше тој името на жена му на тој другиот :)
Вториот рецепционер ми остави поголем впечаток од првиот. Уауу воодушевена сум, штета што никој од околинава не ја гледа па немам со кого да дискутирам.
 
Леле серијава е закон. Ептен ги надмина моите очекувања.

Ептен ми е мило пошто на 3-4ца им ја препорачав и чекав да видам дали ќе ме пцујат по потрошен мегабајт или сме ОК :) Инаку и јас ја препорачувам за да имам со кој да дискутирам. Сезоната почна во јуни а заврши пред неколку дена така да има време, ќе се собере кворум за дискусија. Има уште прашања за евентуалната сезона 2 ама не се натрупуваат премногу, динамична е, како што се отвораат нови старите се одговараат. Крајот е mindfuck, алал да им е, многу јако!
 
По многуте добри коментари почнувам и јас да ја симнувам .. Се надевам дека ке ги оправда очекувањата..
 
Јас на сите оние кои секаат да го знаат расплетот на мистеријата во сериите не би ја препорачал оваа серија бидејќи на крај речиси ништо не објаснето.

За втора сезона не треба никој да се надева рејтингот на серијата беше премногу мал.
 
Јас на сите оние кои секаат да го знаат расплетот на мистеријата во сериите не би ја препорачал оваа серија бидејќи на крај речиси ништо не објаснето.

За втора сезона не треба никој да се надева рејтингот на серијата беше премногу мал.

Крај ми се лоши кога ќе спомнете одма очиве ми се шират како пет банки бугарски и го барам спојлерот каде е... Ама нема врска, не е се разјаснето на крајот затоа што едноставно не е крај на серијата туку крај на сезоната. Луѓето си се надеваат на втора сезона. А и да нема, во главно коментарите беа вакви: добро, имате слаб рејтинг, мала е веројатноста за втора сезона, зошто не ни одговоривте се??? Да сум јас продуцент, би им одговорил: а да одите вие малку да...

Иначе финалето е бомба. Јас лично не ни размислував зошто и како, едноставно уживав и не се замарам. Ако има втора сезона, ќе возиме понатаму.
 
Стигнав да ги изгледам последните две епизоди, добар мајндфак мора да признаам. Али пак ми стои како просечна серија. Се издвојува во некои моменти али не доволно. Ако има втора сезона ќе гледам, ако нема, нема многу и да ми е гајле. И карактерите ми се многу пасивни, никој не се издвојува, на пола имињата уште не им ги знам. Само Стујарт(спин сити) ми е така по симпатичен, само ради спин сити.

Али океј за лето, немаше многу што да се гледа и така.
 
Сите некако го бараме „заменикот“ на LOST и секоја новопечена серија сакаме да ја споредиме со изгубениве. Кога почна FF, на сите им беше преокупација споредбата со LOST, отколку она што се случува. Фак ит, не ги е*ете серииве уште од старт.

Многу ми се допадна првава сезона, иако на средината негде фаќа малку досада, но не може сите 13 епизоди да бидат уау. Му благодарам на IosonoSPOJLERISTA (:pos:) што ми ја препорача серијава. Уште кога ќе ги видите ликовите на почетокот не очекувате нешто многу, а потоа со околината и очекувањата се уште пониски. Но добра е сторијата, за речиси се да имаше објаснение, а на крајот оставено е местото за продолжение. Ми спомна iosono дека нема најави за втора сезона поради слабиот рејтинг, а ако остане само вака би било вистинска штета.

Последните две епизоди се она вистинското... Браво за серијава!
 
Мала бау бау грешка на Persons Unknown. Камерманот настапува на сцена:

90530114.jpg


Бау бау ловецот: IksonamzuK. :D

--- надополнето ---

И да, ја сум од тие шо мислат дека било планирано и 2 сезона. Од каде Блекхам го знаеше името на од Чарли жената... Имаше такви некои работи кои беа преочигледни за да се занемарат... Ако било планирано однапред само 13 епизоди, немаше вакви ситни мистерии ни да се спомнат, камоли да останат нерешени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom