Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа се распукав од праќања CV во приватниве фирми на огласите на Прв и Најди работа. Пратив 10 cv од рецепционер, чувар, продавач, благајник значи све да не набројувам сеа. Па да видиме дали ќе ме викнат негде. Па да видиме дали има работа. Иначе ова го праам веќе две години.
Небо од Гостивар?
Си пробал занат да научиш???
 
Каква коинциденција! Се отвара тема на кајгана за “немањето работа ниту во приватниот сектор“ и се труби за иселување, истовремено, опозициските медиуми пишуваат за истава вест како Младите си заминуваат од Македонија.
http://libertas.mk/младите-си-ги-пакуваат-куферите-и-бе/


По колку апчиња земаш од тие горе ? пред избори зголемена е дозата ? :icon_lol:
btw нема врска што пишуваат опозиција или пак тие на позиција. Тука можеш да прочиташ како стојат работите реално.
 
Небо од Гостивар?
Си пробал занат да научиш???
Интересно размислување.

Сепак да се надоврзам. Пред некоја година не толку одамна дома в куќи ни пораваа нешто столарија ово оно. И еден од мајсторите имаше тазе завршено електро факултет, ама рече дека нема врски за со електро па морал тоа да работи. Изгледа тука важи паролата Заврши факултет за да те понижат.
 
Сеа се распукав од праќања CV во приватниве фирми на огласите на Прв и Најди работа. Пратив 10 cv од рецепционер, чувар, продавач, благајник значи све да не набројувам сеа. Па да видиме дали ќе ме викнат негде. Па да видиме дали има работа. Иначе ова го праам веќе две години.

На CV ако ти пишува дека имаш факултет и сертификати џабе не се надевај и на илјадници огласи да испратиш. ;)
Приватните фирми каде не се бара големо знаење и на кои пола работници им се со средно не сакаат со факултет, затоа што мислат дека:
- ќе бараш поголема плата за разлика од другите вработени кои се без факултет и самиот ќе се сметаш за поспособен.
- ќе имаш шанси да најдеш подобра работа и за неколку месеци ќе напуштиш.

Ретки се оние фирми што бараат со факултет и искуство а тоа претежно се ИТ фирми. Останатото работа во продавници, обложувалници, фирми како Џонсон Контролс, чувари...
Ептен ако имаш врски може да те сожалат и да те вработат со факултет, ама ќе бидеш пријавен со средно обрзование.
 
Интересно размислување.

Сепак да се надоврзам. Пред некоја година не толку одамна дома в куќи ни пораваа нешто столарија ово оно. И еден од мајсторите имаше тазе завршено електро факултет, ама рече дека нема врски за со електро па морал тоа да работи. Изгледа тука важи паролата Заврши факултет за да те понижат.
Многу наивно размислување...
Столар во САД заработува 40 долари колку тамошниот програмер.
Ако си ербап испечи го занатот тука(2 до 3 години) па пробај се Словенија, Германија, Англија плата под 4000 фунти не ти е.

А и од кога тоа завршувањето на ФЕИТ ти гарантирал вработување???
Македонскиот народ е згрешен во кодот дефинитивно... тоа што немаме елита е причината да вакви работи ни се случуваат, народот и после 2 децении прилагодување на пазарното општество уште мечтае за некој соц-реалистички сон...

На електро 90% од студентите не фатиле леткум во рака и кога ќе завршат се чудат зошто нивната вредност на пазарот на трудот е НУЛА.
Ако некој на електро не покаже тронка амбиција за време на студирањето не се остручувал и БАРАЛ ЗНАЕЊЕ што очекувате кој ќе ја фантазира и проектира идната ПОДОБРА Македонија, правниците и економистите???
 
Земи вози такси али само на долги релации. Јас веќе 6 месеци сум со тоа , и освен првите 2 месеци додека ме научија луѓето беше малце потешко , сеа не сум испод 25 К чисти месечно. Али исклучиво на долги релации , обично Софија , Атина , Солун и поретко Белград. Со градски релации не се замарам.
 
Многу наивно размислување...
Столар во САД заработува 40 долари колку тамошниот програмер.
Ако си ербап испечи го занатот тука(2 до 3 години) па пробај се Словенија, Германија, Англија плата под 4000 фунти не ти е.

А и од кога тоа завршувањето на ФЕИТ ти гарантирал вработување???
Македонскиот народ е згрешен во кодот дефинитивно... тоа што немаме елита е причината да вакви работи ни се случуваат, народот и после 2 децении прилагодување на пазарното општество уште мечтае за некој соц-реалистички сон...

На електро 90% од студентите не фатиле леткум во рака и кога ќе завршат се чудат зошто нивната вредност на пазарот на трудот е НУЛА.
Ако некој на електро не покаже тронка амбиција за време на студирањето не се остручувал и БАРАЛ ЗНАЕЊЕ што очекувате кој ќе ја фантазира и проектира идната ПОДОБРА Македонија, правниците и економистите???
Не е за потценување дипломата. Да објаснам зошто некои дипломи мора да грантираат вработување. На техничките факултети т.е. на сериозните факултети со ограничен број на студенти ќе завршат да речеме отприлика 10% од една цела генерација ученици. Во пракса е уствари следнава ситуација. Петко е ученик во некое средно школо. Од сите ученици во државава Петко е подобар од 90% од учениците во цела генерација односно ако 100 произволно избрани ученици ги рангираме Петко ќе е меѓу првите 10. И да е најслаб од овие 10 пак Петко е подобар од другите 90. Инаку ако е Петко најслаб од овие 10 тоа значи дека на факултет ќе е помеѓи најслабите студенти. Пошо сепак постои некоја корелација
Како и да е еден ден Петко има можност и поени да се запише на факултет каде што не може секој ќутук да оди и да заврши.
Значи Петко цел свој живот од детство се борел за оценки, учел многу повеќе од другите, имал и некој талент да разбира работи, главата му чадела секоја година и успеал се запишал. После тоа едно 5 години значи до својата 23-24 година исто се мачел, учел, бил на товар на родителите, немал многу можности да заработи. И еден ден Петко ја добива дипломата на која пишува дека има одредени вештини и знаења да направи некои работи.
Арно ама тој ден кога Петко ја добива дипломата иако е со поголем човечки капитал од 90% од луѓето во негова генерација му викаат дека за него нема работа. Па потоа (по форуми и на други места) му викаат дека е неиноватвен, не барал знаење, не бил елита, не се остручивал.... дрн дрн... И на како капак ќе го донесат до заклучок дека е глуп пошо учел и се надградувал наместо во цело тоа време да лепи плочки како овие 90% кои одамна ги победил на академско ниво.

пс. Инаку да занат е доста ценета работа, па не е лошо тој шо тешко може да најде работа да проба занат да работи. Пошо јебига од нешто треба да се живее.
 
каки државен, каки приватен сектор во МКД???? Арни ли сте бреееееееее? ко да сте 90-годишни старци па дај шта даш - :mad:
аа бе беееееееееееееегајте со време не си го трошете животоот на глупости -
надвор се ЖИВЕЕ, а во МКД се отупавува

раздрмајте си го умот со прекраснава интерактивна реклама- ваљда ќе ве поттикне на нешто

 
За Австрија и Германија многу добро знам дека градежен работник не може да купи кола од 20.000 евра од плата. Дури ниту мои пријатели и колеги менаџери на пониски позиции и инжињери од Австрија и Германија не можат да си дозволат автомобил од 20.000 евра.
Што тролаш бе.
Ако се глупи и на глуп начин ги трошат парите нормално дека не можат да си дозволат автомобил од 20к евра.
Двајца вработени со минимална плата од по 1000 евра можат да одвојат месечно како од шала 300-500 евра рата за кредит
Има
--- надополнето: 16 февруари 2014 во 10:51 ---
29% кога половина се избришани,па ги нема ни во завод.Али за ваков народ како нас и не ни треба повеќе.Пред некој ден се возам во такси(овие сонце што се ) и си збориме со таксистот.Вели работел 30 години во Охис, и сега нема што па мора такси да вози.Чива е овде кривицата?До нам е луѓе!

Требаше народот да се буни тогаш кога некој ги испоукраде фабриките.Наместо тоа и вработените си поткраднуваа,а на протести никој и не одеше за да се задржат фирмите.На никој уво не го болеше.Се знае така дека вака ќе ни биде иднината.Ние ниту тогаш штрајкуваме,ниту пак сега.Веројатно арно ни е па по ова невработеноста ни е на најниско ниво.И Норвешка,Швајцарија можат да ни позавидат.:cuc: Бидејќи и они штрајкуваат.А ние што се правиме дека сме потомци на Александар не мрзи да мислиме и да излеземе да се избориме за нашите права.Човекот поминал 3 континенти,а ние како негови потомци неможеме ни да излеземе пред влада.До нас е луѓе.Тоа е се дека сме евтина и вештачка нација.Немаме ние врска со македонците од историјата.
Први жртви кои ја почуствуваа транзицијата на свој грб беа вработените од Славија и кога излегоа на протести сите им се смееја,незнаејќи дека и нив ги чека истото.
 
Последно уредено од модератор:
Не е за потценување дипломата. Да објаснам зошто некои дипломи мора да грантираат вработување. На техничките факултети т.е. на сериозните факултети со ограничен број на студенти ќе завршат да речеме отприлика 10% од една цела генерација ученици. Во пракса е уствари следнава ситуација. Петко е ученик во некое средно школо. Од сите ученици во државава Петко е подобар од 90% од учениците во цела генерација односно ако 100 произволно избрани ученици ги рангираме Петко ќе е меѓу првите 10. И да е најслаб од овие 10 пак Петко е подобар од другите 90. Инаку ако е Петко најслаб од овие 10 тоа значи дека на факултет ќе е помеѓи најслабите студенти. Пошо сепак постои некоја корелација
Како и да е еден ден Петко има можност и поени да се запише на факултет каде што не може секој ќутук да оди и да заврши.
Значи Петко цел свој живот од детство се борел за оценки, учел многу повеќе од другите, имал и некој талент да разбира работи, главата му чадела секоја година и успеал се запишал. После тоа едно 5 години значи до својата 23-24 година исто се мачел, учел, бил на товар на родителите, немал многу можности да заработи. И еден ден Петко ја добива дипломата на која пишува дека има одредени вештини и знаења да направи некои работи.
Арно ама тој ден кога Петко ја добива дипломата иако е со поголем човечки капитал од 90% од луѓето во негова генерација му викаат дека за него нема работа. Па потоа (по форуми и на други места) му викаат дека е неиноватвен, не барал знаење, не бил елита, не се остручивал.... дрн дрн... И на како капак ќе го донесат до заклучок дека е глуп пошо учел и се надградувал наместо во цело тоа време да лепи плочки како овие 90% кои одамна ги победил на академско ниво.

пс. Инаку да занат е доста ценета работа, па не е лошо тој шо тешко може да најде работа да проба занат да работи. Пошо јебига од нешто треба да се живее.

..мислам дека не си го сватил Избраниот, ........."приучен" дипломец , посебно во егзактните науки, медицина и слично е апсолутно безвреден спореден со човек кој има "занает ", во смисол на практична.. употреблива вештина (не само занает во класичен смисол).
Времето денес не е Ренесансата на Леонардо Да Вични, туку системот и редот на организирана фаланга, во која секој носи мал дел од товарот , но треба да го носи перфектно и џаст-ин-тајм и за тоа го добива одредениот надомест од колачот...
Значи, нажалост , посебно на нашиве галофакс факултети дипломата не е баш гаранција за некој квалитет , посебно пак, ако дипломецот не студирал ЗА ЗНАЕЊЕ , туку за ПАРЧЕ ХАРТИЈА , што мора да се призна е најчеста појава. После мафта и бара некои права со неа.., и освен во партиски наместените случаи и таквите од буџет платени работи, може со неа да прави само ветер и ништо друго. На реалниот бизнис му требаат чираци, калфи, мајстори. На претприемачите и генијалците во науката покрај тоа им треба и од Бога дадената дарба.
Вистинскиот доктор, ижињер,информатичар,физичар, дури и бирократ се раѓа исто како и вистинскиот вајар, композитор...системот треба да го открие и порасне......независно од неговата општествена положба и материјални можности инаку, на долги патеки....наебал...;)
 
Каква коинциденција! Се отвара тема на кајгана за “немањето работа ниту во приватниот сектор“ и се труби за иселување, истовремено, опозициските медиуми пишуваат за истава вест како Младите си заминуваат од Македонија.
http://libertas.mk/младите-си-ги-пакуваат-куферите-и-бе/

Лесно ти е тебе бе после сисање малце мраз на колениците и топ ама луѓево работа не можат да најдат а ти откриваш некакви теории на заговор тука.
 
..мислам дека не си го сватил Избраниот, ........."приучен" дипломец , посебно во егзактните науки, медицина и слично е апсолутно безвреден спореден со човек кој има "занает ", во смисол на практична.. употреблива вештина (не само занает во класичен смисол).
Времето денес не е Ренесансата на Леонардо Да Вични, туку системот и редот на организирана фаланга, во која секој носи мал дел од товарот , но треба да го носи перфектно и џаст-ин-тајм и за тоа го добива одредениот надомест од колачот...
Значи, нажалост , посебно на нашиве галофакс факултети дипломата не е баш гаранција за некој квалитет , посебно пак, ако дипломецот не студирал ЗА ЗНАЕЊЕ , туку за ПАРЧЕ ХАРТИЈА , што мора да се призна е најчеста појава. После мафта и бара некои права со неа.., и освен во партиски наместените случаи и таквите од буџет платени работи, може со неа да прави само ветер и ништо друго. На реалниот бизнис му требаат чираци, калфи, мајстори. На претприемачите и генијалците во науката покрај тоа им треба и од Бога дадената дарба.
Вистинскиот доктор, ижињер,информатичар,физичар, дури и бирократ се раѓа исто како и вистинскиот вајар, композитор...системот треба да го открие и порасне......независно од неговата општествена положба и материјални можности инаку, на долги патеки....наебал...;)
Супер, ме интересира уште дали некаде може да се најдат огласи за вработување на генијалци со од бога дадена дарба во приватниот сектор каде ќе бидат дел од редот на организирана фаланга, која перфектно и џаст ин тајм го носи товарот на колачот? И на каков начин се докажува од бога дарбата за џаст ин тајм колачот? Би сакал да се пријавам за такво работно место па гледам си запознаен со работите.
 
Факт е дека платите во Македонија се многу мали колку да не е без ништо,а поголема неправда е тоа што има и вработени кои работат по 3-4 работи за кои се чудам како постигнуваат да ги работат.
Како може некои луѓе да бидат професори,уредници,презентери на вести,членови на управни одбори,директори,сопственици односно основачи на фирми и да прават хациенди во Визбегово а некои да седат дома невработени и чекаат од родителите.
Нели има закон да не можеш да работиш дополнителна работа односно ако работиш дополнително треба да се откажеш од половина плата
Најтрагично од се е тоа што тие што имаат диплома и по цена да бидат избришани од евиденција или да трпат за леб не прифаќаат било какво ПРВО вработување па кукаат каде ќе стигнат дека никаде нема работа.
 
Супер, ме интересира уште дали некаде може да се најдат огласи за вработување на генијалци со од бога дадена дарба во приватниот сектор каде ќе бидат дел од редот на организирана фаланга, која перфектно и џаст ин тајм го носи товарот на колачот? И на каков начин се докажува од бога дарбата за џаст ин тајм колачот? Би сакал да се пријавам за такво работно место па гледам си запознаен со работите.
За овде пиши пропало, советот беше апропо локалното образование и извикано знаење и светскиот пазар на работна рака.....;)
 
Факт е дека платите во Македонија се многу мали колку да не е без ништо,а поголема неправда е тоа што има и вработени кои работат по 3-4 работи за кои се чудам како постигнуваат да ги работат.
.
платите на обичните смртници се повеќе од мизерни, ама затоа пак на оние „со закон заштитени животни„ им се енормно високо дури и за некоја високо развиена земја, не па ко за МК
но, за да опстојат тие „животинки“ - мораат да паразитираат врз грбот на страдалникот - кој не само што ќе работи за себе , ами и за неколку такви паразити
Во МК има се“ ама во исто време и нема ништо -мимо барабите,преварантите, пензионерите и ситните души.
Кога сте вишле за последниве 20 години нешто квалитетно во или од МК ( баш ме интересира- дали постои )???
Кога сте чуле за некој мак.иноватор, кога сте чуле дека некои успеале без ничија помош/книшка/партија - само затоа што вредат ко квалитет , а не што некој ги турка и форсира одзади ? кога сте чуле некој нешто да направи макар индиректно - онака од душа, доброволно, а да не побара услуга или да присвои материјална корист - ?? НИКАД
штом немало до сега- не очекувајте ни отсега
ќе живуткарате и ќе ги гледате „папратите“ и “мововите“ како паразитираат на ваш грб
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom