Neotel интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
А телеком,vip и телекабел имаат попуст,да бе...
Па боље нешто да има отолку ништо.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Еве башка овие денови зборев за Неотел, по другите теми бидејки има доста што сватија дека сите други ISP ги боли таквото. Само за правење пари, и ништо друго.
Иначе, баш зборев за тоа колку повеќе попусти и понуди Неотел нудат во споредба со другите провајдери, и еве денес баш ми стигна нотификација за нова новогодишна понуда од Неотел.
Еве погледнете:
https://neotel.mk/novogodishen-landing/

И уште нешто да појаснам.
Јас на било каков начин не ги спонзорира Неотел, нит па сум платен од некој. Само кажувам колку тоа се добри, а ако гледаме од неутрална страна, или јас како што си ја викам "птичја перспектива" Неотел се no:1 без грешка.
Никогаш ги немам приметено Телеком, Телекабел, VIP да нудат вакви понуди како Неотел.
Телеком едино со ова 10GB мобилен интернет за MaxTV 10 години.
Телекабел еднаш што ги видов за роденден, и VIP еднаш по реклама случајно и толку. После тоа ништо од понуди.
#Neotelthebest

Иначе, за сите што сакате да си проверите дали кај вас има техничка можност за оптика, без разлика дали ќе е од онаа мрежа на Телеком, или од лично Нивната можете на истиот тој линк што го пратив погоре. Само скролнете надоле и ќе ви искочи.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308

Брату, се сложувам дека Неотел има одличен потенција и добра понуда на пакети, но се' додека не понуди и мобилна телефонија, макар била истата и виртуелна преку мрежата на Телеком или Вип, мислам дека нема да привлече добар дел од корисниците.
Телекабел тоа го сфати и сега се подготвува наскоро да започне да нуди конвергентни пакети со 4 услуги.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Ponudata na neotel e tapa. Najeftinata optika 890den so ogranicuvanje na kolicina na podatoci. rly? Jaka muda so e 50mbps, neka ponudat 20-30 mbps za 400-500den moze i ke napravat nesto. Telekabel zasega realno nema nikakva konkurencija.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Ponudata na neotel e tapa. Najeftinata optika 890den so ogranicuvanje na kolicina na podatoci. rly? Jaka muda so e 50mbps, neka ponudat 20-30 mbps za 400-500den moze i ke napravat nesto. Telekabel zasega realno nema nikakva konkurencija.
5000gb?
вип после 500гб те кине на 70%од брзината.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Брату, се сложувам дека Неотел има одличен потенција и добра понуда на пакети, но се' додека не понуди и мобилна телефонија, макар била истата и виртуелна преку мрежата на Телеком или Вип, мислам дека нема да привлече добар дел од корисниците.
Телекабел тоа го сфати и сега се подготвува наскоро да започне да нуди конвергентни пакети со 4 услуги.
Телекабел сега ќе нуди,само за да се тргнат од таа негативност која што ги преплави сиве овие децении од кога постои Телекабел,за нивниот мизерен коаксијален интернет.

so ogranicuvanje na kolicina na podatoci
5000GB за тебе е ограничување?

Да не си ти од тие што гледаат порничи дневно у 4K резолуција???

Да,добро е тоа што телекабел нудат мали брзини,за евтина пара,и океј е тоа. Добро е и тоа што е без никаков лимит нит па обврзувачки договор.
Е во тоа Телекабел е во предност од другите,ама сепак Neotel секако е no:1 у понуди. Многу пакети,доста понуди,гратис Wi-Fi Signal Extender...
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
855
Поени од реакции
322
За тие што имаат оптика од Неотел може да ми кажете низ домот, внатре, како ја спроведуваат?
Ептен сум цепидлака и не сакам кабли да се гледаат.
Преферирам да се ископа во ѕидот и да се покрие тоа.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.509
Поени од реакции
2.881
За тие што имаат оптика од Неотел може да ми кажете низ домот, внатре, како ја спроведуваат?
Ептен сум цепидлака и не сакам кабли да се гледаат.
Преферирам да се ископа во ѕидот и да се покрие тоа.
Ти влечат оптичко влакно од оптичкиот сплитер во објектот. Потоа треба да ти се постави кутија во домот било каде која е прилично мала така нешто. Од таму излегува друг кабел (жолтиот) кој ти оди до модемот/рутерот кој они ти го даваат (раздалеченоста меѓу кутијата и модемот може да е макс 1m). Ова вака Телеком прават па верувам исто и Неотел.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Ти влечат оптичко влакно од оптичкиот сплитер во објектот. Потоа треба да ти се постави кутија во домот било каде која е прилично мала така нешто. Од таму излегува друг кабел (жолтиот) кој ти оди до модемот/рутерот кој они ти го даваат (раздалеченоста меѓу кутијата и модемот може да е макс 1m). Ова вака Телеком прават па верувам исто и Неотел.
Да, скрос исто.
Мене професорот по IT ми кажа дека таа кутија мала се користела за стабилизатор на сигналот, и дека не е можно низ неа дирекно RJ45 кабел. Во САД, поточно Google Fiber имаат ваква кутија:
google-fiber.jpg c9nQ3pH.jpg fiber_ont.jpg
Вака изгледаат на слика (може се малце различни, ама за иста работа служат).
Е сега ние не сме Америка, така да вакви работи неможе.
Едино како тој што направил, кога му местеле гигабитен интернет во Македонија, тој си го врзал оптичкиот кабел во адаптер што си го купил тој за да може да си користи негов рутер, а не рутер даден од ISP.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
855
Поени од реакции
322
Фала за брзиот одговор.
Значи кутијата не смее да биде подалеку од 1м од рутерот.
Дали може кабелот да се стави, дали го собира под лајсната на паркетот за да можам некако да го скријам?
Исто:
1. колку време зема инсталацијата во домот? Имам питбул во стан и да си испланирам ;)
2. дали може истата инсталација во домот да се искористи и од друг провајдер? Прмер после одредено време сакам да сменам провајдер и да копаат наново внатре.

Ps. зошто има лепило позади кутијата?[DOUBLEPOST=1543474572][/DOUBLEPOST]
тој си го врзал оптичкиот кабел во адаптер што си го купил тој за да може да си користи негов рутер, а не рутер даден од ISP.
има разлика дали е мој/од провајдер? и дали може да го користам истиот рутер шо го користам моментално со кабловскиот интернет?
ако сменам брзина, пример од 50/50 да прејдам на 300/300 се користи истата инфраструктура? не се разбирам баш и реков да прашам. не ми се лутете.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.509
Поени од реакции
2.881
Фала за брзиот одговор.
Значи кутијата не смее да биде подалеку од 1м од рутерот.
Дали може кабелот да се стави, дали го собира под лајсната на паркетот за да можам некако да го скријам?
Исто:
1. колку време зема инсталацијата во домот? Имам питбул во стан и да си испланирам ;)
2. дали може истата инсталација во домот да се искористи и од друг провајдер? Прмер после одредено време сакам да сменам провајдер и да копаат наново внатре.

Ps. зошто има лепило позади кутијата?[DOUBLEPOST=1543474572][/DOUBLEPOST]
има разлика дали е мој/од провајдер? и дали може да го користам истиот рутер шо го користам моментално со кабловскиот интернет?
ако сменам брзина, пример од 50/50 да прејдам на 300/300 се користи истата инфраструктура? не се разбирам баш и реков да прашам. не ми се лутете.
Па кај мене дома бидејќи само кабелот требаше да се протне околу 5-10мин траеше, но повеќе се задржуваат надвор од станот бидејќи кај мене у влез Вип имаа хаос направено со каблите па си имаа проблеми а овие ги пуштаат низ лајсни оптичките влакна па им требаше повеќе. За околу 20-30 минути завршија се кај мене, само сметај после откако ќе завршат се јавуваат да ти пуштат конфигурација со ИП и со се.

ПС: Пази питбулот масакар да не ти направи, поприлично дебело плаќаат за штета предизвикана од твоја страна. ;)

Инаку да мислам иста инфраструктура е и за 50/50 и за 300/300 само може модемот да е различен.
 
затоа прашувам, да направам план за логистика за да си работат на раат луѓето а и мене да ми е средено да не ми ги изгризе каблите ако се надвор, морам да се организирам
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
За тие што имаат оптика од Неотел може да ми кажете низ домот, внатре, како ја спроведуваат?
Ептен сум цепидлака и не сакам кабли да се гледаат.
Преферирам да се ископа во ѕидот и да се покрие тоа.
Ќе мораш да направиш исклучок и да не цепидлачиш кога станува збор за оптичкиот кабел, пред се` поради можната појава на пречки во иднина.

Доколку во иднина ти снема сигнал или имаш слаб сигнал, а истовремено тоа да биде настанато како последица на оштетување на кабелот, техничарите кои ќе дојдат за да ја отстранат пречката ќе мораат имаат пристап до кабелот, а укопување на кабелот во ѕид нема да помогне воопшто.

Најдобро е да поставиш канал низ кој ќе треба да поминува кабелот, па така ќе си ја олесниш работата и на себеси и на техничарите кои ќе го пуштаат оптичкиот кабел.

Да - ќе се гледа каналот и ќе мораш да се помириш со тоа, и секако дека ќе мораш да бушиш во ѕидот и да поставуваш типли за заштрафување на каналот, но со ваквото решение нема да се гледа оптичкиот кабел, а и на техничарите ќе им ја олесниш работата.

...

Од таму излегува друг кабел (жолтиот) кој ти оди до модемот/рутерот кој они ти го даваат (раздалеченоста меѓу кутијата и модемот може да е макс 1m). Ова вака Телеком прават па верувам исто и Неотел.

...
Значи кутијата не смее да биде подалеку од 1м од рутерот.
Не баш.

Оптичките кабли поминуваат десетици километри од еден до друг крај токму благодарејќи на нивните технички можности, кои се` речиси неограничени.

Оптичкиот кабел кој се користи за поврзување на ѕидната дозна со оптичкиот модем/рутер, се вика patch cord - печ корд - и секогаш доаѓа со еден зелен крај со шпицаст, односно конусен врв кој завршува во оптичкиот модем/рутер, и плав крај со тап, односно рамен врв, кој завршува во ѕидната дозна.

Овој кабел доаѓа и во должини од 10 метри, па и повеќе, и слободно може да се користи на било каква должина.

Ако на @JB00F му ја инсталирале оптичката телекомуникациска линија од Македонски Телеком или од некоја приватна компанија која работи како подизведувач за Македонски Телеком - Фибернет МК, Овернет, Кабтел, Жикол, Телефонмонтажа, Мак Сат и други - и му рекле дека не може да се користи печ корд подолг од 1 метар, тоа му го рекле најверојатно бидејќи само таков печ корд имале на залиха во тој момент, или за да го обесхрабрат за да не експериментира со подолги растојанија помеѓу рутерот и дозната - бидејќи така ќе им направел дополнителни работни задачи на нив.

1. колку време зема инсталацијата во домот? Имам питбул во стан и да си испланирам ;)
Доколку самиот си го подготвиш теренот со поставување на канал за оптичкиот кабел - како што ти пишав погоре - работата ќе ја завршат за отприлика половина час, ако не и порано. Во спротивно инсталацијата во домот може да трае и до еден час.

Но инсталацијата треба да се заврши и надвор од домот, треба оптичкиот кабел кој ќе го пуштат во твојот дом да заврши во некое од катните сандачиња во станбената зграда - доколку живееш во станбена зграда, или во бандера или подземно да се поврзи со уличен ормар или со ормар поставен на бандера - доколку живееш во куќа, се разбира.

Потоа следува поврзување на оптичкиот кабел во ормарот со оптички разделници, кој се наоѓа на улица или поставен на бандера, или во подрумот/подземната гаража на станбената зграда - во зависност од тоа каква е теренската ситуација на конкретната локација, се разбира.

И на крај следува поставување, поврзување и конфигурирање на опремата во домот на корисникот, што значи дека сепак ќе имаат техничарите работа и откако ќе го пуштат оптичкиот кабел кај тебе дома.

2. дали може истата инсталација во домот да се искористи и од друг провајдер? Пример после одредено време сакам да сменам провајдер и да копаат наново внатре.
Да, ќе може истата внатрешна оптичка телекомуникациска инсталација во домот да се користи и во иднина од страна на друг Интернет провајдер - но само за инсталирање на оптичка телекомуникациска линија, се разбира.

Доколку во иднина се префрлуваш/враќаш на кабелски Интернет, внатрешната оптичка телекомуникациска инсталација во домот ќе биде бескорисна за потребите на кабелска телекомуникациска линија.

има разлика дали е мој/од провајдер? и дали може да го користам истиот рутер шо го користам моментално со кабловскиот интернет?
ако сменам брзина, пример од 50/50 да прејдам на 300/300 се користи истата инфраструктура? не се разбирам баш и реков да прашам. не ми се лутете.
Можеби во други држави е дозволено корисникот да користи своја телекомуникациска опрема, наместо телекомуникациска опрема која би му била дадена на користење од страна на телекомуникацискиот оператор, но тоа не е праксата кај македонските телекомуникациски оператори, кои не дозволуваат корисникот да користи сопствена телекомуникациска опрема, туку само телекомуникациската опрема која телекомуникацискиот оператор ја дава на користење - ова важи и за Неотел.

Конкретно за Неотел треба да знаеш дека ќе ти дадат нивен ZTE оптички рутер доколку твојата улица/станбена зграда е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел, а во спротивно - доколку твојата улица/станбена зграда е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - ќе треба да го користиш Huawei оптичкиот рутер кој ќе ти го дадат на користење од Македонски Телеком.

Кабелски модем/рутер не може да се користи за оптички Интернет, бидејќи е направен за кабелска телекомуникациска мрежа, а не за оптичка телекомуникациска мрежа.

Бидејќи како што спомнав погоре - техничките можности на оптичките кабли се` речиси неограничени - истото важи и за оптичкиот рутер кој ќе ти го дадат на користење. При миграција кон поскап пакет нема да има потреба од менување на опремата, бидејќи оптичкиот рутер е наменет за високи Интернет брзини. Секако дека ќе се појавуваат понови оптички рутери во иднина, кои ќе работат со помала загуба на сигналот, но тоа речиси никогаш нема допирна точка со Интернет брзините, туку има допирни точки со квалитетот на оптичкиот телекомуникациски сигнал.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom