Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Еве низ старите постови успеав да ја го најдам Eurovent-от за Hansol преку York, кој ги имаше постирано Strelec. Strelec тогаш имаше и постирано листа на кодови за деловите и мислам дека беа идентични, така да освен ако нема некоја разлика во алгоритмот би требало да има никаква разлика. Еве и линк до постот ако сакаш подетално да ги провериш кодовите Најекономично греење (затоплување)
ev-jpg.156501

Е сега ова е за GWH12TB-S3DNA1D со Sanyo компресор но не верувам дека има некаква разлика со S3DNA2D, освен можеби козметичка.

Дали со овие спецификации Hansol-от е bestbuy? Во никој случај. За тие пари веќе имаш јапонски бренд со идентични спецификации.

Fujitsu AOYG12LMCE / ASYG12LMCE во Хидросет кошта 42.000 редовна цена, има идентични спецификации и ако не се лажам има тригодишна гаранција.
21617960_1459145214175845_2594849110160342224_n.jpg

Hansol-от со сегашниот попуст и доплата од 800ден/год за продолжување на гаранцијата ќе те кошта 41.500.
Иначе еве и Eurovent за Fujitsu-то.
Прегледај го приврзокот 180033[DOUBLEPOST=1510252753][/DOUBLEPOST]А да не речат дека продавам и агитирам за Fujitsu ти апелирам слободно да разгледаш и други брендови, можеби и 14.000BTU единици или можеби и 18.000BTU од поевтини брендови.
Повеќе од три години ја пратам темава. Во одреден момент и се регистрирав, ама намам ништо пишувано до сега.
Факт е дека Стрелчо и неговата пијавица од Битола направија да ја замразам Гри како фирма, ами вие 'контра-гри', исто, ако не и повеќе претерувате.

Тоа што беше перење мозок дека Гри се најдобри во свет, вие го свртевте во "сите против нив" акција. Веројатно и заслужено, но каде е тука крајот?
Ако некој реши да купи клима, а нема доволно знаење, кај ќе заврши?
Или овие од Гри ќе му убутаат нешто по секоја цена, или вие "анти-Гри" здружените ќе го прелажете да земе било што, само да не е Гри.

Зошто ти реплицирам токму тебе и тоа во првиот пост што го пишувам на овој форум?
Затоа што твојов пост е идеален пример за хејтање на Гри и нудење "алтернативно" решение.

Зеде да споредуваш климиче-играче со Хансол/Sanyo.
Ги прегледав сервисните мануели на двете клими. Знаеш што споредуваш?
26 килограми надворешна, наспроти 43 кг.
8.5 кг внатрешна, наспроти 11 кг.
610 ватен single rotary компресор, наспроти 800 ватен twin rotary.
0.85 кг фреон, наспроти 1.3 кг.
и т.н. ...

Со твоите истомисленици извлековте (или се обидовте) заклучок дека тежината на надворешната единица не била важна. Проблемот е што тоа е далеку од вистината. Тежината не ја одредува само компресорот, туку и изменувачот. Неговата големина влијае на ефикасноста на климата како ќе го претвора гасот од една во друга состојба (гасовита или течна). Истото важи и за внатрешната единица, колку ефикасно топлината ќе се пренесе од изменувачот (преку вентилаторот - цилиндер), во вашата соба...

Уште еднаш да се потсетиме:
26 кг vs 43 кг
8.5 кг vs 11 кг
Ова е далеку од исто... Имаше овдека на темава луѓе што ја разбираат оваа проблематика и во повеќе наврати објаснуваа, изнесуваа ставови дека клима без 1 кг фреон не е "вистинска" клима. Каде е тука твоето Fujitsu со неговите грандиозни 850 грама фреон? Барем да направеше споредба со Ломо ЛЦЛХ или Вивакс АЕРИ, па да беше објективна компарацијата...

Исто така тврдиш и дека се иста цена. Повторно погрешно. 42.1 К не е исто што и 39.9 К. Ако влезеш во салонот на Гри и прашаш за цена (плаќање во кеш), веднаш ти нудат 5% попуст. Ако си упорен ќе добиеш и повеќе. Значи во најмала рака го добиваш Хансол за 38К. За да бидеме објективни, можеби и Fujitsu ќе го добиеш со одреден попуст, но пак ќе остане разлика... освен ако не ти го дадат за иста цена (?). Ќе провериш, па ќе ни кажеш. ;)

Податоците од Eurovent велиш дека се идентични. Како за кого... Мал компресор "одврнат" на 200% колку да извади резултат и посупериорен / помоќен што работи во склоп на своите можности е исто? Колку ќе биде трајноста на едниот и на другиот? Зборуваме за период од 5 - 10 години активна работа. Секој ќе си донесе свој заклучок, колку и да е очигледно.

Поимот јапонска клима е смешен. Сите производители од Јапонија одамна го имаат префрлено своето производство таму каде што им е најевтино - Кина, Малезија, Филипини, Кореа, Турција, Словачка... Тоа е глобална бизнис политика, водена од суровите закони на конкуренцијата. Сите се обидуваат да произведат што е можно поевтино, а да продадат поскапо. Така функционира овој глобален свет за било каков производ, па и за климите.

Поздрав,
и еден апел од мене, ако може и двата табора да престанат со форсирање полу-вистини и форсирање брендови. Не сте ни свесни колку луѓе доаѓаат на темава да побараат искрен совет и мислење ... а можеби сте свесни ???

За жал фалат искрени информации од вистински корисници, а има премногу наметнувања и хејтања од дилери, продавачи што се обидуваат да ќарат процент од некој наивен, неинформиран потенцијален купец...
 
Убаво кажано, се согласувам ама јас лично би го додал и следново: „јапонските“ брендови имаат некои финеси и софистикација која кај Гри не ја гледам (би требало да знам со 2 Гри клими, и уште две по најблиски роднини). Софтверот и електрониката, тоа се пар работи за кои „јапонците“ се во предност пред Гри, колку што Гри е во предност (за истите работи) пред разните Мидеи кои се продаваат со налепници (Вивакс, Квадро, Кјато, итн).

Но да повторам, финеси и софистикација се само еден дел од сликата. Тоа проаѓа кај луѓе кои живеат во објекти со одлична изолација. Кај мнозинството други, со лоша или просечна изолација, таму е потребна СИЛА а без финеси (и макс. заштеда) се може.

Сирова сила си е сирова сила. А кога зборуваме за сирова сила за минимум пари - на Гри едноставно му нема рамен за парите.
Зеде да споредуваш климиче-играче со Хансол/Sanyo.
Ги прегледав сервисните мануели на двете клими. Знаеш што споредуваш?
26 килограми надворешна, наспроти 43 кг.
8.5 кг внатрешна, наспроти 11 кг.
610 ватен single rotary компресор, наспроти 800 ватен twin rotary.
0.85 кг фреон, наспроти 1.3 кг.
и т.н. ...
 
Една пијаница си ја тера агендата од неколку профили.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Малку тешко дека ќе го земеш Хансолот за 38к. Пробав деновиве. Денар не спуштаат од 40к
 
Клима се купува на пролет.




Ако сакаш со попуст да ја купиш. :)
 
Едно прашање. Дали да го инсталирам Хансолот со основниот минумум од 3 метри цевки или да ставам 5 метри? Во упатството пишува 5 метри. Искуства, референци, мислења некој?
 
Малку тешко дека ќе го земеш Хансолот за 38к. Пробав деновиве. Денар не спуштаат од 40к
А што ако сум го зел Хансолот за 38К ?
Следно ќе бараш да ти приложам фискална. И ќе го направам и тоа.
На крајот ќе ми честиташ на новата клима, ќе ми посакаш да ми трае долги години?
Или ќе настапиш со коментар дека сум се заебал и ќе било подобро да купам било што, само не Гри клима?
 
Ценкањето е вештина. Но помага ако купуваш кога побарувачката е најмала.
 
Топло да ве греат, и со помали сметки (за струја) да си ја вратите инвестицијата. (y)
 
Заради тој пуст еуровент кој го нема Грее страдаат 10 форуми за греење. Да имаа еуроевнт се ќе беше јасно во 5 страни дискусија.

Башка конечно Хансол со нормална цена.
 
@omlet13m
Со среќа, многу години да те тера, најважно од се, да ги задоволи твоите потреби во целост.
@Vanlok
За тоа пишував во првиот пост, камо да има повеќе позитивна енергија, споделувања на искрени искуства, а помалку агресивни дилери/продавачи што ќе не убедуваат дека нивното е најдобро.

Жално е што многу малку се зборува за пост продажни искуства, почнувајќи од монтажата. Нема милион фирми во Македонија што монтираат клими. Тие што се непрофесионални треба јавно да бидат обелоденувани на дневна база.

Кога нов корисник ќе дојде во ситуација да купува клима, нека има основен филтер. Да ги прерипа "лошите", да одбере фирма/сервис за кои има најмалку поплаки. И тоа е некаков чекор во вистинска насока.
 
Затоа што твојов пост е идеален пример за хејтање на Гри и нудење "алтернативно" решение.
Комплетно грешно. Јас бев тој кој има кажано дека Hansol-от е bestbuy. Само за твое подсетување.
Генерално според мене изгледа дека Hansol е bestbuy.
И мислев дека е ѕвер клима, тешка, со 1,3кг фреон, дека грее без проблеми и е економична и заради тоа ја препорачав. И излезе дека е само продавање на магла, од страна на Gree лобито.

Со твоите истомисленици извлековте (или се обидовте) заклучок дека тежината на надворешната единица не била важна.
Повторно комплетно без врска. Јас не реков дека тежината нема врска, во предходниот пост ти споменав дека може да се компензираат некои компоненти. Може металниот оклоп да го замениш со пластичен, може да развиеш комплетно нова, полесна и поефикасна легура за изменувачот....и тнт.

А по твојава логика дека без исклучок потешка единица = поквалитетна клима излегува дека Hansol со 43кг надворешна единица е подобар од NocriaX со 41кг, иако Fujitsuto кое милуваш да го споменуваш дава има 5KW номинална топлина и 9KW максимална, и на се тоа поголем со COP.
Али нема везе, гарант е нафурано, па ќе рикне за некоја година и Hansol-от ќе го вати на кондиција.
 
@mdeni, Цената е таа истата веќе 6-7 години, претходно уредов се продавал како Vivav gexi пак за 40к, но сега редовна му е 43к. Спротивно од општото мислење, климите воопшто не поевтинуваат, напротив. Пред 10 години зедов ACP-18CH50GEI со double rotary Sanyo C-6RVN93H0V компресор, 52кг надворешна, 1.6кг фреон, ја платив 43.000 денари тогаш, не беше на попуст ниту се ценкав, таа беше цената. Со истите перформанси денес таква клима чини приближно 60.000 - 70.000 денари.

Што ќе кажеш ти во врска со ова прашање:

Едно прашање. Дали да го инсталирам Хансолот со основниот минумум од 3 метри цевки или да ставам 5 метри? Во упатството пишува 5 метри. Искуства, референци, мислења, линкови некој?
 
Повеќе од три години ја пратам темава.

Со твоите истомисленици извлековте (или се обидовте) заклучок дека тежината на надворешната единица не била важна..
Пошто се чувствувам повикан ќе ти одговорам.

Ако си ја прател темава 3 години, ќе знаеш дека биле споредувани тежини на надворешни скоро до грамажа, небаре злато купуваат.

Друго, никој не кажа дека 43=26, али и 43=/=43 од различен производител ( можда дури и од ист за различен модел).

Во услови кога не се знаеа/знаат техничките спецификации на надворешната се споредуваа тежини, ко да купуваш мачка во вреќа со други зборови. Да се знаат технички спецификации и да се разберат најбитно никој нема да се фаќа за тежината ко факт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom