Neotel интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
10 февруари 2010
Мислења
855
Поени од реакции
322
Ќе мораш да направиш исклучок и да не цепидлачиш кога станува збор за оптичкиот кабел, пред се` поради можната појава на пречки во иднина.

Доколку во иднина ти снема сигнал или имаш слаб сигнал, а истовремено тоа да биде настанато како последица на оштетување на кабелот, техничарите кои ќе дојдат за да ја отстранат пречката ќе мораат имаат пристап до кабелот, а укопување на кабелот во ѕид нема да помогне воопшто.

Најдобро е да поставиш канал низ кој ќе треба да поминува кабелот, па така ќе си ја олесниш работата и на себеси и на техничарите кои ќе го пуштаат оптичкиот кабел.

Да - ќе се гледа каналот и ќе мораш да се помириш со тоа, и секако дека ќе мораш да бушиш во ѕидот и да поставуваш типли за заштрафување на каналот, но со ваквото решение нема да се гледа оптичкиот кабел, а и на техничарите ќе им ја олесниш работата.





Не баш.

Оптичките кабли поминуваат десетици километри од еден до друг крај токму благодарејќи на нивните технички можности, кои се` речиси неограничени.

Оптичкиот кабел кој се користи за поврзување на ѕидната дозна со оптичкиот модем/рутер, се вика patch cord - печ корд - и секогаш доаѓа со еден зелен крај со шпицаст, односно конусен врв кој завршува во оптичкиот модем/рутер, и плав крај со тап, односно рамен врв, кој завршува во ѕидната дозна.

Овој кабел доаѓа и во должини од 10 метри, па и повеќе, и слободно може да се користи на било каква должина.

Ако на @JB00F му ја инсталирале оптичката телекомуникациска линија од Македонски Телеком или од некоја приватна компанија која работи како подизведувач за Македонски Телеком - Фибернет МК, Овернет, Кабтел, Жикол, Телефонмонтажа, Мак Сат и други - и му рекле дека не може да се користи печ корд подолг од 1 метар, тоа му го рекле најверојатно бидејќи само таков печ корд имале на залиха во тој момент, или за да го обесхрабрат за да не експериментира со подолги растојанија помеѓу рутерот и дозната - бидејќи така ќе им направел дополнителни работни задачи на нив.



Доколку самиот си го подготвиш теренот со поставување на канал за оптичкиот кабел - како што ти пишав погоре - работата ќе ја завршат за отприлика половина час, ако не и порано. Во спротивно инсталацијата во домот може да трае и до еден час.

Но инсталацијата треба да се заврши и надвор од домот, треба оптичкиот кабел кој ќе го пуштат во твојот дом да заврши во некое од катните сандачиња во станбената зграда - доколку живееш во станбена зграда, или во бандера или подземно да се поврзи со уличен ормар или со ормар поставен на бандера - доколку живееш во куќа, се разбира.

Потоа следува поврзување на оптичкиот кабел во ормарот со оптички разделници, кој се наоѓа на улица или поставен на бандера, или во подрумот/подземната гаража на станбената зграда - во зависност од тоа каква е теренската ситуација на конкретната локација, се разбира.

И на крај следува поставување, поврзување и конфигурирање на опремата во домот на корисникот, што значи дека сепак ќе имаат техничарите работа и откако ќе го пуштат оптичкиот кабел кај тебе дома.



Да, ќе може истата внатрешна оптичка телекомуникациска инсталација во домот да се користи и во иднина од страна на друг Интернет провајдер - но само за инсталирање на оптичка телекомуникациска линија, се разбира.

Доколку во иднина се префрлуваш/враќаш на кабелски Интернет, внатрешната оптичка телекомуникациска инсталација во домот ќе биде бескорисна за потребите на кабелска телекомуникациска линија.



Можеби во други држави е дозволено корисникот да користи своја телекомуникациска опрема, наместо телекомуникациска опрема која би му била дадена на користење од страна на телекомуникацискиот оператор, но тоа не е праксата кај македонските телекомуникациски оператори, кои не дозволуваат корисникот да користи сопствена телекомуникациска опрема, туку само телекомуникациската опрема која телекомуникацискиот оператор ја дава на користење - ова важи и за Неотел.

Конкретно за Неотел треба да знаеш дека ќе ти дадат нивен ZTE оптички рутер доколку твојата улица/станбена зграда е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел, а во спротивно - доколку твојата улица/станбена зграда е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - ќе треба да го користиш Huawei оптичкиот рутер кој ќе ти го дадат на користење од Македонски Телеком.

Кабелски модем/рутер не може да се користи за оптички Интернет, бидејќи е направен за кабелска телекомуникациска мрежа, а не за оптичка телекомуникациска мрежа.

Бидејќи како што спомнав погоре - техничките можности на оптичките кабли се` речиси неограничени - истото важи и за оптичкиот рутер кој ќе ти го дадат на користење. При миграција кон поскап пакет нема да има потреба од менување на опремата, бидејќи оптичкиот рутер е наменет за високи Интернет брзини. Секако дека ќе се појавуваат понови оптички рутери во иднина, кои ќе работат со помала загуба на сигналот, но тоа речиси никогаш нема допирна точка со Интернет брзините, туку има допирни точки со квалитетот на оптичкиот телекомуникациски сигнал.
Одлично. Фала многу.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372
@Dexter26 Сериозно?

"Секако дека ќе се појавуваат понови оптички рутери во иднина, кои ќе работат со помала загуба на сигналот, но тоа речиси никогаш нема допирна точка со Интернет брзините, туку има допирни точки со квалитетот на оптичкиот телекомуникациски сигнал."

Пред да пишуваш вакви глупости седни и научи како работи GPON. Да не ме разбереш погрешно, ако незнаеш подобро не пишувај вакви работи. Пренесуваш грешни информации
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
@Dexter26 Сериозно?

"Секако дека ќе се појавуваат понови оптички рутери во иднина, кои ќе работат со помала загуба на сигналот, но тоа речиси никогаш нема допирна точка со Интернет брзините, туку има допирни точки со квалитетот на оптичкиот телекомуникациски сигнал."

Пред да пишуваш вакви глупости седни и научи како работи GPON. Да не ме разбереш погрешно, ако незнаеш подобро не пишувај вакви работи. Пренесуваш грешни информации
Коментарот се однесуваше конкретно на оптичките рутери, а не на централата.

Но повели, просветли ги членовите и посетителите на форумов.

Еве јас за да придонесам за подетално запознавање со техничките спецификации на оптичките рутери, на страница 11 на Интернет страницата кон која води наредниот линк се прикажани техничките спецификации на оптичкиот рутер HG8245H од Хуавеи, кој Македонски Телеком го дава на користење.

https://e.huawei.com/us/marketing-material/onLineView?MaterialID={7D271109-BB63-45E1-AE78-A4C991EB2179}

Како што може да се види од техничките спецификации, моделот HG8245H фаќа сигнал до -27 децибели на бранова должина од 1310 нанометри и од 1490 нанометри.

Повели дообјасни ги техничките спецификации на овој и на други оптички рутери.
 
Последно уредено:
Член од
13 јуни 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
Ако го споредиш интернетот за домашна употреба Neotel vs. Telekom кој има бољи peering? Со Телеком скоро све преку Бугарија (NOVATEL) иде, па од таму продужуе. Како е со Neotel?

Neotel: https://bgp.he.net/AS34772
Telekom: https://bgp.he.net/AS6821
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Ако го споредиш интернетот за домашна употреба Neotel vs. Telekom кој има бољи peering? Со Телеком скоро све преку Бугарија (NOVATEL) иде, па од таму продужуе. Како е со Neotel?

Neotel: https://bgp.he.net/AS34772
Telekom: https://bgp.he.net/AS6821
и мислиш дека на просечниот граѓанин у МК многу ќе му биде важно за Peering.
Народот гледа да фати повише за поевтино.
Телеком има поскап интернет, но исто така и по - квалитетен,еве на пример ти тоа што го кажа, подобар Peering, и општо нивната мрежа е побезбедна од онаа на Неотел.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
Не, не реков дека има подобар peering. Прашував да каже некој што разбира повеќе. Ја сум заинтересиран да се менувам од Телеком на Неотел, затоа прашав.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.855
Поени од реакции
10.227
Имам проблем со кабелскиов оператор кај мене, стално снемува канали, катастрофа слика и тн. Гледам на страницава на Неотел Неотрио пакет со тв и 4г рутер за интетнет. Некој што користи ваков пакет да ми каже дали е задоволен, дали е стабилен интернетот пред се?
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Имам проблем со кабелскиов оператор кај мене, стално снемува канали, катастрофа слика и тн. Гледам на страницава на Неотел Неотрио пакет со тв и 4г рутер за интетнет. Некој што користи ваков пакет да ми каже дали е задоволен, дали е стабилен интернетот пред се?
ко шо гледам, 4G хибридната мрежа на Neotel не им е доста развиена, и брзините не се некои нај нај. За стабилност и такви работи појма немам, ама @Apple има негов другар кој што користи баш таква мрежа, и може се да ти каже околу тоа.
За TV ако мислиш на NeoTV топ се. Android TV, и шо сакаш праиш :)


Иначе, прашање:

Дали и кај Неотел на секои 12часа се ресетира IP адреса како кај Телеком, или не?
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.855
Поени од реакции
10.227
ко шо гледам, 4G хибридната мрежа на Neotel не им е доста развиена, и брзините не се некои нај нај. За стабилност и такви работи појма немам, ама @Apple има негов другар кој што користи баш таква мрежа, и може се да ти каже околу тоа.
За TV ако мислиш на NeoTV топ се. Android TV, и шо сакаш праиш :)


Иначе, прашање:

Дали и кај Неотел на секои 12часа се ресетира IP адреса како кај Телеком, или не?
Се префлив на Total друже, а интернетот го задржав од кабелскиов
Фала ти
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
255
Дечки, вреди ли да се префрлам од телеком оптика на неотел?
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Дечки, вреди ли да се префрлам од телеком оптика на неотел?
Мене ако ме прашуваш, секако дека да.
За разлика од другите оператори, Телеком и Неотел си имаат квалитетна мрежа.
Со вип се можеш да очекуваш. Еве последните недели системот буквално се швркнал.
Телекабел ај така и така, али гледај на техничка поддршка да не им завршиш, пошто тешко средување проблеми.

Неотел ти е буквално Телеком, само поевтино.
Да, знаат некогаш цените да бидат блиску до оние на Телеком, али сепак, Неотел од сите оператори во Македонија, нудат највеќе, и највеќе имаат попусти од сите.
Едно 4-5 понуди у година знаат да понудат.
Еве сега отвори на нивен вебсајт, и ќе видиш што нудат.
Другите, ништо. Или ретко.
Еве Телеком, кај мене од 50/50 оптика рипна на +10 60/60.
Кај мене проблемот е што плаќаме енормно скапо за тоа што го добиваме, али и они не "издриблаа", и друго што ние се зезнавме. Не, не е лошо што сум на Телеком, али сепак Неотел се секако подобри, бидејки за помала цена, исти брзини. (или како во овој случај, за таа цена што плаќам Телеком 60/60,Неотел 100/100 дуплирано).
Али ајде, договорот одамна е склучен, па здравје догодина ќе мењам, (и така треба да се преселам).
За телевизија они имаат Neo TV, што е Android апарат, на кој што преку нивната апликација можеш да гледаш Телевизија.
Е сега, не е Max TV, со над 500 канали, али сепак има предност бидејки е Android.
Можеш пр. Popcorn Time, Netflix, YouTube, Spotify (зависи што гледаш/слушаш), да си симнеш, и оп. Не ти треба никакви кабли и врзувања со Лаптоп/Компјутер. Ова е доста корисно ако имаш телевизор со HDMI порта, но не ти е Smart/Android.
+ Expandable Memory, USB data transfer, итн, итн... доста ствари што Max - TV ги нема.
На Max - TV има филмови исто така, али тие се само на изнајмување на неколку дена, и толку. Ако купиш мораш да го изгледаш за рок од 4-5 дена (ако не се грешам), а и ко што знам, ги нема сите филмови.
За инфраструктура на Неотел, они обично одат преку Телеком, што значи дека ако во твојата зграда има оптика од Телеком ( ќе приметиш како на сликите што ги имам пратено овде претходно), автоматски можеш преку мрежата на Телеком да се врзеш на Неотел.
Или, како во мојот случај, ако имаш од нивната приватна мрежа, тогаш уште поарно.
Види погоре имам ставено слики, кај мене во зграда има и од Телеком, а и од Неотел оптички интернет.

Исто така, имај во предвид дека IP адресата ќе ти се рестартира на секои 12 часа, во рок од 30 секунди (или помалце). Ова е добро ако гледаме од безбедносни причини, ама еве пошто јас со гејминг, ово оно секако ми пречи тоа што се рестартира, бидејки ако ме фати среде меч, не е океј. Али и за ова има решение.
Или статична IP адреса, каде што кај Телеком кошта + 1,500 месечно на сметка, а за Неотел незнам.
Решението, за овој проблем барем кај мене е, со рестартирање на рутерот на полноќ, IP адресата се рестартира само 12 попладне, и 12 на полноќ. Ова кај мене е топ, бидејки тогаш одам, или се враќам од училиште, во тој период не ни седам на компјутер па не се замарам.
Интернет како интернет, и Телеком, и Неотел имаат добри брзини, али пак Неотел нуди повеќе.
Ping е исто така ист (под 10 просек хостање локално на Speedtest), што за гејминг е супер.
Мене ако ме прашуваш, да би бил на твое место веднаш би ги одбрал Неотел. Милион причини има зошто Неотел, а зошто не некој друг ISP во Македонија.
Зимај и не му ја мисли.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Еве што нудат моментално:
https://prnt.sc/nm4tkp

Еве што има под ова:
https://prnt.sc/nm4u0d

Иначе,Неотел може да кажат дека нема оптика,ако мислат само на нивната,па затоа за проверување најарно прво да се праша кај Телеком,пошто оптика на Неотел може и преку Телеком,а после на Неотел,па ако имаат од нивната,уште поарно.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Епа се наближува моментот.
Да, можам да го раскинам договорот за Max TV, и домашен интернет од Телелопови, конечно.
Пишав како што во T - Mobile темата.
А после тоа директива Neotel оптика 50/50 и Neo TV.
Е сега за зголемени брзини, и тоа нивните понуди што ги даваат random, ќе треба да ги прашам како што и да се договорам.
И да, за тие што незнаат моментално сум на фериална пракса кај Neocom во сервисот. Интересно е, и за дечките немам збор. Ги гледам им се јавуваа од Финки, MZT, и доста други и они веднаш асистенција.
Neocom и Neotel се фактички татко и син компанија, само што Neocom се повеќе за Neo Cloud, нарачки од физички лица, на пр. Нотари, итн итн... сепак да и кај нив се јавуваат за проблеми пошто и они ја менаџираат мрежата на Neotel.
Ќе споделам како што кога ќе бидам приклучен на нивната мрежа :)
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Катастрофа интернет, ужасна услуга, да не можат едноставни работи да ти средат кога им бараш помош. Четири пати сум барал да ми дојдат на сервис на рутерот и немаат уште дојдено. На никој не им би препорачал да одат кај Неотел, а знам и други што имале слично искуство со нивниот интернет.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Катастрофа интернет, ужасна услуга, да не можат едноставни работи да ти средат кога им бараш помош. Четири пати сум барал да ми дојдат на сервис на рутерот и немаат уште дојдено. На никој не им би препорачал да одат кај Неотел, а знам и други што имале слично искуство со нивниот интернет.
И Телеком се такви.
Јас бев Неоком на пракса и барем јас тоа што го видов ме изненади.
Еве пример Финки им се јавија, имале нешто проблем со интернетот, и одма средија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom