Парк?

  • Креатор на темата Креатор на темата mary_jane
  • Време на започнување Време на започнување
претерав, сега ми е клише, ама пак го одам зошто си е наш и убав, а башка со луѓево само таму можам асално да се видам, пивце, грицки, опуштено.
 
Ретко идам накај Парк и кафичите натаму иако ми се на петнаесетина/дваес минути, али кога идам натаму не можам а да не си седнам у Парк. Не преферирам дискотеки и кафичи, преферирам слобода :)
 
Зборам за последниве неколку години.
Значи одам во Хавана и се гужвам како згужван бакшиш, ненамерно истурајќи ми Мерлот некоја си фуфица што се наместила со напрчената уста да се слика за кадевечер -.-

Од друга страна одам со друштво во парк и седнуваме на трева 3ца машки, спроти нас има 5-6 девојки осамени. После знаете што се случува, некој со некого ќе се смува некој чак и више.

Која ситуација би ја одбрале?

Сепак можете и да ги превртите ситуацииве.

Идам во Колосеум и ми се лепи фуфица да ми игра на Џони и од прва знам дека вечер ќе се омрсам

или

Седиме другари во парк а спроти нас седат 20 нафурани скинери кои цело време не гледааат под око, се разбира знаеме дека ќе имаме фрка со нив и дека ќе го јадеме бедот.


Се си има предности и слабости, според мене паркот би ми бил место за искачање... Кај поевтино си поминувам, кај до сега имам запознаено над 200 народ со кои некои денес ми се важен дел од животот, најмногу извртено женски ми е периодот додека интензивно излегував во парк, најдобрите спомени од средно ми се крај на втора летото кога секој ден одев во парк. Сепак прашање е вкус кој каде сака да излага. Кога ќе размислам подобро, се мислам дека голем процент од луѓево кои седат во парк после тоа одат по летниве клубови/дискотеки или така ми се чини? :)
 
Често идам накај парк,едно од омилените места у Скопјево ми е.Обожавам под ведро небо негде да седам,да се напијам нешо со друштвото,да се упознаат нови фаци и слично.Ем ефтино проаѓам,ем убаво.
Е сеа има и малце лоша страна,шо има пијани клошари шо пробуваат да се гагаат нешо алкохол или цигара,тука веќе може да дое до голем проблем ако почне да претеруваат,али у главном лесно се отарасуеме од нив.

У околните дискотеки\кафичи и да сакам уше не можам да влагам ( Хавана,Колосеум... ),али еднаш се протнав у Хавана со една постара другарка ЧД
Не беше лошо,али ептен се дигаа типките,демек постари биле ( некои и одвај 1 година дали беа ).
Би сакал до Маракана да отидам до крајов на летово,да видам шо како е,пуштаат тамо копиљаци ко шо знам. :)
 
Парк = лефтерно, опуштено и cool!

Перфектно место за збирање,припрема пред добра свирка (или во последниот случај катастрофална) :pos:
 
Седиме другари во парк а спроти нас седат 20 нафурани скинери кои цело време не гледааат под око, се разбира знаеме дека ќе имаме фрка со нив и дека ќе го јадеме бедот.

Што тресеш зелени бе, какви скинери какви бакрачи, па и + 20 ги најде, хаха! Јас гарантирам дека во последните 3-4 години имало само 2-3 фрки кои не биле туку така за џабе да биде истепан некој, зборам за тие нафураните скинери што ги викаш, е сеа ако за тебе секој втор багабонт што излегува во парк е скинер тоа е друга работа.
 
Eпицентарот на суб-култирите. Секој поголем град си има своја локација, каде што младите од се собираат и си ја фураат младоста. Ние си го имаме ПАРК!
И никој, никогаш нема да ми забрани да седам таму!!!
 
Што тресеш зелени бе, какви скинери какви бакрачи, па и + 20 ги најде, хаха! Јас гарантирам дека во последните 3-4 години имало само 2-3 фрки кои не биле туку така за џабе да биде истепан некој, зборам за тие нафураните скинери што ги викаш, е сеа ако за тебе секој втор багабонт што излегува во парк е скинер тоа е друга работа.
Прочитај го цел пост два-три пати и после сфати што има кажано. Не го сфаќај буквално тоа што ме цитираше, само пример дадов. А за луѓето што излегуваат во парк ги знам добро кои се и какви се и погрешно ме имаш сфатено. Долго време излагам во парк и можам да кажам дека секакви луѓе излегуваат а не багабонти и пропалици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom