„Најслаба алка“ со Живкица @ Алфа ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Супер е реализирано, а и Живкица си е на место, парите горе долу ОК, а сумата што ја зеде победникот 43000 не е баш мала за наши услови и сигурно во иднина ќе има натпреварувачи кои ќе земат многу повеќе, но и помалку, тоа зависи од нив, се на се ОДЛИЧНО и БРАВО за АЛФА ТВ

Не е лош добра копија е на хрватскиот

само заради тоа што Хрватска многу порано почна со емитување на квизот не значи дека го измислила исто како што не го измисли ни Милионер, до кога со вакви постови за копии :nenene: тие само ја купиле лиценцата од британците пред нас, не измислуваат топла вода
 
Јас сум многу задоволен од почетокот на нашата верзија. Живкица е супер, целата реализација е одлична!

Еве линк каде што можете да ја гледате британската Weakest Link, оригиналната верзија според која се правени сите други, што се` уште е во етер.
http://www.youtube.com/user/forten78

Водителката е Anne Robinson и е легендарна по нејзината суровост. Неверојатна е, дефинитивно најдобра. :)

На BBC Entertainment го гледам квизот ,а програмта ја има на MaxTV
 
Супер квиз :) само што , секогаш водителката ладно се понаша со играчите ...и во хрватската верзија и во нашава ...али ипак квизот е супер
 
Супер квиз :) само што , секогаш водителката ладно се понаша со играчите ...и во хрватската верзија и во нашава ...али ипак квизот е супер

Такви се стандардите. Ако можеш, гледај на BBC, телевизијата која го креираше квизот. Да видиш каква е Ен Робинсон :)

п.с. пополнив формулар за учество. Се надевам ќе ме гледате наскоро на малите екрани :)
 
До сега 2 пати се пријавив и ме немаат викнато. Дур стигнам до таму ќе ми отиде цел кредит на пријавување :(
 
Главна состојка во Молотовиот коктел?
-Водка:pos2::kesa:

Водителката....:vozbud:
 
Денес, пред околу еден час, на квизов Живкица поставува прашање: покрај витамините, минералите, јаглехидратите и мастите кои други спаѓаат во основните хранливи материи?

Учесникот одговара "Белковини"

Живкица му вели "Не, туку протеини"

Е сега вака навидум можеби изгледа дека не е ништо невообичаено, но ако се знае дека протеини и белковини се зборчиња со исто значење односно синоними испаѓа дека неправедно му го сметаа одговорот како неточен. И порано сум забележал слични грешки на овој квиз.
 
Па шо не се збунил играчот. Еден така незнам за кое прашање беше, рече дека одговорот што го дал е синоним и му го призна. Јас да сум така заминувам од снимање, па да видам после што ќе прават.
Претешки прашања има на квизов. Треба да се полесни, затоа што одговорите мора импулсивно да се даваат. Даваат едвај 20-30 000 ден. еднаш неделно. На ХРТ даваа просечно по 30 000 куни (седум пати повеќе) секој ден. А не се толку тупи натпреварувачите. На тркалото баба Ратка од Троло фазла зеде.
 
Ме нервира квизов. Целиот концепт е океј, се бара знаења од сите подрачја, широки познавања .. Амаа зошто for God sake им е кажано на водителките да се понашаат така и да ги третираат натпреварувачите како да се последната дупка од свиролот. Ми се гади од тој однос и алергичен сум им на тие клише цитати за неуспешните.
 
Па шо не се збунил играчот. Еден така незнам за кое прашање беше, рече дека одговорот што го дал е синоним и му го призна. Јас да сум така заминувам од снимање, па да видам после што ќе прават.

Леле аман ќе снимаат со некој друг наместо тебе. Што се понашате за џабе ко шерифи.

--- надополнето ---

Амаа зошто for God sake им е кажано на водителките да се понашаат така и да ги третираат натпреварувачите како да се последната дупка од свиролот. Ми се гади од тој однос и алергичен сум им на тие клише цитати за неуспешните.

Затоа што тоа ја зголемува гледаноста. Квизот само што се појави во Британија му се закануваше на Милионер со популарност. И ова се должеше токму ради стилот на водителката. Им зборела на натпреварувачите "Вие имате ли прво одд завршено?" и нешто слично.
 
абе ги изпрашуваат, пример, кој си кај живееш ова тоа....КАДЕ РАБОТИШ, КАКОВ ФАКУЛТЕТ ИМАШ ЗАВРШЕНО - завршив микробиологија....ок....ШТО ПРАВИШ ВО СЛОБОДНО ВРМЕ - гледам филмови .... ахахммм....
- микробиологија велиш - еве ти прашања на тебе од историја
- гледаш филмови - еве ти прашања тебе од спорт

не велам дека тоа е пресуден фактор, но нечесно ги намалуваат шансите на натпреварувачите
 
Ми се допаѓа и квизот и водителката. Не бидете буквалисти, таков е концептот, а е пресликан во оригиналост до секога детал. Браво за продукцијата или тв, зависи кој го работи.
Го глеам скоро секоја недела.
 
абе ги изпрашуваат, пример, кој си кај живееш ова тоа....КАДЕ РАБОТИШ, КАКОВ ФАКУЛТЕТ ИМАШ ЗАВРШЕНО - завршив микробиологија....ок....ШТО ПРАВИШ ВО СЛОБОДНО ВРМЕ - гледам филмови .... ахахммм....
- микробиологија велиш - еве ти прашања на тебе од историја
- гледаш филмови - еве ти прашања тебе од спорт

не велам дека тоа е пресуден фактор, но нечесно ги намалуваат шансите на натпреварувачите
Па ајде да не се натпреваруваат ич, одма парите да им ги дадат на рака..
 
Општо концептот на Најслаба Алка е идиотски - можеби единствениот квиз кај што можеш да испаднеш ако премногу знаеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom