Прашај утре по фирмиве што има или нема на лагер од овие што ти ги напишав па од тоа што ке ти кажат ке праиме муабет пак утре. Реално како што ти кажа и
@Kandilce просторот не го опиша доволно, но бидејки спомна дека треба да ти е потопло како посигурна варијанта ми е да идеш на 5,5ка. Компромисот сепак ке треба сам да го направиш во зависност дали топлината или сметката за струја ти е побитна. Ова го кажувам заради фактот што 5,5Kw клима неможе да има минимална потрошувачка како 3,5ка, што значи дека и во најтопли денови ке троши повеќе. Но затоа па и во најладните денови нема да имаш потреба да пушташ термо печки за да достоплиш па тука со сметката ке ги престигнеш оние што имаат 3,5ка а догреваат. Две убавини нема

По 15часа да грееш со 5,5ка и да троши 1000W у просек би ти потрошила до 3000ден и евентуално 4000ден во најладниот месец.
Топ листа која прва која втора не би правел зашто одма ке бидам обвинет за велеиздаја и заработувам процент за некоја фирма

Бидејки си во специфична ситуација па неможеш многу да шеташ и разгледуваш ке го додадам и ова мое лично размислување чисто како информација, пример Даикин може ке ти кажат дека го нема на лагер и ке треба да го платиш па да чекаш 15-20дена, Hitachi PPA (ne PPB ponoviot модел) е може најдобар избор по спецификација(само да не е made in Spain), најмногу топлина дава и твин ротари компресор, но досега го нема купено никој Hitachito и незнаеме како работи, прашање и тој дали го има на лагер. На крај доаѓаме до Грее Ломо или Хансол(овој не го спомнав) кој сигурно го има на лагер, најевтин е и за ден два ке ти биде намонтиран. Секоја од овие клими има свои + и свои минуси и не се купува вака набрзина ама ете пак ке мораш да избереш нешто. Со добри прозори и ако си во стан вероватно и Mitsubishito ке ти заврши работа, ако е куќа и слабо изолирана мора 5,5ка.