Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Не е за потценување дипломата. Да објаснам зошто некои дипломи мора да грантираат вработување. На техничките факултети т.е. на сериозните факултети со ограничен број на студенти ќе завршат да речеме отприлика 10% од една цела генерација ученици. Во пракса е уствари следнава ситуација. Петко е ученик во некое средно школо. Од сите ученици во државава Петко е подобар од 90% од учениците во цела генерација односно ако 100 произволно избрани ученици ги рангираме Петко ќе е меѓу првите 10. И да е најслаб од овие 10 пак Петко е подобар од другите 90. Инаку ако е Петко најслаб од овие 10 тоа значи дека на факултет ќе е помеѓи најслабите студенти. Пошо сепак постои некоја корелација
Како и да е еден ден Петко има можност и поени да се запише на факултет каде што не може секој ќутук да оди и да заврши.
Значи Петко цел свој живот од детство се борел за оценки, учел многу повеќе од другите, имал и некој талент да разбира работи, главата му чадела секоја година и успеал се запишал. После тоа едно 5 години значи до својата 23-24 година исто се мачел, учел, бил на товар на родителите, немал многу можности да заработи. И еден ден Петко ја добива дипломата на која пишува дека има одредени вештини и знаења да направи некои работи.
Арно ама тој ден кога Петко ја добива дипломата иако е со поголем човечки капитал од 90% од луѓето во негова генерација му викаат дека за него нема работа. Па потоа (по форуми и на други места) му викаат дека е неиноватвен, не барал знаење, не бил елита, не се остручивал.... дрн дрн... И на како капак ќе го донесат до заклучок дека е глуп пошо учел и се надградувал наместо во цело тоа време да лепи плочки како овие 90% кои одамна ги победил на академско ниво.

пс. Инаку да занат е доста ценета работа, па не е лошо тој шо тешко може да најде работа да проба занат да работи. Пошо јебига од нешто треба да се живее.
Кога човек има ниска самопочит потребен му е некој друг да му каже дека вреди.
Така е и со дипломата.
На тој со ниска самопочит потребна му е диплома за да се смета поразличен/попосебен од другите.

Оди пред огледало и биди искрен одговори си која е твојатата вредност на пазарот на трудот од 1 до 10?

На факултет одиш ИСКЛУЧИВО поради две работи:
1. ДРУЖЕЊЕ
2. ЗНАЕЊЕ
Дружењето е мнооооооооогу побитно од знаењето... пошто материјални добра лесно се прават кога си опкружен со луѓе на кои им веруваш и со кои добро ти иде муабетот.
Кој кур ќе ти е плата од 1000 евра ако не си опкружен со ДОБРИ ЛУЃЕ???
Тоа е Западот денес уствари имаш добра плата и кола, а не знааш кои ти се први комшии, луѓето живеат како монструми...

Веројатноста да најдеш МЛАДИ, ДОБРИ луѓе кои зујат со амбиција во академска средина е далеку поголема од тоа да го правиш во некоја кафана, парк и фудбалски стадион.
Денес нашите факултетите во ПОСТ Бранкова ПОСТ транзициска Македонија ја загубија смислата на постоење.
На кого му требаат сите тие илјадници БРОЈЛЕРИ инжинери кога сите големи гиганти ги згаснаа во средината на деведесетите?

Факултетот искористи го како место за КВАЛИТЕТНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, а знаењето барај го на друго место.
Не е сјајна состојбата во Македонија но сепак имаш фирми каде што ќе бидеш потребен каде што луѓето ќе бидат спремни да те обучат.
Кога ќе стекнеш некои знаења од областа која ја сакаш тогаш ти одлучи си дали ќе продолжиш тука или шансата ќе ја бараш на Запад, тоа е твој избор.
 
Дружењето е мнооооооооогу побитно од знаењето... пошто материјални добра лесно се прават кога си опкружен со луѓе на кои им веруваш и со кои добро ти иде муабетот.
Кој кур ќе ти е плата од 1000 евра ако не си опкружен со ДОБРИ ЛУЃЕ???
Тоа е Западот денес уствари имаш добра плата и кола, а не знааш кои ти се први комшии, луѓето живеат како монструми...

Џабе ми е мене тука плата од 1000 евра кога немам што да правам со неа. Базен немам, лизгалиште, театар немам. За на кино да идам, треба да запалам кола и да одам во Скопје.
Детето мене утре кога ќе порасне нема да ме праша со кои добри луѓе сум јас опкружена. Ќе ми побара пари.
 
Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%? Не дека сега е нешто добро, ама е подобро е од катастрофата пред 10 години. Барем се вршат обиди да се донесат странски инвеститори кои ќе градат огромни фабрики и ќе вработуваат илјадници луѓе.

Работа има, само што на денешнава младина не и се работи и сака со седење и неработење да зема 30,000 - 60,000 денари плата, а завршиле некој занат или поминале низ училиште онака, па немаат познавања ниту од една струка, ниту од комјутери, ниту знаат јазици итн.Со седење цел ден по кафулиња, шетање и фантазирање дека во странство тече мед и млеко и да се бега во странство и таму со лежење да земаат 1000 евра плата, ништо не се прави. Кој сака и е вреден и му работи гавата, може да успее и во Македонија.

Факт е дека има безобразни работодавачи, кои не ги плаќаат работниците или ги плаќаат малку или со големи задоцнувања, но факт е дека има и чесни работодавачи. Јас сум работел хонорарно и за чесни и нечесни работодавачи во Македонија, така да ситуацијата не е ниту црна, ниту бела, туку нешто измеѓу.
Оди бе човече разнеси се некаде, цело време небулози пишуваш, не се резили... Кај ја гледаш таа работа?

Пред 10 год. далеку беше подобро, не се филмај од рекламите на власта...

Во Македонија можеш да успееш само ако си поврзан со власта, на никаков друг начин.
 
Како бе нема работа, што лупате?!
Неспособноста на одредена индивидуа сам да се справи во животот и да најде работа, не значи дека општо целиот колектив е на исто ментално рамниште со него. Тие две работи научете да ги разликувате.
 
Има работа во приватниот сектор, но треба да умееш да работиш нешто, да си стручен.
Условите се лоши, преваранти, мала плата, пријавување на пола работно време.... но сепак има работа...
Ако незнаеш ништо да работиш, и немаш работно искуство, нормално дека потешко ке најдеш работа..
Како да се стане стручен?[DOUBLEPOST=1392659273][/DOUBLEPOST]
Што да правиме кога Електростопанство го продадоа 2005 г.?
Браво се спаси, ќе те наградат сега.[DOUBLEPOST=1392659737][/DOUBLEPOST]
??? Ако мислиш дека сум нешто СДСМ или платен ова да го зборам дај уште вечерва да удриме кладба. Да се видиме лично уште вечер ако сум партиски член ти го давам станот озбилно еве пред сите тука. Ајде биди муж
СДС си и не паламуди веќе, случајот разјаснет, сторителот фатен, мотивот - оцрнување на фантастичната состојба на државата...

Браво Битушанец, навали на следна тема!!![DOUBLEPOST=1392659828][/DOUBLEPOST]
Небо од Гостивар?
Си пробал занат да научиш???
Кажи како, каде?
 
Последно уредено:
Не берете гајле, од странство почнаа да се зголемуваат понудите за легална работа. Германија ни ги зима докторите, фармацевтите, инжењерите, доста студенти од земјоделски факултет и ЕТФ добиваат стипендии од Унгарија, Романија, Франција итн и на тој начин ни ги зимаат, секој со одлични познавање англиски јазик добива работа во Катар, Емирати итн за туристичко-угостителски дејности...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Тоа зависи колку ти фаќа црпката...
Не не, сериозно, каде да научи човек занает, каде да стане стручен?


Не мислам лично за себе, затоа што ни самиот не знам колку занаети совладувам...
 
Како нема работа во приватниот сектор, врие веќе... Еве еден прост пример кој го потврдува тоа дека работодавците „се тепаат за да добијат квалитетни вработени“: од први декември 2013 до први јануари 2014 аплицирав на преку 30 огласи објавени на najdirabota, vrabotumanje.com, fakulteti.mk и по весници. Ниту едно од понудените работни места не беше со нето плата повисока од 15000 денари, повеќето се движеа 10000-12000. Обично работните позиции за кои аплицирав беа: продавач, асистент во продажба, менаџер и сл. За сите огласи за кои аплицирав ги исполнував сите квалификации кои беа наведени во огласите (колку за информација: имам ВСС и претходно работно искуство во угостителство, малопродажба и менаџмент од 6 години и 8 месеци).

Резултат:
-не бев примен за работа никаде
-не бев викнат на ниту едно интервју
-никој од работодавците не одговори (дури ни негативно) на мојата апликација: добив вкупно 0 одговори на моите 30 аплицирања.
-на едно работно место се јавив, час и половина откако беше објавен нивниот оглас. Работодавецот ми кажа дека вработениот е веќе примен на работа, дека огласот е објавен „дека мора“ (иако огласот беше валиден уште цели 8 дена).

И? Сега пак ќе тврдите дека има работа во приватниот сектор? Еве, пробајте вие и пратете CV на колку сакате огласи. Па кажете колкумина ви се јавиле да ве повикаат на интервју. ;)
 
Не не, сериозно, каде да научи човек занает, каде да стане стручен?


Не мислам лично за себе, затоа што ни самиот не знам колку занаети совладувам...
Занает се учи кај занаетчија..итн..
Кој занает ти го совладуваш професионално, кажи, ако можам јас сум постојано во контакт со луге ке ти најдам нешто приватно?
 
Занает се учи кај занаетчија..итн..
Кој занает ти го совладуваш професионално, кажи, ако можам јас сум постојано во контакт со луге ке ти најдам нешто приватно?
-Завршив одамна Арх. фак. - совладувам Аутокад, Арцхикад,
- Електрика - електрични инсталации, монтирање на соларни панели, инсталирање на релеии за пуштање на електромотори на работа итн.
- Водоинсталации, централно греење..
- Монтирање на ламинат, паркет, плочки
- Во градежништво сите работи ги разбирам

Ако се сетам на нешто друго ќе додадам
 
-Завршив одамна Арх. фак. - совладувам Аутокад, Арцхикад,
- Електрика - електрични инсталации, монтирање на соларни панели, инсталирање на релеии за пуштање на електромотори на работа итн.
- Водоинсталации, централно греење..
- Монтирање на ламинат, паркет, плочки
- Во градежништво сите работи ги разбирам

Ако се сетам на нешто друго ќе додадам
Дај ми мобилен по пп, ке ти се јавам...за цена ти ке си се договараш, но прво ке мора да се покажеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom