dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 42.900
- Поени од реакции
- 84.290
Во Озарк, во Озарк, одиме во Озарк, таму птички пеат, иако е мрак!
Озарк е Нетфликсова серија која што има една сезона со 10 епизоди кои што траат по еден час. Најавена е и втора сезона.
Во главната улога глуми Џејсон Бејтмен кој што вообичаено сме навикнати да го гледаме во комични улоги. Тука својата харизма ја користи во улогата на патријархот на фамилијата Брд. Бејтмен е продуцент на серијата, а воедно и режира неколку епизоди од серијата во која што главната женска улога ја има актерката која што е номинирана за три оскари во својата кариера- Лора Лини.
Прашања и одговори:
Што е Озарк?
-Озарк е серија.
Не бе глуп, сакам да кажам, во смисла на серијава....што Е Озарк?
-Озарк е местото каде што се преселува фамилијата Брд поради тоа што ова место е последна шанса за Марти Брд да не биде убиен од шефот на некој си мексички картел
А бе педер, сакам да кажам..што се дешава у серијава, не се прави смешен знаеш што сакам да кажам..
-Во серијава се работи за перење на пари. На кратко Марти Брд е навидум човек со супер фамилијарен живот кој што потајно пере пари за мексиканскиот картел. Откако шефот на картелот ќе дознае дека некој крадел пари од него Марти купува време ветувајќи му на својот шеф дека во Озарк може да му испере многу пари од вообичаено.
Еднаш мајка ми по грешка ми испра 100 денари у фармерки. Дали е ова серијата за мене?
-Не. За друго перење на пари станува збор тука. Не си ваљда до толку глуп.
Не сум бе. Јас сум фигмент на твојата имагинација, толку сум глуп колку што ќе ме направиш, но никако не можам да бидам попаметен од тебе бидејќи ти не си паметен за да создадеш попаметен лик од тебе.
-Хаха?
Ја гледав Брејкинг Бед. Најдобра серија евр. И кога заврши серијава си реков "Хмм..сакам да гледам нешто како Брејкинг Бед...ама што не е Брејкинг Бед. Нешто што е создадено од човек што ја гледал Брејкинг Бед и си рекол дека може да направи нешто слично ама уствари после сфатил и дека не е така лесно да се направи најдобра серија евр па напраил нешто ок само" Дали е ова серијата за мене?
-ДА! ДА! ДА!
Тоа е се за интрото на оваа тема.
Ако ја гледате серијата пазете ги почетоците на секоја епизода. Тие спелуваат ОZARK и притоа тизаат делови од епизодата.
И ондак то.