Neotel интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
2.760
Поени од реакции
1.681
3-4 дена сум веќе на Неотел, пакетот е 50/50 со 1 андроид бох за телевизор и акаунти за два андроид уреди.
Преку оптика на телеком сум поврзан и разлика во интернетот нема, можда Неотел има подобар response. За парите дефинитивно добиваш супер услуга - интернет, меѓутоа, телевизијата е ТАПА! Нема контраст, врска нема од HD, Мах ТВ беше подобро.
За воља на вистината и МаксТВ има тапа слика со многу мал битрејт во однос на Вип.

Имам неколку прашања бидејќи си нивен корисник:
1. Имаш некаква можност да видиш со колкав битрејт им се каналите (особено ХД)?
2. Колку канали максимум во исто време може да следиш/снимаш? На Телеком оптика кај мене е 3 СД+2 ХД.
Баш ме интересира ова бидејќи досега никој нема пишано ништо во врска со ТВ услугата и квалитет.
 
Член од
13 јуни 2018
Мислења
8
Поени од реакции
6
1. SpeedTest
До телеком telekom
1568495149651.png

до Будимпешта - Теленор budapest
1568495169951.png

2. Околу телевизијата, имаш опција да гледаш на Android BOX со катастрофа слика, и плус на други два андроид уреди (мобилен, таблет или ТВ). Инсталираш NeoTV, тоа можеш и како trial да го пробаш, не мора да си на Неотел. Единствена разлика е, што FOX можеш да гледаш само на нивниот уред, освен ако не ја клонираш mac адресата или нешто слично.

Инаку сликата е многу лоша и мислам дека совет за радиодифузија мора да реагира. Голема компресија, и многу коцкички кога има брзи движења.
Менување на каналите е со закаснување од 2-3 секунди што мислам дека е премногу. Кај некои канали нема добра синхронизација слика-звук.
Битрате појма неам на уредов како да проверам, гледам на телевизорот дека сликата е 1920x1080, ама тоа е видео излезот од андроид boxот, сликата ни PAL не задоволува. Пак ќе кажам, за споредба, МахТВ е многу подобро, скоро како на сателитска.

За интернетот не се мислете, топ е, поготово за 790 ден.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
204
Еве и кај мене.

До Неотел.

До Телеком.

Инаку инфраструктура од телеком така да не знам дали менува тоа, до пред некое време бев кај нив со интернет ама оваа понуда од 790 не ми се пропушташе. плус реално телевизија не ми ни треба.

Сега за сега, задоволен
 
Член од
1 март 2007
Мислења
110
Поени од реакции
12
токму заради овие работи (болдирано и подвлеченото) веќе +1година сум уште на Телеком - а нејќам!!
Ако некој НЕОТЕЛ-ец ги следи форумиве нека го пренесе ова искуство до надлежните ...
Мислам дека ако го подобрат делот со ТЕЛЕВИЗИЈАТА ќе добијат многу повеќе претплатници, а аналогно на тоа ќе станат поголем играч на пазарот

На врв Bottom