НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе овој Шабаз од Мајами , кој пик беше , супер играч е :D?
 
Кавс - Спарс, утакмичиште.
Леброн очаен цел натпревар, и на 10 секунди до крајот го продаде натпреварот кога му испадна топката од рацете.

Што да се каже за Спарс...НБА многу ќе загуби кога Поп ќе му каже збогум на кошарката, секој нивни изгледан натпревар е една кошаркарска лекција, Диао :cuc::cuc::cuc:

П.С. Втор пат го гледам Кливленд сезонава (првиот пат против Булс), и денеска во последните моменти добија судиска помош - прво мораше да има 2 + 1 за Ману на 20тина секунди до крајот, и при претпоследниот напад на Кавс, чиста блокада на Данкан над Ирвинг, судиите досудија фаул.
 
Арно се крепа Лејкерсиве засега :) Малку Коби форсира шутеви и утнува, ама нема гајле.
 
Конечно по три порази во низа Бостон пак победува. Ама не е некоја утеха бидечи играа против Филаделфија:pos:

Ми се чини дена кога Рондо е на клупа тимот игра подобро.
 
По 10 години константно исвиркување, Торонто вчера за прв пат му оддаде почит на Винс Картер, а навивачите му се заблагодарија со стоечки овации и громогласен аплауз:


Можеби и Винс не знаеше што да очекува, па затоа се расплака кога исполнетиот Air Canada Центар по толку време пак аплаудираше за својот миленик.

9d618a7aa020e92d650f6a706700f463.jpg

imrs.php

usp_nba__memphis_grizzlies_at_toronto_raptors_68864338.jpg

bc7d6f9aa021e92d650f6a706700291a.jpg

20141119185632.0.jpg


Приказната во врска со Картер и Торонто за малку можела да заврши на различен начин. Демек вечерта пред да го трејдаат во Њу Џерси, Картер рекол дека сака да остане во Торонто, но веќе бил договорен дилот со Нетси. Кога ќе ми текне дека еден од најдобрите играчи го дадоа за fucking Ерик и Арон Вилијамс. :facepalm: Дефинитивно вината лежи по малку и кај двете страни, но тоа е што е.

Само едно е сигурно: навивачите на Торонто не го исвиркуваа Картер толку години бидејќи го мразат, туку поради тоа што нивната „прва љубов“ и играчот кој ја популаризираше кошарката во Канада, си замина на таков начин. Вигинс, Томпсон, Стаускас, Олиник, Енис, Бенет и останатите канадски играчи во НБА моментално кои растеа како фанови на Репторс, можеби никогаш не би заиграле кошарка да не беше Винс. Затоа мислам дека еден ден 15-ката на Винс треба да биде првиот повлечен број во историјата на Торонто. :)
 
@The Procrastinator ми се лутиш што ти ставив лајк? :D Ептен ми се свиѓаше сликата, морав. :D

Леле вчера Коби го одрав од пцуење, у живот го немам пцуено толку. Гледав со еден другар кој исто е прегорен за Лејкерси и такви си ја пратиме цела утакмица лабаво и доаѓа 4та четвртина и почињаме да се нервираме. Почна Коби да се глупира и да шутира некои безвезни шутеви и такви и двајцата: Мајмун еден подај ја бе, НЕ ИГРАЈ САМ. И влага Бузер у игра, промашува 4 по ред и почињаме: АБЕ ГЛУП ЕДЕН ПА ДАЈ МУ ЈА НА КОБИ БЕ, ШТО КУР ШУТИРАШ КОГА ТРЕБА ПОД КОШ ДА ИГРАШ. :pos: За на крај царот Весли Џонсон да ја реши утакмицата со две погодени слободни и украдена топка на Харден и фаул кош после тоа. А пред да почне утакмицата му викам на другаров: Абе како може да е толку слаб Џонсон сезонава... И нормално откако го спомнав утакмица на сезоната изигра. :D

Дефинитивно Јанг е факторот икс кај Лејкерси во овие две победи по ред. Каков цар е типот тоа е нешто немогуче... Какви шутеви погодуваше :cuc::cuc: Му замерувам на Бајрон Скот што не го игра многу Ед Дејвис а е 245 пати подобар и покорисен од онаа паштетана Бузер.
 
Добри сме добри....ајде да не ги урочам ама...имам амбции за ок плејоф сезонава..
 
Леле мислев да ја глеам Милвоки - Бруклин , али вика ај треба да станувам сабајле заеби , и се каев сабајле шо не сум глеал , многу добра утакмица и мислам дека и лани коа играа Милвоки - Бруклин една утакмица имаше продужетци...Брендон Најт едноставно не смееше да го промаши клач положувањето ама се оправда со онаа 3ка ...За тоа со Торонто и Винс вчера :cuc: :cuc: :cuc:
 
samo so Vince igra mn slabo sezonava u dalas bese preporoden ali tuka go nema...procent na realizacija 0
 
Јас пак си гледав Кавс-Спарс сношти... у кратки црти Антонио не играат на ниво,ме разочараа со играта. Паркер одсечено некако, незаинтересирано игра , Тим прави грешки несвојствени за него, и најважно за шампионот, за тројка шутираа катастрофално, под нивното препознатливо ниво од лани... кај домаќинот што забележав е дека многу ќе зависи од тоа каква вечер има кралот Џејмс( мислам дека у 2ра 3та и 4та четвртина не постигна повеќе од 10 поени, не е доволна константноста на Кевин и Кајри , Леброн мора да се врати во форма, некако игра со страв , под притисок како да е... разбирливо донекаде по камбекот у Кливленд... и така вечер ќе се гледа Жешките против Клиповите , Блејк и Крис ги немам гледано сезонава , да видиме некоја атракција мајке му....
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom