Кога и да налетам на Среќни коцки од Вуле се паѓам од смеење

Вртам вчера по каналиве, сегде серии, само на канал 5, Вучко си го води квизчето. Таман си викам, да се посмеам дури ручам.
Се јавува една постара жена, и игра една игра кај што треба да погодиш збор од 5 букви, а тие 5 букви ги бираш од листа од едно 10-тина букви...
Прашањето е да пгоодиш име на Македонски пеач што се презива на С (Одговорот беше Ристо (Самарџиев)).
Старка: нека биде М (а М воопшто ја нема во листата од букви).
Вуле: Мислите Н, М ја нема во листата?
С: Нека биде Н.
В: Нека биде Н, ама буквата Н ја нема во дадениот збор.
С: Буква П (ја нема во листата)
В: Т?
С: Да, Т

В: Има Т...
(бира уште две букви, ја погодува С, а другата ја утка. На екранот има _ _ СТ _ и уште 6 букви од листата со кои треба да формира име (Ристо))
С: Може ли помош?
В: Може, еве од мене првата буква. (На екранот се појавува Р _ СТ _ и од 5 букви на листата старава треба да формира име)
С: Не ми текнува, може ли уште помош?
В: Сте слушнале за Чили Вили?
С: Да
В: Епа кој е Чили Вили?
С: Не знам, го знам по надимак ама не ми текнува...
В: Дечково е познат по победите на Макфест, пееше сега и на Скопскиот фестивал.
С: Не ми текнува.
В: Гледате ли К-15?
С: Да.
В: Значи, го имаш Цацко, го имаш Блажо ме разбираш и?
С: ТОШО


Го има зборот Р _ СТ _ и вика ТОШО хахахахахахахахахаха
Разбирам постара госпоѓа, ама сепак
