Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Увек може и ѕидно да биде... (ги имаше некои на маркет-конект мк нудеа изведба на ѕидно греење). :)
 
Smrt za zoni i pajak voz-moze malku poveke da mi kazes, dnevnata e 20 m2, vkupno so se cela potrosuvacka mesecno kolku bi idela smetkata za struja i kakov model koristis ti

Јас имам три обични клими 3,5. Станот е 70 м2 - трособен, значи во секоја соба имам клима, а кујната се затоплува со „ со отворени врати “ или со инфра - греалка. Станот нема посебна изолација, дрвенаријата е стар се наоѓа на најгорен кат, под рамна тераса, нема заеднички ѕидови со соседите - што значи е максимално оптеретен
До летото 2012 односно пред регулаторна да ја укине дневната ефтина тарифа и со тоа ја поскапи струјата за 30% сите три клими работеа нон-стоп. Од тогаш, нон-стоп работат две клими, а третата ја вклучуваме по потреба. Демек „ штедиме “ не затоплувајќи една соба. Ова „ штедење “ ја намали потрошувачката на струја, во количина, за приближно 20%.
Значи во моментов затоплуваме околу 50 м2 нон-стоп со две клими.
Последна сметка од ЕВН е за периодот од 09. 11. до 11.12. 2013 и во тој период вкупно се потрошени 563 KWh по висока тарифа и 634 KWh по ниска тарифа за што е платено 5748 денари
Пред неа сметката е за период 10. 10 до 08. 11. 2013 кога се потрошени 303 KWh по висока тарфа и 421 KWh по ниска тарфа, за што е платено 3411 денари
Пред неа е сметката за период 11. 09. до 09. 10. 2013 кога е потрошено 245 KWh по висока тарифа и 378 KWh по ниска тарифа за што е платено, 2904 денари
А наполно летна сметка е пред неа за период 14.08 до 10.9 2013, кога се потрошени 300 KWh по висока тарифа и 305 KWh по ниска тарифа за што е платено 3031 денар
Ова година почнавме да затопливаме веднаш по први октомври кога нагло паднаа температурите

Но оваа потрошувачка се повторува и во претходната година
За период 09.11. до 10. 12 2012 потрошени се 580 KWh висока тарифа и 721 KWh ниска тарифа
за период 09. 10 до до 08. 11. 2012 потрошени се 304 KWh висока тарифа и 419 KWh

Да резимирам:
Ви сте набавиле клима со која можете да затоплувате многу повеќе од 20 м2. Вклучете ја и затоплувајте и поголем простор со отворени врати. Следниот месец точно ќе знаете колку климата троши. И таа потрошувачка секоја година ќе се повторува за соодветните месеци.
И не се грижете - Вие сте одбрале во моментов најекономично затоплување. Следна ефтина можност е огревно дрво, затоа следете ги и постовите околу затоплувањето со дрво
 
Ме интересира дали ако собната температура е да речеме 25 а инвертерот го ставам на 23 дали истиот ќе почне да дува ладен водух односно да лади.Во конкретен пример првично инвертерот беше ставен на 25 а подоцна кога го ставив на 22 као да почна да дува ладен воздух
 
По логика би рекол дека уредот не може да лади ако е ставен во мод на греење. Но обично продолжуваат да дуваат во некој минимален мод на работа, чисто за да го раздвижуваат топлиот воздух што природно се концентрира во горниот дел од собата (па од тоа доаѓа како да дуваат ладно). Ова зависи од уред до уред, некои не продолжуваат да дуваат кога е постигната температурата (но повеќето не престануваат).
 
Ме интересира дали ако собната температура е да речеме 25 а инвертерот го ставам на 23 дали истиот ќе почне да дува ладен водух односно да лади.Во конкретен пример првично инвертерот беше ставен на 25 а подоцна кога го ставив на 22 као да почна да дува ладен воздух
Ако е подесен на автоматика, ќе почне да лади. Ако е подесен на греење, ќе исклучи или минимално ќе дува.
 
Не знам како сум го промашил ова....ваљда стримот кога ми цркна, тогаш било :)

no9_1389633062.gif

Truer words have not been spoken.
 
Вечерва дознав дека на бензинските станици на Макпетрол, почнале да продаваат огревно дрво сечено во вреќи
Веднаш отидов да прашам на бензиската во Кисела Вода, ми рекоа дека повеќе немаат ( дека го продале ) и дека нема повеќе да добијат. Инаку цента наводно била 190 денари за вреќа од 15 килограми
Оваа цена е превисока ( речиси двојно ) но ете добро ќе биде ако огревното дрво може да се купи и во обични продавници.
 
Клими ...инвертери и што ли ја знам.
Треба да се одвои темата..... економично затоплување со инвертиер и посебна тема за останатото!
Стварно е мака да се фати еден пост за греење на дрва или нешто друго освен инвертери.

Така да ова е предлог до Владата.


Е сеа моето прашање....
Дај бре кој се грее на пелети нека каже искуство.
Ја читајќи ептен се загреав за котел на пелети (мада многу е скап).
Инаку ставив парно...земав еден стар котел за кој уште во старт знаев дека ќе имам проблем.
Сега сум за инвестирање пари во Котел....така да се мислам каде и за што да треснам пари.

Котел на дрва
Котел на пелети
Горилник на пелети кој би го ставил на постоечкиот котел (кој е стар и би ризикувал многу )

ПС.Размислете за поделба на темите....каде каде би било по прегледно и за двете групи!
 
Сакаш да кажеш тебе не те интересираат топлотни пумпи па ајде да се издвојат во одделни теми, за ти да не се замараш да ги прескокнуваш... ;)
Но поентата е дека, ако навистина те интересира економично греење, никако не смееш да ги игнорираш клима уредите. Немаш поим колку има такви како тебе што имаат предрасуди (не е здраво така да се грееш, нејќам на воздух да се греам, ќе ми дува промаја, итн, итн) за во прва прилика кога ќе можат реално да го искусат греењето од прва рака, да се предомислат. Ист беше брат ми, еве го сега со инвертор клима се грее прва година, и плаќа 2-3иљади денари струја месечно и е супер задоволен од греењето. (инаку летно време сметките им се само за пола пониски, па сега ти рачунај)


Нема логика раздвојување на темите. Ниту според целта на насловот горе (и на темата), ниту има логика, ако веќе се дели, да се подели на само две теми... Зошто тогаш ќе требаат
- економично затоплување со клими и генерално топлотни пумпи
- економично затоплување со природен гас
- економично затоплување со дрва
- економично затоплување со пелети
- економично затоплување со ......
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 10:45 ---
Е сеа моето прашање....
Дај бре кој се грее на пелети нека каже искуство.
Ја читајќи ептен се загреав за котел на пелети (мада многу е скап)
Пребарај низ темава со keyword пелети, се има зборувано и за нив. Еве пред пар страници некој прашуваше за софтвер за електорниката од неговата печка за пелети. Прашај го него за искуството (и зошто бара информации за подесување на софтверот)... и ќе ти станат појасни некои работи (од негативен аспект).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom