SpiderWeb
ја заменува титулата под името во вашите мислења.
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 632
- Поени од реакции
- 622
Јас таман почнував да се распрашувам за Wi-Fi модул за мојата FH35-VE, ова дојде како порачано Меѓутоа, кога ќе размислам подобро, од почетокот на овој месец веќе не ја исклучувам климата, само ја регулирам на 18с кога не сум дома, и 23 кога сум (30 и max fan speed после капење, да ми дува директно во мене), а овие „операции“ можам да ги меморирам со далечинското, така да нема да имам многу корист од ова (засега), а она што повеќе ме заинтересира е Broadlink Smart Plug уредот.https://www.aliexpress.com/item/Broadlink-RM-Mini-3-Black-Bean-Smart-Home-Automation-Universal-Wifi-Switch-Remote-WiFi-IR-Controller/32829414155.html?spm=2114.search0104.3.16.9wVVnx&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_3_10152_10065_10151_10068_10344_10345_10342_10343_10340_10341_10541_10307_5670020_10060_10155_10154_10056_10055_10539_10537_10536_10059_10534_10533_100031_5740020_10103_10102_10142_10107_10084_10562_10083_10563_10561_10566_10564_10565_5650020_10179_10312_10313_10314_5660020_10550_10073_10551_10552_10553_10554_10557,searchweb201603_2,ppcSwitch_5&btsid=dc934ad5-4f86-4f0d-80e0-83daa42c0833&algo_expid=8ba4d65a-c370-4a82-b235-fe3272a98244-2&algo_pvid=8ba4d65a-c370-4a82-b235-fe3272a98244
I ne samo klimata tuku i TV i sve sto ti funkcionira na klasicno daljinsko ke reguliras po doma, koga si doma ama i koga si nadvor od doma preku aplikacija na tvojot smartfon. Odavna e pisuvano ovde (a neli samo prepucavanje imalo i nemalo sto da se nauci) za ovoj i slicnite uredi na Broadlink http://www.ibroadlink.com/index.html seriozna rastecka 100% KINEZ firma koja im gi zamrsi koncite na mnogu proizvoditeli (citaj derachi ili brichachi) na razno-razni skapi dodatoci za klimi i mnogu drugi domasni elektronski proizvodi i za bagatelni ceni ovozmozija na obicen narod da si gi "avtomatizira" domovite nesto koe do nivnoto pojavuvanje bese mislovna imenka za luge so plitok dzeb...
Конкретно, сакам да почнам да ја мерам потрошувачката на климата во текот на еден месец. Штура пресметка, за септември (без клима), сметката за струја беше 1000 денари, а за октомври (со 15-20 дена клима и 4-5 дена панел во спалната) ми дојде 1750 денари. Секако, климата не работеше нон-стоп, ја пуштав по потреба од 17 до 23 часот. За ноември, ќе чекам да ме изненадат од ЕВН, ама мислам дека најмногу што треба да дојде е 2500.
Е сега, за Broadlink Smart Plug. На официјалната страна има еден куп функции, ама нигде не гледам Power Consumption. Прочепкав малку на Ebay, и најдов 2 линкови:
- BroadLink SP3 WiFi Phone Remote Control Timer Smart Power Socket Outlet EU Plug
- BROADLINK WiFi Smart Power Remote Control Timer Timing Switch Socket Outlet EU
Првиот линк ги има горе-долу истите функционалности како што се опишани на официјалната страна, но вториот линк веќе на првата слика е напишано Smart Plug with Power Meter. На изглед се истите, но не знам дали можеби има верзии од истиот уред каде што еден поддржува Power Consumption а другиот не. Дополнително ме буни сликата на вториот линк за Power Meter, ја симнав апликацијата е-Control на Broadlink, но воопшто не изгледа како на сликата од вториот линк. Исто така, на апликацијата треба да е регистриран уредот за да можам да влезам во опциите за тој уред, така што само инсталирање на апликацијата не ти дава многу информации за уредите кои што можеш да ги поврзиш. Уште една работа е тоа што на вториот линк на сликата од апликацијата, уредот го пишува како SP3S(15A), додека на првиот линк е само SP3, па затоа ме буни дали можеби има повеќе верзии од „вражулево“.
Дали некој го има ова и може да сподели искуство?