Првпат гледам каков е вин 10 и имам поделени мислења.
Првин да им кажам браво за како ги средиле менито за сетинзите, на вин 8 беше само натрупана без врска и воопшто не можев да се снајдам иако го користам скоро 2 години овој оперативен систем. Сега изгледа многу поубаво, поестетски и пред се многу лесно за ракување, подобро мислам не можеле да го направат.
Им давам огромен минус за менито, воопшто не се потрудиле во овој дел. Додале само search и иконите ги ставиле лево. Овој дел мислам дека е најлош, делува збунувачки, грдо и создава одбивност спрема сите што првпат доаѓаат до допир со вин оперативниот. Мора да го подобрат овој дел ако сакаат да зграбат повеќе корисници.
Десткопот со tiles е минимално нашминкан и мислам дека тоа е тоа, не можат повеќе да сменат во тој дел. Дел од луѓето ќе го сакаат дел ќе го мразат ваквиот начин на десткоп. Мене на пример ми се допаѓа повеќе ваквиот тип него кај андроид и иос. Многу е по функционален и поубав на око, ти треба неколку недели дур се навикнеш на тоа како ти се подредени иконите, но послем тоа е многу полесно.
Исто така ја подобриле и тастатурата, порано борба водев ако тебаше да селктирам и да избришам некоја буква, додека сега е многу полесно. Нотификаците и шоркатите се подобрени. Направиле да со еден клик да ги добиеш сите шоркати, а не само четирите шоркати ( ви-фи, блутут, гпс ).
Делот кај phone calls и албумот не ми се допаѓа засега, но може со тек на време ќе го свикнам. Сторот е бајги проулепшан.
За брзината на вин 10 не можам да коментирам зошто имам 930, а подобар телефон кога е во прашање брзината мислам нема од овој.
Сум го споредил со многу телефони и дефинитивно му нема рамен и многу луѓе се зачидиле како многу лесно и брзо функционира телефонов. Истот така и ретко се избагува, дали 4-5 пати од кога го имам. Едина мана му е ако го оставиш на сонце станува ептен жежок. Го имам телефонов скоро 2 години и мислам дека ќе го терам уште едно 4-5 години.
Но сепак главен проблем ќе им останат апликаците и овој проблем не верувам дека ќе се реши. Апликаците што се од микрософт се феноманални но останатото е крш. Фалат апликации но и тие што ги има 80% се недроботени и не упдејтувани со години. За тие како мене што користи најоснови апликации е супер, ама за тие што бараат нешто повеќе е проблем. ( Ова е за сите тие што плачат по снепчет
)