Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Топло да ве греат, и со помали сметки (за струја) да си ја вратите инвестицијата. (y)
 
Заради тој пуст еуровент кој го нема Грее страдаат 10 форуми за греење. Да имаа еуроевнт се ќе беше јасно во 5 страни дискусија.

Башка конечно Хансол со нормална цена.
 
@omlet13m
Со среќа, многу години да те тера, најважно од се, да ги задоволи твоите потреби во целост.
@Vanlok
За тоа пишував во првиот пост, камо да има повеќе позитивна енергија, споделувања на искрени искуства, а помалку агресивни дилери/продавачи што ќе не убедуваат дека нивното е најдобро.

Жално е што многу малку се зборува за пост продажни искуства, почнувајќи од монтажата. Нема милион фирми во Македонија што монтираат клими. Тие што се непрофесионални треба јавно да бидат обелоденувани на дневна база.

Кога нов корисник ќе дојде во ситуација да купува клима, нека има основен филтер. Да ги прерипа "лошите", да одбере фирма/сервис за кои има најмалку поплаки. И тоа е некаков чекор во вистинска насока.
 
Затоа што твојов пост е идеален пример за хејтање на Гри и нудење "алтернативно" решение.
Комплетно грешно. Јас бев тој кој има кажано дека Hansol-от е bestbuy. Само за твое подсетување.
Генерално според мене изгледа дека Hansol е bestbuy.
И мислев дека е ѕвер клима, тешка, со 1,3кг фреон, дека грее без проблеми и е економична и заради тоа ја препорачав. И излезе дека е само продавање на магла, од страна на Gree лобито.

Со твоите истомисленици извлековте (или се обидовте) заклучок дека тежината на надворешната единица не била важна.
Повторно комплетно без врска. Јас не реков дека тежината нема врска, во предходниот пост ти споменав дека може да се компензираат некои компоненти. Може металниот оклоп да го замениш со пластичен, може да развиеш комплетно нова, полесна и поефикасна легура за изменувачот....и тнт.

А по твојава логика дека без исклучок потешка единица = поквалитетна клима излегува дека Hansol со 43кг надворешна единица е подобар од NocriaX со 41кг, иако Fujitsuto кое милуваш да го споменуваш дава има 5KW номинална топлина и 9KW максимална, и на се тоа поголем со COP.
Али нема везе, гарант е нафурано, па ќе рикне за некоја година и Hansol-от ќе го вати на кондиција.
 
@mdeni, Цената е таа истата веќе 6-7 години, претходно уредов се продавал како Vivav gexi пак за 40к, но сега редовна му е 43к. Спротивно од општото мислење, климите воопшто не поевтинуваат, напротив. Пред 10 години зедов ACP-18CH50GEI со double rotary Sanyo C-6RVN93H0V компресор, 52кг надворешна, 1.6кг фреон, ја платив 43.000 денари тогаш, не беше на попуст ниту се ценкав, таа беше цената. Со истите перформанси денес таква клима чини приближно 60.000 - 70.000 денари.

Што ќе кажеш ти во врска со ова прашање:

Едно прашање. Дали да го инсталирам Хансолот со основниот минумум од 3 метри цевки или да ставам 5 метри? Во упатството пишува 5 метри. Искуства, референци, мислења, линкови некој?
 
Повеќе од три години ја пратам темава.

Со твоите истомисленици извлековте (или се обидовте) заклучок дека тежината на надворешната единица не била важна..
Пошто се чувствувам повикан ќе ти одговорам.

Ако си ја прател темава 3 години, ќе знаеш дека биле споредувани тежини на надворешни скоро до грамажа, небаре злато купуваат.

Друго, никој не кажа дека 43=26, али и 43=/=43 од различен производител ( можда дури и од ист за различен модел).

Во услови кога не се знаеа/знаат техничките спецификации на надворешната се споредуваа тежини, ко да купуваш мачка во вреќа со други зборови. Да се знаат технички спецификации и да се разберат најбитно никој нема да се фаќа за тежината ко факт.
 
https://www.aliexpress.com/item/Bro...lgo_pvid=8ba4d65a-c370-4a82-b235-fe3272a98244
I ne samo klimata tuku i TV i sve sto ti funkcionira na klasicno daljinsko ke reguliras po doma, koga si doma ama i koga si nadvor od doma preku aplikacija na tvojot smartfon. Odavna e pisuvano ovde (a neli samo prepucavanje imalo i nemalo sto da se nauci) za ovoj i slicnite uredi na Broadlink http://www.ibroadlink.com/index.html seriozna rastecka 100% KINEZ firma koja im gi zamrsi koncite na mnogu proizvoditeli (citaj derachi ili brichachi) na razno-razni skapi dodatoci za klimi i mnogu drugi domasni elektronski proizvodi i za bagatelni ceni ovozmozija na obicen narod da si gi "avtomatizira" domovite nesto koe do nivnoto pojavuvanje bese mislovna imenka za luge so plitok dzeb...

Јас таман почнував да се распрашувам за Wi-Fi модул за мојата FH35-VE, ова дојде како порачано :) Меѓутоа, кога ќе размислам подобро, од почетокот на овој месец веќе не ја исклучувам климата, само ја регулирам на 18с кога не сум дома, и 23 кога сум (30 и max fan speed после капење, да ми дува директно во мене), а овие „операции“ можам да ги меморирам со далечинското, така да нема да имам многу корист од ова (засега), а она што повеќе ме заинтересира е Broadlink Smart Plug уредот.

Конкретно, сакам да почнам да ја мерам потрошувачката на климата во текот на еден месец. Штура пресметка, за септември (без клима), сметката за струја беше 1000 денари, а за октомври (со 15-20 дена клима и 4-5 дена панел во спалната) ми дојде 1750 денари. Секако, климата не работеше нон-стоп, ја пуштав по потреба од 17 до 23 часот. За ноември, ќе чекам да ме изненадат од ЕВН, ама мислам дека најмногу што треба да дојде е 2500.

Е сега, за Broadlink Smart Plug. На официјалната страна има еден куп функции, ама нигде не гледам Power Consumption. Прочепкав малку на Ebay, и најдов 2 линкови:

- BroadLink SP3 WiFi Phone Remote Control Timer Smart Power Socket Outlet EU Plug
- BROADLINK WiFi Smart Power Remote Control Timer Timing Switch Socket Outlet EU

Првиот линк ги има горе-долу истите функционалности како што се опишани на официјалната страна, но вториот линк веќе на првата слика е напишано Smart Plug with Power Meter. На изглед се истите, но не знам дали можеби има верзии од истиот уред каде што еден поддржува Power Consumption а другиот не. Дополнително ме буни сликата на вториот линк за Power Meter, ја симнав апликацијата е-Control на Broadlink, но воопшто не изгледа како на сликата од вториот линк. Исто така, на апликацијата треба да е регистриран уредот за да можам да влезам во опциите за тој уред, така што само инсталирање на апликацијата не ти дава многу информации за уредите кои што можеш да ги поврзиш. Уште една работа е тоа што на вториот линк на сликата од апликацијата, уредот го пишува како SP3S(15A), додека на првиот линк е само SP3, па затоа ме буни дали можеби има повеќе верзии од „вражулево“.

Дали некој го има ова и може да сподели искуство?
 
Комплетно грешно. Јас бев тој кој има кажано дека Hansol-от е bestbuy. Само за твое подсетување.

И мислев дека е ѕвер клима, тешка, со 1,3кг фреон, дека грее без проблеми и е економична и заради тоа ја препорачав. И излезе дека е само продавање на магла, од страна на Gree лобито.


Повторно комплетно без врска. Јас не реков дека тежината нема врска, во предходниот пост ти споменав дека може да се компензираат некои компоненти. Може металниот оклоп да го замениш со пластичен, може да развиеш комплетно нова, полесна и поефикасна легура за изменувачот....и тнт.

А по твојава логика дека без исклучок потешка единица = поквалитетна клима излегува дека Hansol со 43кг надворешна единица е подобар од NocriaX со 41кг, иако Fujitsuto кое милуваш да го споменуваш дава има 5KW номинална топлина и 9KW максимална, и на се тоа поголем со COP.
Али нема везе, гарант е нафурано, па ќе рикне за некоја година и Hansol-от ќе го вати на кондиција.
Ако тебе или на твојот другар не ви се погодил конкретниот примерок на Хансол, дали тоа значи дека моделот е тапа? Можеби е со фабричка грешка? Можеби монтажата била лоша (истекол фреон, лошо вакумирање)? Дали твоето решение за проблемот подразбира да одиш по сите балкански форуми и да плукаш по Хансол/Гри? Мислиш дека кај други фирми нема слични или исти проблеми?

И на крајот тргаш во осветничка мисија, убедувајќи неупатени потенцијални купци дека е подобро да купат климиче што можат под мишка да го стават и тоа ќе ги згреело сред лута зима? За "само" 42.1 К. Што ако некому му се тоа последни пари, или зел кредит со некоја луда камата, па наместо 15 кубика дрва го зел тоа смешно климиче? Греота е да го носиш на душа.

Тоа е многу неодговорно и себично. Правиш потенцијална штета на многу луѓе, за ти да им се осветиш на Гри и нивните мегафони тука на форумов...
Верувај, јас ја имам замразено таа фирма од нив самите и нивните постапки. Но зошто да не бидеме објективни, Хансолот е одлична клима, особено по оваа цена што се нуди.

Тоа што ти е на место, е нивната негрижа откако ти ги зеле парите. За тоа треба да зборуваш и имаш од мене максимална поддршка. За жал Гри не се единствени, по мене најголемиот број фирми се такви. Се ќе направат да ни ги лапнат парите и после трчај, моли, ако имаш проблем. За тоа треба да се зборува и тука нема милост кон ниту една фирма. Мора да си ги браниме своите права како потрошувачи...

Споредбата со NocriaX не ти ја разбирам. Разликата во 2 кг е занемарлива, ако ме прашуваш што јас би одбрал, за 40, или 38К :), би одел на Нокриа. Мислам дека е подобра клима. Ако ми ја обезбедиш за 38К, I'm all in.
За играчката ASYG12LMCE мислам дека ти објаснив во првиот пост.

@beneamata
Kако што пишав во првиот пост, ги разгледав сервисните мануели, а тежината ја одбрав како едноставна информација што во конкретниот пример ги осликува битните параметри на двете клими. Што мислиш ти, големината на изменувачот игра било каква улога во таа приказна? Повеќе/подолги бакарни цевки изложени на помал или поголем вентилатор, ти текнува? Или кај Fujitsu e се направено од супер лесни легури, НАСА технологија и не важат основните правила од физика за 6-то одделение? Еден ден и ќе се направи такво чудо од клима, можеби баш од Fujitsu, но што мислиш, ќе се продава кај нас за 42К?
 
Последно уредено:
Пишете ме и мене за една Nocria од 40К денари.... Всушност, за ТРИ комада запишете ме.
Плаќам во кеш!

**спрема огласи за продавање***
 
@mdeni, Цената е таа истата веќе 6-7 години, претходно уредов се продавал како Vivav gexi пак за 40к, но сега редовна му е 43к. Спротивно од општото мислење, климите воопшто не поевтинуваат, напротив. Пред 10 години зедов ACP-18CH50GEI со double rotary Sanyo C-6RVN93H0V компресор, 52кг надворешна, 1.6кг фреон, ја платив 43.000 денари тогаш, не беше на попуст ниту се ценкав, таа беше цената. Со истите перформанси денес таква клима чини приближно 60.000 - 70.000 денари.

Што ќе кажеш ти во врска со ова прашање:
иако прашањето е за друг ќе се обидам јас да дадам едноставен и краток одговор - ПОСКАП ДОЛАР во однос од пред 10 год.
 
иако прашањето е за друг ќе се обидам јас да дадам едноставен и краток одговор - ПОСКАП ДОЛАР во однос од пред 10 год.
Да го земеме тој податок, да претпоставиме дека и тогаш и сега климите се продавале во кина во USD. Најдов податок дека тогаш соодносот USD/EUR бил 1.36, денес е 1.16, што е поскапување на доларот од 17%. Што значи климата од 43 денес би чинела 50к. Но таа е многу поскапа од 50, цената е скоро 70. Технологијата оди напред, цените треба да паѓаат. Но тоа евидентно не се случува. Поевтините цени се исклучиво заради намалувањето на димензиите на компресорот и изменувачот, а перформансите се надокнадуваат со агресивна електроника. Денес 18ка се декларира и клима уред со 33кг, порано минимум беше 50+кг.
 
813.jpg




Едно прашање. Дали да го инсталирам Хансолот со основниот минумум од 3 метри цевки или да ставам 5 метри? Во упатството пишува 5 метри. Искуства, референци, мислења некој?
Не сум сосема сигурен. Но пошто никој друг не ти одговори, мислам дека под 3 метри не би смеел да ги оставиш да идат. Ако е 3.5кв моделот 3 метри би требало секако да е ок. За 5кв моделот, би размисли да им доплатам на монтерите уште 2 метри.

Ова што ти го кажувам нема да ти направи зијан, а дали баш така е најдобро... Ај ваљда ќе каже некој што знае повеќе.
 
Оде и LCK. Не ми е јасно, ги терал пет жени да го гледаат како си го мава. Како тоа ги терал?
 
На фреонот му е потребно одредено време да се претвори од течна во гасовита состојба. Должината на цевките го одредуваат тајмингот со својата должина. Но кога ќе влезе во внатрешната единица, поминува низ многу тесни долги цевчиња (изменувачот) и во гасовита состојба ослободува топлина.
Како што кажа @Vanlok, не е до толку критично. Тука влијае притисокот со кој компресорот го "бутка" фреонот и секако електрониката. Најголем број клими се тримирани идеално да функционираат со 5 метарски црева. Но тоа подразбира во системот да е "наточена" идеалната количина фреон (на пример 1 кг). Но која фабрика при масовно производство на лента ќе го испочитува тоа? Може да има 0.95 или 1.05 кг. Дозволена толеранција, на тоа се вадат. Но тоа не го знае купецот, монтерот, ниту фирмата што ги увезува/продава.

Крајниот исход значи +- 5% поголем или помал коефициент на топлотна искористивост. И да е 10%, не знаеме во чија полза би одело тоа (наша или EVN). ;)

@omlet13m
Пред некое време некој постираше тука на форумов скенирана гаранција од Гри.
- Задолжително вакумирање...
- Задолжителни 2.5 - 3 метри инсталација...

Држи се до овие правила, или не потпишувај ништо. Најдобро во старт да им го кажеш тоа, барај строго 3+ метри цевки, и 30 минути вакумирање. Немој да дозволиш некој идиот да ти стави метро црева и да се убие од вакумирање ... од цели 5 минути. Тука више ништо од погоре пишаното не важи и можеш да очекуваш проблеми. Далеку било.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom