Полека, полека, гледам си разменивте доста епитети, и имате доста предрасуди кои произлегуваат од преголемо генерализирање на работите.
Мистичен нема врска, добар дел идат во парк да се прошетаат да се разладат, да се видат со познаници, да сврзат лаф муабет, еве имам видено некои и на поосветлените тревници и по некое фризби да фрлат, али ен викам дека има и некои што идат да се пијанчат, некои пак се собираат малку да се напијат по една две пијачки пред да идат во некоја од дискотеките, кога има некој DJ, не викам не точно е дека има и луѓе што идат таму и да дуваат или да се начукаат, ама за нив кажувам јас дека треба да има некој со полициска значка кој ќе има ингеренција да ги препраќа во станица. Како и да е во Паркот има шаренило од луѓе кои може да видиш така да неблагодарно е да ги генерализираш, бидејќи има луѓе кои веќерта и немаат пари да седнат на кеј на кафе или пак да отидат во дискотека, или пак едноставно им се шета надвор а не им се седнува на кафе и сл. а сакаат да излезат од маало.
Значи Тончи не значи дека и тиа што идат на кафе на кеј дека не идат во парк, мене еден куп пати ми се има случено со другарите од клас да седнемем на кафе и сл. на кеј, да си тераме муабети, па после во парк два три круга, па да видиме што се случува во дискотеките и дали има нешто интересно за да се влезе, ако не се потрошуваат уште пола саат - саат муабети на некоја клупа во парк и по дома.
Единствено што му должиме на паркот е да го одржуваме чист, е тука некако ми чкрипи работава, бидејќи изгледа ко добар дел од луѓето ко да се родени на буниште.