Paypal во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
До тие што им е регистриран paypal account-от на друга држава (Словенија, Бугарија...).
Има ли некој искуство со примање на поголема четирицифрена сума? И секако дали има проблем со подигање на парите?
До сега најмногу што сум повлекол се околу 50-ина долари.
2500 евра ти е максималниот лимит што можеш да го примиш и подигнеш во една фискална година...
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
2500 евра ти е максималниот лимит што можеш да го примиш и подигнеш во една фискална година...
Случајно да не знаеш дали треба да се плати данок на примени пари преку paypal ? т.е јас користам Alertpay ама за оданочување би требало исто да биде :toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Абе работава е што сакам да продадам еден поскап производ на ebay, па не знам дали да ризикувам со paypal (да не им текнат да ми побараат документи за потврда поради поголемата сума :S), или да одам со moneybookers.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе работава е што сакам да продадам еден поскап производ на ebay, па не знам дали да ризикувам со paypal (да не им текнат да ми побараат документи за потврда поради поголемата сума :S), или да одам со moneybookers.
Aко си пишан како словенец преку NLB на пејпал не играј... најчесто ги замрзнуваат парите на 6 месеци, а сигурно не ти е целта некој да ти држи 3000 или повеќе евра 6 месеци кај него.

Оди со манибукерс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.695
http://www.vecer.com.mk/default-mk.asp?ItemID=68BCCEF34F9D5F4BBD6E0B246F2B9682

Најново за Македонија е тоа што до крајот на 2010 година ќе може не само да се купуваат, но и online да се продаваат производи и услуги. Македонија наскоро ќе влезе во стратегијата на PayPal и македонските граѓани и стопанственици ќе можат слободно да го користат.
-Во државава постои Касис кој одлично функционира, но со влегувањето на PayPal македонските стопанственици ќе можат и да купуваат и да остваруваат профит, што не е случај во сите држави што го користат PayPal - рече Ивановски.
http://www.vecer.com.mk/default-mk.asp?ItemID=68BCCEF34F9D5F4BBD6E0B246F2B9682

Инаку, ако добро ја погледнете статијата на веб сајтот на Вечер, ќе разберете дека истата води потекло од 22 декември 2009, односно статијата е стара повеќе од 1 година.
Иако ништо не подобрува сепак, мислам дека истата мора да се земе во предвид, исто како и многу други ветувања дадени претходно, а биле поврзани со PayPal.

Всушност, поентата на сето ова, односно тоа што сакам да го потенцирам, е фактот дека кога некој вели дека услугите на PayPal ќе станат достапни и во Македонија, мора да се обрне внимание и да се земе во предвид фактот кој го вели тоа, од каде дошол до таквите информации, како и дали страните спомнати во конкретната вест, ја потврдиле или негирале веста, или останале без коментар на истата.

Балканските медиуми и Интернет портали известуваат дека услугите на PayPal ќе станат достапни и во Македонија, Србија и Црна Гора во текот на 2011.

Зошто само балканските медиуми и Интернет портали известуваат за ова, зошто не и европските или американските ?

Па, на крајот на краиштата, PayPal е американска фирма која постои повеќе од 10 години, не е од вчера, па само одредени медиуми и Интернет портали да известуваат за нејзе.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
затоа што некој има интерес да објавува вакви вести, прибирајки поени за власта... бидејки тоа е вечер, ке дава и вакви информации, се со цел да се зголеми рејтингот на оваа власт... на некого тоа му е пресуден момент кога би бирал помегу актурлните и помегу заднинците. и веста за тоа дека пејпал ке проработи и во МК датира уште од 2007 година и никако да се деси истото... со душа го чекам. ми здомачи више од ризикот кој го носиме со купувањето... еве, едни ксенонски сијалици ги чекам веке скоро 4 месеци... се друго си стигна како што треба, а ксенонките еднапш веке “се изгубија“ па по втор пат ги препратија (така тврдат) и пак ги нема... как сега да остварам право на поврат на средства? пријавив јас веке во пејпал, кои директно се со договор на секој и-беј контрактор... ми одговорија дека е во процедура и толку... на брат ми еден часовник исто така “му се изгуби трагот“ после поплака траеше негде околу 4,5 месеци додека не му ги вратија парите... а знам и тоа дека пратките “се губат“ кога ке влезат кај нас во царина... ги изгубуваат тие од македонската царина....
 
Не ми беше целта да му ставам политичка етикета на ова, иако сепак, барем додека беа овие другиве на власт од 2002 до 2006, ем не правеа ништо околу воведувањето на услугите на PayPal во Македонија, ем не ни најавуваа ништо, а од друга страна, овие денешниве од 2006 па наваму, ем се фалат, ем ништо не прават, и да, тоа ме разгневува.

Ако не правиш ништо, барем ќути си, наместо додека си на власт да лажеш, народов многу полесно може да се помири со тие кои ништо не прават и ништо не ветуваат додека се на власт, отколку што може да се помири со тие кои што ништо не прават, а сепак ветуваат додека се на власт.

Но сепак, поентата ми беше, од каде балканскиве медиуми доаѓаат до ваквите информации, за 2008 и за 2009 знаеме дека Иво Ивановски, актуелниот министер за информатичко општество ги ширеше ваквите приказни, но и сега кон крај на 2010, се појави нова приказна според која, услугите на PayPal ќе станат достапни за Македонија, Србија и Црна Гора, од 2011, но сепак ниту еден од балканскиве медиуми не наведува од каде дошол до оваа информација, ниту пак наведува дали било која од страните наведени во веста ја потврдила или негирала веста, или пак останала без коментар за истата.

А истовремено, истата оваа вест воопшто не е наведена на веб сајтот на ниту еден европски или американски медиум.
Слободно можеме да побараме на Google News, на Bing, на Yahoo, и никаде нема да ја најдеме оваа вест на веб сајтот на некој европски или американски медиум, ќе ја најдеме само на веб сајтовите на некои балкански медиуми, чии што информации и не се баш секогаш веродостојни.

А што се однесува до царината, за тоа не знам што да ти кажам.
Јас да сум на твое место или би си ги барал парите назад, или нема да ги оставам овие од царина да дишат се додека не го најдат "изгубеното". Еден другар мој кога ќе купи нешто електронско за компјутер, телевизор или слично, ако не го задоволи, ако нешто не функционира како што треба, веднаш ќе им се сипе и не ги остава да дишат се додека не му го заменат вратениот производ со нов или се додека не му ги вратат парите назад.
Е сега ова со царинава е сосема друга приказна, но знам дека кога овој другаров мој би се нашол на твое место, нема да ги остави овид од царина да дишат се додека не го најдат "изгубеното", а сигурен сум дека и јас би постапил исто така кога би се нашол во таква ситуација. Велам "сигурен сум" бидејќи никогаш досега не сум се нашол во таква ситуација за да ти кажам дека дефинитивно ќе направам така.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
јас ке кренам раце... нека ми ги вратат парите преку пејпал, па нек си наогаат они... немам намера да се расправам со лопови и ситни души... ама поентата ми беше да функционираше пејпал овластено преку МК немаше да има толкаво чекање... ке ти ги вратат парите за 7 дена максимум и тоа од банката која гарантира за пејпал, во случајов нлб тутунска... а во оваа ситуација како што сме, на пејпал и на и-беј стоиме како земја со висок ризик на криминал и корупција, каде има доста високо ниво на измами со платежни картици... да не ти се верува само колку од нив што продаваат преку ибеј, им стои одоздола дека во нашата земја (МК) не продаваат и не испорачуваат токму заради овој ЖИГ што го имаме на и-беј и пејпал... а кој е крив? мислам дека токму и заради оваа причина и немаме пејпал кај нас...
 
M

mar30

Гостин
decki treba da uplatam 1000 dolari preku paypal.
dali ima nekoi dodatni verifikacii koi ke gi proveruva paypal
bidejki se raboti za transakcija pogolema suma na pari 1000 dolari?
se mislam da ne mi go zamrznat paypal accountot poradi toa sto mora da stavam drzava Slovenija pri registriranje na accoutot a mesto na ziveenje Makedonska adresa.....
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
za 5 % service fee jas ke ti pustam pari kade sto sakas..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom