затоа што некој има интерес да објавува вакви вести, прибирајки поени за власта... бидејки тоа е вечер, ке дава и вакви информации, се со цел да се зголеми рејтингот на оваа власт... на некого тоа му е пресуден момент кога би бирал помегу актурлните и помегу заднинците. и веста за тоа дека пејпал ке проработи и во МК датира уште од 2007 година и никако да се деси истото... со душа го чекам. ми здомачи више од ризикот кој го носиме со купувањето... еве, едни ксенонски сијалици ги чекам веке скоро 4 месеци... се друго си стигна како што треба, а ксенонките еднапш веке “се изгубија“ па по втор пат ги препратија (така тврдат) и пак ги нема... как сега да остварам право на поврат на средства? пријавив јас веке во пејпал, кои директно се со договор на секој и-беј контрактор... ми одговорија дека е во процедура и толку... на брат ми еден часовник исто така “му се изгуби трагот“ после поплака траеше негде околу 4,5 месеци додека не му ги вратија парите... а знам и тоа дека пратките “се губат“ кога ке влезат кај нас во царина... ги изгубуваат тие од македонската царина....
Не ми беше целта да му ставам политичка етикета на ова, иако сепак, барем додека беа овие другиве на власт од 2002 до 2006, ем не правеа ништо околу воведувањето на услугите на PayPal во Македонија, ем не ни најавуваа ништо, а од друга страна, овие денешниве од 2006 па наваму, ем се фалат, ем ништо не прават, и да, тоа ме разгневува.
Ако не правиш ништо, барем ќути си, наместо додека си на власт да лажеш, народов многу полесно може да се помири со тие кои ништо не прават и ништо не ветуваат додека се на власт, отколку што може да се помири со тие кои што ништо не прават, а сепак ветуваат додека се на власт.
Но сепак, поентата ми беше, од каде балканскиве медиуми доаѓаат до ваквите информации, за 2008 и за 2009 знаеме дека Иво Ивановски, актуелниот министер за информатичко општество ги ширеше ваквите приказни, но и сега кон крај на 2010, се појави нова приказна според која, услугите на PayPal ќе станат достапни за Македонија, Србија и Црна Гора, од 2011, но сепак ниту еден од балканскиве медиуми не наведува од каде дошол до оваа информација, ниту пак наведува дали било која од страните наведени во веста ја потврдила или негирала веста, или пак останала без коментар за истата.
А истовремено, истата оваа вест воопшто не е наведена на веб сајтот на ниту еден европски или американски медиум.
Слободно можеме да побараме на Google News, на Bing, на Yahoo, и никаде нема да ја најдеме оваа вест на веб сајтот на некој европски или американски медиум, ќе ја најдеме само на веб сајтовите на некои балкански медиуми, чии што информации и не се баш секогаш веродостојни.
А што се однесува до царината, за тоа не знам што да ти кажам.
Јас да сум на твое место или би си ги барал парите назад, или нема да ги оставам овие од царина да дишат се додека не го најдат "изгубеното". Еден другар мој кога ќе купи нешто електронско за компјутер, телевизор или слично, ако не го задоволи, ако нешто не функционира како што треба, веднаш ќе им се сипе и не ги остава да дишат се додека не му го заменат вратениот производ со нов или се додека не му ги вратат парите назад.
Е сега ова со царинава е сосема друга приказна, но знам дека кога овој другаров мој би се нашол на твое место, нема да ги остави овид од царина да дишат се додека не го најдат "изгубеното", а сигурен сум дека и јас би постапил исто така кога би се нашол во таква ситуација. Велам "сигурен сум" бидејќи никогаш досега не сум се нашол во таква ситуација за да ти кажам дека дефинитивно ќе направам така.