PayPal (официјална тема)

Член од
23 јануари 2012
Мислења
108
Поени од реакции
61
Прекрасно, детално и ганц ново објаснување зошто граѓаните на Србија сеуште не можат да повлекуваат средства од Пејпал иако сервисот е достапен за нив, а до кога така - не се знае. Проценките се 100,000 вработувања за брзо време, но очигледно е дека нечии бизнис интереси се побитни, интереси кои ги штити самата Влада од многу очигледни приватно-профитерски причини.
Со оглед дека во однос на условите кои постојат околу Пејпал сме гз и гаќи со Србија (малку сме поназад де...), вреди да се прочита, исто како да е за нас. Според мене, најздраво-критизерска статија до сега.

http://www.nadlanu.com/pocetna/info/ekonomija/Problem-zvani-quotPayPalquot-Moze-li-iko-stati-na-put-Narodnoj-banci-Srbije.a-207133.292.html

...и мало дополнување/резиме тука:
http://www.advertiser-serbia.com/SearchVesti.aspx?psid=4443

Штета што сме кукавици како народ, ќути-трај ни е главното мото, за ова и во Канада би направиле riot... Сочувство до мене и до сите засегнати.
 
Член од
16 мај 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,направив акаунт и на пејпал и на ебау,но ја згрешив адресата на Ебаи и купив веќе 1 работа,но потоа ја сменив адресата на Ебау и порачав уште три работи,но сеуште во Shipping Address на пајпал ми стои грешната адреса,ќе може ли некој да ми помогне околу тоа или да ми даде некоја инфромација како да контактирам со Ебау преку маил? Затоа сто грешно ми е државата Имам улица број 1000 Скопје,Србија,Македонија... Ве молам за итен одговор. Благодарам.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 17:37 ---
Едноставно,дали може да ми помогне некој имам грешка направено со Shipping address,ставено ми е Улица,Број,Скопје,СРБИЈА,Македонија... И сега мислам дека нема да ми стигнат пратките. Има ли некој вакво искуство?
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 17:38 ---
Едноставно,дали може да ми помогне некој имам грешка направено со Shipping address,ставено ми е Улица,Број,Скопје,СРБИЈА,Македонија... И сега мислам дека нема да ми стигнат пратките. Има ли некој вакво искуство?
 
Член од
2 јануари 2013
Мислења
153
Поени од реакции
30
Кажи му на продавачот која ти е точната адреса.

Цело е кога има се :P
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
bidejki vo vladata rabotat seljaci paypal nikogas nema da dojde vo makedonija, samo proverete od kade se lugeto vo ministerstvo za finansii i ke vi stane jasno
 
Член од
5 март 2012
Мислења
52
Поени од реакции
16
Иста песна секоја година :)
--- надополнето: 7 ноември 2013 во 08:52 ---
Иста песна секоја година :)
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Ќе не може да се повлекуваат пари дури и да пуштат PayPal во 2014?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184

Додека нашава држава да се реши да го пушти ПејПал да влезе на Македонскиот пазар јас веќе со Американска картичка и банкарска сметка си направив ПејПал па сега нека ми го јаде ку*от владата!
--- надополнето: 8 ноември 2013 во 16:01 ---
Ќе не може да се повлекуваат пари дури и да пуштат PayPal во 2014?

А ти што мислиш, дека ќе може право одма да правиме што сакаме? Ете го погоре и со Србија истиот проблем, може само да плаќаат но не и да повлекуваат пари. Народна Банка не им дозволувала трансакции со други валути освен во Динари а при секоја трансакција им бара и потпишан писмен документ со печат?! Истите проблеми се и кај нас, можам да замислам колку работа ќе има УЈП и Финансиската полиција ако се пушти ПејПал во Македонија. Секој втор ќе го сомничат за финансиски криминал и ќе ти тропаат на врата при секоја транскација. Фала, ама не фала, не сакам ПејПал во Македонија со вакви закони, влада и политичари.
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
108
Поени од реакции
61
јас веќе со Американска картичка и банкарска сметка си направив ПејПал па сега нека ми го јаде ку*от владата!
Се фино, но доколку го користиш акаунтот како физичко лице и си одбрал (а очигледно дека си одбрал) USA при регистрација и доколку ти не си резидент на САД како што си навел при регистрацијата - акаунтот не ти е легален, без разлика што си успеал (сите успеваат though...) да го верификуваш ПП акаунтот со US сметка.
На пример, сите што поседуваат Payoneer картичка можат да аплицираат и за бесплатно користење на US Payment Service при што на корисникот му се доделува џоа редирект US онлајн банкарска сметка т.е. при повлекување на парите од Пејпал тие ќе ти стигнат на Payoneer картичката на посреден начин. Колку што сум читал, на некои ова им функционира беспрекорно а на некои не, веројатно секој со својата држава и нејзините недостатоци.

Доколку е ова случај со тебе, пак си на ризик со оглед дека акаунтот ти е нелегален, а додатен проблем е твоето поседување на Банкарска Сметка од банка во странство, нешто што е казниво по закон (постојат исклучоци на кои им се дозволува) - ова под претпоставка дека кога си аплицирал за отворање на банкарската сметка си навел дека си од Македонија т.е. Македонец.

Доколку ова не е случај со тебе, биди љубезен па сподели информации со нас останатите :)
 
Да, начинот на регистрација е тој. Преку US Payment Service и Payoneer но картичката и US Payment Service се на мое вистинско име со вистинската адреса на која живеам во Македонија. На PayPal како држава имам внесено Словенија но адресата е повторно мојата вистинска. Имав проблем при верифицирањето на Bank Account-от на PayPal па ги контактирав Payoneer и ми рекоа дека треба дирекно да ги контактирам PayPal.

Го направив тоа и типот во рок од 24 часа ми одговори дека ќе ми стави "flag" на акаунтот за да можам да го внесам US Payment Service акаунтот, но дека ќе важи само за 4 часа и доколку се логирам од вистинската адреса од Словенија. Се логирав од дома и успеав да го внесам акаунтот без проблем, немаше врска тоа за логирање од Словенија, иако типот знаеше дека се логирам од Македонија бидејќи во мејлот ме праша дали сум во Македонија на патување или живеам таму стално. Му реков искрено дека живеам во Македонија веќе една година и дека тука работам.

Ме разбра и беше љубезен и не ми направи никакви проблеми, само ме советуваше да внимавам и да не правам сомнителни трансакции кои можат да доведат до проблеми со акаунтот или негово затворање, најверојатно бидејќи кажав дека живеам во Македонија. Исто ми рече и дека иако не сум државјанин на САД, ако имам US Bank Account или американска картичка можам да ги верифицирам на PayPal без проблем, без разлика што сум Словенец а живеам во Македонија или Македонец што живее во друга држава.

Знам дека акаунтот не ми е легален бидејќи не сум Словенец туку Македонец, од Payoneer тоа многу добро го знаат, но кога и да ги контактирам за некој проблем со PayPal секогаш ми одговараат и не ми правеле проблем дека PayPal во Македонија не работи.

Секогаш има некои дупки во правилата и законите кои можат да се искористат на добар начин, проблемот е што на некој му успева а на некој не.

Државата наша не верувам дека ќе ми прави проблеми бидејќи неколку години назад работам со PayPal и тоа на претходниот акаунт имав верифицирано Visa Internet картичка од Стопанска Банка и повлекував и пари на неа и ги подигав дирекно од шалтер во банката. Недај боже и да ми прават нешто проблем ќе викам дека немам поврзаност со тоа, дека некој друг го работи тоа во мое име. Плус, ако добијам Green Card догодина ќе ми го бричат после, неможат ништо да ми направат. Така да, алелуја! :)
 
Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Дали уште може преку тутунска на тој стариот начин шо беше ? Искрено ме интересира ради тоа шо нејќам да чекам до 2015 да знам дали онаа вест од погоре е вистинита....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom