Парк?

  • Креатор на темата Креатор на темата mary_jane
  • Време на започнување Време на започнување
PSYtisfaction напиша:
Ти дека си од сениорска генерација, излеа затоа. :pos:
Фаци у парк имало отсекогаш, искачањето у парк не е изум на помладиве генерации. И во мое време се "искачаше" и пред парк, и пред црква и пред "коцка" (легендарната коцка кај што е сега недовршената зграда на плоштад беше главна даркерска збирштина кога ти си имала 2 години). Али, никад не сум можел да го разберам тој животен стил, секогаш ми бил одбивен, како и фаците.
 
Никогаш не сум излагала во парк,не ни планирам!Може само да поминам низ него кога идам накај Колосеум!
Никогаш не ми се праел филмот да седнам на тревата и да пијам!
Ја поздравувам идејата на Бацилус,значи полиција која ќе шета низ паркот,е тогаш ме интересира дали ќе биде волку полн како што е сега!:raz:
 
Да не дојде до забуна, бидејќи јас живеам во Лептокарија, мене парк ми е на 20 минути пешки и обично во лето навечер кога нема што посебно да се прави, со маалските си правиме прошетка до парк, неколку крукчиња во парк и пак назад во маало.
 
...Не знам зашто ама секогаш преферирам,да седнам во некој кафич или така нешто...ама па некогаш,кога е топло многу навечер или пак преку ден,сакам да се прошетам онака..додуша,сега како што е темно,баш и не ми е за шетање..прст пред око не се гледа
 
Парк е најбоље место у Скопјево
 
ivaa напиша:
Парк е најбоље место у Скопјево
Да,убаво е да излезеш преку ден и да се прошеташ со кучето низ парк!
Али неможам да кажам дека парк ми е место за излагање!А далеку од тоа најбоље!:toe:
 
RealGirL напиша:
Али неможам да кажам дека парк ми е место за излагање!А далеку од тоа најбоље!:toe:
Леее чоече еј, како бе не ти е, замисли - бамбус до бесвест, Смедеревка од флаша, по некој џоинт у круг додека сите така среќно лежат во тревата и дискутираат тешки филозофии, кажи филм а? Абе незнаеш што пропушташ...

Паркери :)
 
Мистичен напиша:
Леее чоече еј, како бе не ти е, замисли - бамбус до бесвест, Смедеревка од флаша, по некој џоинт у круг додека сите така среќно лежат во тревата и дискутираат тешки филозофии, кажи филм а? Абе незнаеш што пропушташ...

Паркери :)

Бога ми да сите чамат ко мисири се бркаат панкери со металци овие со рапери па некои хаце буљо со скинери облечени ко педерчиња во хеланки и трегери ,им проаѓа секоја вечер во муабет кој има подобар бенд а никој нема грам музика.Па има некои што ломотат за крај на светот како требало да завладее анархија за да се спасиме ''ставјат себе си над нивото на сопствената си интелегенција'' а највеќе ме нервираат тие што седат на споменикот на Гоце Делчев и го шкртаат со маркери
Гоце не го оставија изродите на раат и после смртта:toe: и плус сабајле оставаат ѓубре позади нив
 
искачам у парк,не секој ден,ама доста често.ни пијам,ни користам дроги.тапа ми е у парк петок,сабота кога ке се препуни,поише идам преку недела.али и парк здосадува,и тоа доста.хеххе.еј,итар пејо знаеш што имаат напишано на гоце?кога го прочитав тоа се згазив од смеење,никад не сум се смеел толку=)имаат напишано stop women brutality.хаааааха.закон=)какви луѓе еј.
 
Кај нас во кочани не се седи во парк, ама по описот на вашите паркови такво место кај нас се школските дворови...
Леее чоече еј, како бе не ти е, замисли - бамбус до бесвест, Смедеревка од флаша, по некој џоинт у круг додека сите така среќно лежат во тревата и дискутираат тешки филозофии, кажи филм а? Абе незнаеш што пропушташ...
не мора да значи дека во парк одат само пијаници и наркомани....
 
Уствари за паркот има некоја невидлива граница која ги дели едни од други, значи „сепарињата:pos:-колку смешен збор) се за металци, комити, и све што носи црно и тука се прави некој муабет за трзалицата како не му трзала, или за вардар 69та како ги тепале башкими, се гледаат девојчиња кои што само петок сабота евентуално недела(у лето) се ха це и во црно облечени се влечат по земја и со тоа кажуваат „не пушти ја од трлото па сега праиме се додека можеме„. После тоа кај споменикот на мојот имењак Гоце седат познатите скејтери, блејдери од Xmkd. Фини дечки само и они бе премногу алкохол, и сега стана мода десно од Гоце под елката и околу да се собираат дечки со гитари и да свират ВАТЕВР деј сеј песни. После тоа иде тука пред езерце, е таму е веќе темно и е страшно да се седи башка слушнав жаби имало натаму. Е сега ко ќе се почне од кај мечето па брдото па све натаму седи кој стигне, тука се пуши џоинт се пие безкрајно. ОЛД СКУЛ ДЕЧКИ БЕ:) секс дрога и рокендролл. Е веќе ко ќе дојдеме у стариот дел се знае......3капки парфем енд инџои:pos2:
 
Точно е.. у парк има пијаници... у парк има наркомани, курви.. даркери, рапери, металци, панкери, турбо-фолкаши (постои терминов!? :) ), фејкери, дркаџии, филмаџии, “мафијаши“, кремчишта, копиљаци, џаболебари, workaholics, старци, трезни, џандари, медицински сестри, студенти, пропалици, тепачишта, плачковци, педерчиња, цепачи, повлечени, срамежливи, насмеани, расплакани, гласни, тивки, прекрасни (девојчиња ;) ), грди, убаво намирисани, усмрдени, неизбањати, пицнати, збунети, изгубени, со визија во глава, научници, луѓе што не знаат да собираат дропки...

Некои од нив седат на сепариња, некои околу фонтана, некои на клупи, некои на трева, некои само поминуваат накај Колосеум, Маракана или слично. .некои забегуваат и накај вторион дел... малце поинтимно местенце...

Некои пијат сокче, некои пиво-две.. некои 10-20.. некои бамбус, некој ракија... некој пуши цигари, некој пури, некој џоинтче.. некој... нешто друго ;) .. некој ништо...

Некои се тепаат, се караат.. некои се сакаат, не можеш да ги одлепиш еден од друг.. некои фаќаат сеир од страна... некои паѓаат у езеро..

Али, сите го сакаат паркон неизмерно... и доаѓаат пак и пак и пак и пак... и кажи ми дека после муабетов можеш да не го сакаш местото !? :smir:
 
of-topic.png
Башкими не ни бил основан 69
pos.gif
не па да игра со Вардар
Парк е интересно место за кога ќе ти здосади,па и на кеј месец дена да седиш ќе ми пукне филм од сите пи*ки што се шетаат и во секој момент очекуваш да се скршат,а да не зборам за ќелавите фраери на мотори :tapp:...паркерите искрено не го одржуваат тоа место нон-стоп го гнасат па после дроги едно друго,па корне на трава...нека пијат али умерено и без тревки алоо
 
Мистичен напиша:
Леее чоече еј, како бе не ти е, замисли - бамбус до бесвест, Смедеревка од флаша, по некој џоинт у круг додека сите така среќно лежат во тревата и дискутираат тешки филозофии, кажи филм а? Абе незнаеш што пропушташ...

Паркери :)
ljubov...приметив дека доста алудирате на тоа дека во парк сепак има џаначиња,не викам не-има,ама ништо повеќе од на секое друго место и можам слободно да кажам дека и помалце,кој видел некој да крка табла у парк???sookили па нешо друго,џоинти се вртат,иам приметено (лично не сум по тоа) али мајкому,шо не им текне да почнат журкиве да ги напаѓаат-таму цела пристојна раја(ко што би рекол Мистичен) е накљукана со апове и останати опојни средства:vozbud:. Мене паркот ми е многу убаво место,каде што се собираат буквално секакви луѓе,многу понелицемерно од кафиќине на кеј или кафаните...
Мистичен алудира на тоа дека се мавало бамбус или смедеревка,факт-али неможе секој да си дозволи да седне во Опиум,Тренд или ватевр,и не му е на секој филм тоа...така да,да не осудуваме беспотребно :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom