THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.341
Кога човек има ниска самопочит потребен му е некој друг да му каже дека вреди.Не е за потценување дипломата. Да објаснам зошто некои дипломи мора да грантираат вработување. На техничките факултети т.е. на сериозните факултети со ограничен број на студенти ќе завршат да речеме отприлика 10% од една цела генерација ученици. Во пракса е уствари следнава ситуација. Петко е ученик во некое средно школо. Од сите ученици во државава Петко е подобар од 90% од учениците во цела генерација односно ако 100 произволно избрани ученици ги рангираме Петко ќе е меѓу првите 10. И да е најслаб од овие 10 пак Петко е подобар од другите 90. Инаку ако е Петко најслаб од овие 10 тоа значи дека на факултет ќе е помеѓи најслабите студенти. Пошо сепак постои некоја корелација
Како и да е еден ден Петко има можност и поени да се запише на факултет каде што не може секој ќутук да оди и да заврши.
Значи Петко цел свој живот од детство се борел за оценки, учел многу повеќе од другите, имал и некој талент да разбира работи, главата му чадела секоја година и успеал се запишал. После тоа едно 5 години значи до својата 23-24 година исто се мачел, учел, бил на товар на родителите, немал многу можности да заработи. И еден ден Петко ја добива дипломата на која пишува дека има одредени вештини и знаења да направи некои работи.
Арно ама тој ден кога Петко ја добива дипломата иако е со поголем човечки капитал од 90% од луѓето во негова генерација му викаат дека за него нема работа. Па потоа (по форуми и на други места) му викаат дека е неиноватвен, не барал знаење, не бил елита, не се остручивал.... дрн дрн... И на како капак ќе го донесат до заклучок дека е глуп пошо учел и се надградувал наместо во цело тоа време да лепи плочки како овие 90% кои одамна ги победил на академско ниво.
пс. Инаку да занат е доста ценета работа, па не е лошо тој шо тешко може да најде работа да проба занат да работи. Пошо јебига од нешто треба да се живее.
Така е и со дипломата.
На тој со ниска самопочит потребна му е диплома за да се смета поразличен/попосебен од другите.
Оди пред огледало и биди искрен одговори си која е твојатата вредност на пазарот на трудот од 1 до 10?
На факултет одиш ИСКЛУЧИВО поради две работи:
1. ДРУЖЕЊЕ
2. ЗНАЕЊЕ
Дружењето е мнооооооооогу побитно од знаењето... пошто материјални добра лесно се прават кога си опкружен со луѓе на кои им веруваш и со кои добро ти иде муабетот.
Кој кур ќе ти е плата од 1000 евра ако не си опкружен со ДОБРИ ЛУЃЕ???
Тоа е Западот денес уствари имаш добра плата и кола, а не знааш кои ти се први комшии, луѓето живеат како монструми...
Веројатноста да најдеш МЛАДИ, ДОБРИ луѓе кои зујат со амбиција во академска средина е далеку поголема од тоа да го правиш во некоја кафана, парк и фудбалски стадион.
Денес нашите факултетите во ПОСТ Бранкова ПОСТ транзициска Македонија ја загубија смислата на постоење.
На кого му требаат сите тие илјадници БРОЈЛЕРИ инжинери кога сите големи гиганти ги згаснаа во средината на деведесетите?
Факултетот искористи го како место за КВАЛИТЕТНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, а знаењето барај го на друго место.
Не е сјајна состојбата во Македонија но сепак имаш фирми каде што ќе бидеш потребен каде што луѓето ќе бидат спремни да те обучат.
Кога ќе стекнеш некои знаења од областа која ја сакаш тогаш ти одлучи си дали ќе продолжиш тука или шансата ќе ја бараш на Запад, тоа е твој избор.