N
nikola2004mkd
Гостин
Во законската регулатива уредот мора да се сервисира во рок од 30 дена, и тоа нормални денови (не работни). Доколку уредот не може да се сервисира, тогаш мора да биде заменет со нов или да биде рефундирана платената цена. Тоа значи дека ако уредот е платен 60.000, мора да се рефундираат 60.000 иако уредот можеби е моментално на попуст и се продава за 45.000.
Продавачот може да се заложи за помали рокови на пример 10 дена, но не и поголеми од 30. Во случај доколку продавачот си даде поголем сервисниот рок од 30 дена истиот е неважечки. Пример, Gree иако си дава 45 дена, законски е обврзан на максимум 30 дена.
Продавачот а не сервисерот одговара за сервисот на уредот пред купувачот и пазарната инспекција.
А, ако бараш сервис од Gree тие најверојатно се кријат од незадоволни купувачи, барем од искуството низ кое помина мојот пријател со проблематичниот Hansol кој јас му го препорачав, благодарение на форумов. Пример, кога се јавија почетните проблеми, и кога пријателот ги пријави првичните проблеми, од Gree му сугерирале повторно да ги затвори отворот за цевките на ѕидот. Одкога тоа го направил, и ги инфомирал дека проблемот не бил решен, никогаш повеќе не успеал да ги добие директорот Блажо со кого комуницирал за проблемот. Блажо Зорба пак арогантно му ставил на знаење дека немал намера да прави трошоци занимаваќи се со неговиот проблем, по што прекинал да му се јавува.
И уште еден совет. Кога купувате било каков уред да го купувате од местото каде живеете, бидеќи во случај да треба да барате помош од ДПИ надлежно е одделението во градот каде е продавачот. Пример, ако сте порачале клима од продавницата на Gree, во Скопје, иако може да ви е доставена по карго во Охрид, на пример, за да добиете заштита и помош во случај на спор ќе треба да се обратите во канцеларијата на ДПИ во Скопје.