НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
немам свој клуб во НБА, повеќе гледам кој тим ми е симпатичен. На пример ги симпатизирам Сан Антонио, бидејќи имаат доста играчи кои не се од САД, па Минесота заради Пековиќ и Рубио, Лав..., Бруклин заради Телетовиќ, Кириленко, Џејсон Кид мојот идол од детството... На пример не ги сакам Мајами, Лејкерси, кои се катастрофа, не знам како дозволи менаџментот да имаат ваков тим. А што се однесува кој ќе биде шампион, типувам на Мајами, освен ако немаат проблеми со повредите.
 
kamanknockout.jpg

ZWM2Tl3.gif

0sHcyDz.png

fI3wB3y.png

Bfw8OnrIAAA7jV0.jpg:large

KamanandMelonap_zpsfc4bb304.png

igls.png

2wmfg4l.jpg
 
Does this look like a foul to you?

NBA refs...:tapp:

Плус 51 слободнo фрлањe за Кингс, и сето тоа со новиот комисионер Адам Силвер in the house. :facepalm:
#riggedleague

The spread was +7.5 for the Kings, Raps lost 109-101
lowrycopy_zpsfebb020b.gif

Најглупото правило што некогаш постоело во кошарката. Дебилизам на квадрат, овакви фаули да ги свирнеш е прав криминал. А не е само сега, доста често го свират ова. Зборевме за ова пред некое време со Xsago и уште некој таму, они мислам дека не се согласуваа со мене, јас уште од тогаш зборев дека е дебилно правилото.
 
Без разлика дали е дебилно или не, ова во никој случај не беше пример за таков вид на фаул. Како што кажаа и коментаторите, едноставно тоа му беше движењето на телото после шутот. Без врска.

Претпоставувам повеќето од тука сте го гледале Ајверсон, кога шутираше он нозете му одеа едно метро понапред и целото тело му се искривуваше, едноставно таков му беше шутот. На 90 посто од шутевите би требало да му судат офанзивен фаул, според ова погоре.
 
Па затоа и велам дека е тапа правилото. Секој има различна положба на телото при изведувањето на шутот, едноставно мене ми е предебилно ова.
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 18:02 ---
LeBronChasedownBlockDarrenCollison.gif
 
Најглупото правило што некогаш постоело во кошарката. Дебилизам на квадрат, овакви фаули да ги свирнеш е прав криминал. А не е само сега, доста често го свират ова. Зборевме за ова пред некое време со Xsago и уште некој таму, они мислам дека не се согласуваа со мене, јас уште од тогаш зборев дека е дебилно правилото.

Има голема разлика меѓу глупаво правило и погрешна интерпретација на правило.

Ситуацијата со Lowry е на граница, но и јас сметам дека е во рамки на дозволеното и не требаше ништо да биде досудено. Тоа е грешка на судиите. Ама правилото си е сосема на место. Изгледа подзаборавивте како до пред некој година се судеа еден куп безвезни фаули за слободни фрлања откако офанзивниот играч ги исфрлаше намерно нозете нанапред или на поинаков начин му влегуваше намерно во движењето на дефанзивецот за да изнуди фаул. Е тоа е тоа што се елиминира со ова правило, и е и тоа како потребно, ама не е правилото криво што судиите направија грешна проценка за намерата.
 
Брат 100 години тренирам кошарка и можам со главава да ти потврдам дека правилото е многу дебилно. Реков и пред тоа, секој има различна положба на телото при шут. Мене не ми е сфатливо како може да се свири фаул во напад ако шутерот кој оди со телото наназад го сопне (уствари одбранбениот играч се сопиња од него бидејќи пробува да го залепи) и тоа се свири како фаул... Значи он не го сопнува намерно, него таква е позицијата на нозете и телото, а одбранбениот оди накај него и пробува да го блокира.
 
Очигледно тотално не ме разбираш. Секој може да си имам каков сака стил на шут (макар што за правилен баланс ако сакаш да бидеш добар шутер треба право под агол од 90% да ти се нозете). Зошто е добро правилото? Затоа што пред да се воведи правилото, во едно 70-80% од овие ситуации каде имаше судир одо овој тип, шутерот намерно ги исфрла нозете или друг дел од телото кон одбранбениот играч за да "изнуди" фаул. И најважно правилото не вели "ако играчот има нозе исфрлени нанапред кои ќе се допрат со одбранбениот играч тогаш е фаул во напад" како што ти го претставуваш, туку вели "ако офанзивниот играч намерно направи движење со цел да влези во движењето на одбранбениот играч и да изнуди фаул тогаш е фаул во напад". Или најпросто кажано, движења кои не се природни во шутот не се прифаќаат, а дали движењето е природно или не треба судиите да оценат.

Еве ти го и извадокот од правилото (мислам дека беше ова):

A player shall not hold, push, charge into, impede the progress of an oppo-nent by extending a hand, forearm, leg or knee or by bending the body into a posi-tion that is not normal. Contact that results in the re-routing of an opponent is a foul which must be called immediately.

Претходно беше defensive player, ама заради тие намерни фрлања на шутерите во одбранбените играчи го претворија во player само.

П.С. Почест е случајот нозете (па и целото тело) да одат нанапред отколку телото да оди наназад.
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 19:35 ---

Кливленд го отпуштиле нивниот генерален менаџер Крис Грант. Сосема очекувано со оглед на катастрофалната сезона која ја имаат...
 
Затоа лигата ќе стане роботизирана и ќе ми се одмили кошарката. Каде е тука умешноста на играчите, односно способноста да наместат некој од одбранбените играчи на фаул и да изнудат три слободни фрлања? Намерно ги фрлале нозете напред, абе ајде жити се, тогаш на Новицки секој шут треба фаул у напад да му судат, зашо он нон стоп со раздвоени нозе скока. Треба тотално да се исфрли ова правило и да се остави на слободна проценка на судијата, односно ако има таков допир или нека свири фаул и три слободни фрлања или нека не свири воопшто.
 
Има голема разлика меѓу умешност да се намести играч на фаул и намерно фрлање во друг играч и глумење на фаул. Вистинската умешност ќе си остани. Според мене ова второто суштински не е многу далеку од сите тие флопс за кои толку многу се зборува.
 
Во ред, го почитувам твоето мислење. Едноставно различни ставови имаме и тоа е тоа. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom