Ozark

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
А што очекувавте, реално секоја серија кога се одолговлекува паѓа на квалитет...
Кога дојде некоја девојка што реално треба да молзи крави да го утепа водачот на најголемиот мексички картел, што да одиме понатака. Па во рок од две недели сменија три водачи на картел, без другиве внатре да се побунат. Па им доаѓа некој дечко со калкулатор да тормози ладнокрвни убијци, еј тука имаш ставено една нула/запирка повеќе, ти си предавникот. Мораше некој од Марти/Венди да настрада, ако не и сите. Пораката на крај беше дека и покрај се, семејството е најбитно.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Мене не ми менува воопшто како заврши, сеедно ми е, ама ми е жал што не се родив таму и не станав сценарист кога гледам какви говеда се платени милиони за да пишуваат глупости. Колку треба да си идиот на скала од 1 до 10 за да ја завршиш серијава со
ебан хепиендинг? Бидејќи ова е хепиенд, само што Рут отиде јабана за колку-толку емотивна реакција од публиката. Неверојатно е дека цела фамилија си живееја среќно до крајот на животот, и после сите работи што ги направија не им стигна сметката. Јас лично ќе го убиев Џона и тоа ќе им умреше на раце на Венди и Марти, како наплата за сите работи што ги направија, а потоа можеби и нив ќе ги убиев. Ќе ја оставев ќерка им и ќе ја оставев Рут да ја продолжи приказната и еден ден можеби да има спин-оф со неа. Имаше солзи да се ронат и да се зборува за серијата.

Ама не е само Озарк, еден куп серии вака отидоа во заборав, си мислам дека за последната сезона седи некој борд на директори на маса и одлучува што и како ќе биде, а не самите сценаристи, затоа што повторно, тешко ми е да разберам како може професионален сценарист да е толку глуп.

Нема крај што ќе им се погоди на сите ама па и не знам како сите дна ги пробиваат некогаш.

Енивеј, убаво искуство беше Озарк и би рекол потценета серија, no hard feelings од моја страна, си имам свои краеви за секоја серија во главава и не се напнувам повеќе како ќе ги завршат.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890

Секој крај ќе беше поубав од овој што го направија. Она на кое што се надевав е...
дека на крај сите ќе умрат на таа забавата што ја правеа. Билдаа некоја тензија последни 3 епизоди и во сите 3 епизоди правеа некои подготовки за вечерта. Очекував тука да кулминира се и баш у картелски стил да им влезат да ги испоубијат сите, Џона да е прв заедно со сестра му као лежат у крв и си праќаат последен поглед, а оваа лудачава од мајка трча ги бара и нејзе и даваат куршум у чело и паѓа до нив. Марти или умира или се спасува и работи за ФБИ или у некој спин оф спрема одмазда заедно со Рут.

Абе било што ќе беше подобро. Секоја чест што не се напнуваш ама од такт се вадам коа прават вакви киксови на добри серии. А, ги има многу.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Абе било што ќе беше подобро. Секоја чест што не се напнуваш ама од такт се вадам коа прават вакви киксови на добри серии. А, ги има многу.
Мене воопшто не ми изгледаше како да е последна епизода, дури како плавуша се вратив да не сум утнала нешто во епизодите.. Као повеќе да се трудиле да остават простор за нови епизоди отколку на самата приказна.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.316
Поени од реакции
22.606
mene mi bese ok... mislam deka e ostaven prostor za da prodolzat u idnina. netflix gi odjebaa ali nisto cudno da ide na drugo mesto za godina dve.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Само што успеав да ја изгледам последната епизода и доаѓам овде исхајпан кога гледам чиста депресија последниве две-три страници :D Имам некои замерки за последнава сезона (особено овие 7 епизоди), но крајот ми беше онака во Озарк стил, ни повеќе ни помалку.

Од негативните страни што можам да ги издвојам - последнава сезона беше ужасно бавна, некои работи ги влечкаа низ сите епизоди додека другите ги спастрија во неколку секунди, што се добива впечаток дека 14 епизоди сецкани на два пати беа повеќе од потребното. Малку се подразочарав од одлуката Рут да се убие во slow motion затоа што ме потсеќа на сапуница - исто и флешфорвардот од најпрвата епизода од сезона 4, кој испадна дека е само уште еден ред херинг, уствари не водеше никаде.

Исто така, серијата не беше за Марти во оваа сезона, и мислам дека тука сите се фаќаме во однос на крајот. Ако Марти беше фул озарк во првата и втората сезона, а после беше Венди, сега приказната ѝ припадна на Рут. Мене ова понекогаш ми беше дистракција, пошо ако ја анализираме епизода по епизода, од Марти не видовме ништо - единствената одлука што ја донесе се случи во последната епизода, кога отиде кај Рут и побара помош. Дотогаш Марти беше пасивен лик.

Но ако ја анализирам сезоната од нејзина перспектива, ми понуди се што требаше да понуди - Рут, и после сите одлуки коишто ги донесе, и после сите жртвувања за Марти, умре без да знае дека Марти си ги одбра децата наместо да се обиде да ѝ помогне неа. И тука доаѓа оној момент дека последната епизода е огледало на првата - во клучните моменти, Марти и тогаш и после 5 години одлучи да жртвува се за да го добие тој очајно посакуван getaway ticket со семејството.

Темниот екран и звучот на пушката мене ми беа баш онака, поетски... илјада работи може се случиле измеѓу или ќе се случат понатаму. Се на се, мислам дека ова беше достоен крај и онака, ми ја извади сезоната.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Темниот екран и звучот на пушката мене ми беа баш онака, поетски... илјада работи може се случиле измеѓу или ќе се случат понатаму.
Според тоа како заврши серијата, ништо не се случува понатаму. Телото на детективот оди во крематориум, Марти и фамилијата одат во Чикаго како ништо да не било и ако излезе некој проблем, Марти смирено ќе го реши :D

Крајот на Озарк е адекватен на пример како Брејкинг Бед да завршеше така што Хенк ќе си го спасеше животот со преговарање, Валтер ќе се излечеше од болеста а ќе го убиеја Сол Гудман.

Ама добро е што те бендисал, една секирација помалку :D
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.645
Поени од реакции
2.614
некој го виде крајот на Озарк ?

мене искрено не ми се допадна, Рутх ко главен лик не требаше да ја убијат, очекував Марти да ја спаси и да ја убие мајка му на Хави.. еден на твитер пишал дека серијата е Брејкинг Бед на езеро и така нешто му доаѓа, само што ББ е 10 пати подобра.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.481
Конечно ја доглеав. Ја очекував некој делумен хепиенд, само мислев дека ќе останат без пари и некаков witness protection. Ме изненади дури и Рут што ја убија, а не па децата или Марти. Не беше таков стилот на серијата. Би рекол и немаше да ми се свиѓа ако ги убиеа главните ликови. После Гот не ми е кејф кога ми ги убиват главните ликови :icon_lol:

Она што ме изнервира е што серијата беше одолговлечена непотребно и ликовите почнаа да прават нелогични постапки, сите до еден. Како за инает да сакаа да умрат или да си ствараат препреки за да трае подолго серијата. Кога дојде до последната епизода, се осеќав ко да глеам рандом епизода. Жити крајот со детективот беше интересен ама не доволно за квалитетна финална епизода.

Се на се задоволен сум од серијата, не ни имав големи очекувања. Главна мана ми е што е претерано нереалистична, а тоа не ми се допаѓа кај серии од овој жанр. Добра споредба е со ББ, слична на нејзе само пониско ниво.
Автоматски споено мислење:

Но ако ја анализирам сезоната од нејзина перспектива, ми понуди се што требаше да понуди - Рут, и после сите одлуки коишто ги донесе, и после сите жртвувања за Марти, умре без да знае дека Марти си ги одбра децата наместо да се обиде да ѝ помогне неа. И тука доаѓа оној момент дека последната епизода е огледало на првата - во клучните моменти, Марти и тогаш и после 5 години одлучи да жртвува се за да го добие тој очајно посакуван getaway ticket со семејството.
Дејствието на Рут сезонава можам да го карактеризирам како лик што не сака да живее. Секоја нејзина постапка ја носеше поблиску до умирање. Дури имаше еден куп можности да се спаси и одбра да продолжи да се курчи и да ја заплеткува работата не баре си има работа со малски панкери а не најголемиот наркокартел во мексико. Тотално нелогично за мене.
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
Венди, дефинитивно во топ 3 негативци во сите серии шо ги имам гледано до сеа. Каков антипатичен карактер (нормално, тоа беше целта). Тоа ми е замерката, не умре Венди на крајот. Крајот уствари само стави точка на сите заплети во серијата, си течеше бавно, нормално, во свој стил, немаше потреба од некакви масовни масакри и крвишта. Задоволен сум, можеше да биде 3 сезони всушност, на моменти баш ја тупеа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom