Како нема работа во приватниот сектор, врие веќе... Еве еден прост пример кој го потврдува тоа дека работодавците „се тепаат за да добијат квалитетни вработени“: од први декември 2013 до први јануари 2014 аплицирав на преку 30 огласи објавени на najdirabota, vrabotumanje.com, fakulteti.mk и по весници. Ниту едно од понудените работни места не беше со нето плата повисока од 15000 денари, повеќето се движеа 10000-12000. Обично работните позиции за кои аплицирав беа: продавач, асистент во продажба, менаџер и сл. За сите огласи за кои аплицирав ги исполнував сите квалификации кои беа наведени во огласите (колку за информација: имам ВСС и претходно работно искуство во угостителство, малопродажба и менаџмент од 6 години и 8 месеци).
Резултат:
-не бев примен за работа никаде
-не бев викнат на ниту едно интервју
-никој од работодавците не одговори (дури ни негативно) на мојата апликација: добив вкупно 0 одговори на моите 30 аплицирања.
-на едно работно место се јавив, час и половина откако беше објавен нивниот оглас. Работодавецот ми кажа дека вработениот е веќе примен на работа, дека огласот е објавен „дека мора“ (иако огласот беше валиден уште цели 8 дена).
И? Сега пак ќе тврдите дека има работа во приватниот сектор? Еве, пробајте вие и пратете CV на колку сакате огласи. Па кажете колкумина ви се јавиле да ве повикаат на интервју.