Најекономично греење и ладење

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Клими ...инвертери и што ли ја знам.
Треба да се одвои темата..... економично затоплување со инвертиер и посебна тема за останатото!
Стварно е мака да се фати еден пост за греење на дрва или нешто друго освен инвертери.

Така да ова е предлог до Владата.

Е сеа моето прашање....
Дај бре кој се грее на пелети нека каже искуство.
Ја читајќи ептен се загреав за котел на пелети (мада многу е скап).
Инаку ставив парно...земав еден стар котел за кој уште во старт знаев дека ќе имам проблем.
Сега сум за инвестирање пари во Котел....така да се мислам каде и за што да треснам пари.

Котел на дрва
Котел на пелети
Горилник на пелети кој би го ставил на постоечкиот котел (кој е стар и би ризикувал многу )

ПС.Размислете за поделба на темите....каде каде би било по прегледно и за двете групи!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Сакаш да кажеш тебе не те интересираат топлотни пумпи па ајде да се издвојат во одделни теми, за ти да не се замараш да ги прескокнуваш... ;)
Но поентата е дека, ако навистина те интересира економично греење, никако не смееш да ги игнорираш клима уредите. Немаш поим колку има такви како тебе што имаат предрасуди (не е здраво така да се грееш, нејќам на воздух да се греам, ќе ми дува промаја, итн, итн) за во прва прилика кога ќе можат реално да го искусат греењето од прва рака, да се предомислат. Ист беше брат ми, еве го сега со инвертор клима се грее прва година, и плаќа 2-3иљади денари струја месечно и е супер задоволен од греењето. (инаку летно време сметките им се само за пола пониски, па сега ти рачунај)

Нема логика раздвојување на темите. Ниту според целта на насловот горе (и на темата), ниту има логика, ако веќе се дели, да се подели на само две теми... Зошто тогаш ќе требаат
- економично затоплување со клими и генерално топлотни пумпи
- економично затоплување со природен гас
- економично затоплување со дрва
- економично затоплување со пелети
- економично затоплување со ......
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 10:45 ---
Е сеа моето прашање....
Дај бре кој се грее на пелети нека каже искуство.
Ја читајќи ептен се загреав за котел на пелети (мада многу е скап)
Пребарај низ темава со keyword пелети, се има зборувано и за нив. Еве пред пар страници некој прашуваше за софтвер за електорниката од неговата печка за пелети. Прашај го него за искуството (и зошто бара информации за подесување на софтверот)... и ќе ти станат појасни некои работи (од негативен аспект).
 
Не дека не ме интересираат...ама едно мислење за нешто друго се затрупува со 15-20 мислења за клими, така да и нема простор за некоја дискусија.

Инаку не размислувам за греење на инвертери затоа што имам куќа од некои 120м2 каде има 3 спални, еден салон, кујна и ВЦ.
Можеби вам ќе ви изгледа глупо...ама не ја гледам логиката климата да биде поекономична од парно на дрва во овој случај.
Не сум некој експерт за да кревам врева во врска со оваа полемика....ама некако ми нема логика.

Што се однесува до мислњеето....ако ти е при рака цитирај го, пошто од 7 сабајле вртам страна по страна и не најдов ништо.
ПС.Ќе праша газда шо сум изработил....ќе му кажам читав за инвертери, ако сакаш да ти споделам мислење!:)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Спомнатото мислење:
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-195#post-6316608

Втора работа, клик на линков доле:
http://forum.kajgana.com/search/39247139/?q=пелети&t=post&o=date

Можеби вам ќе ви изгледа глупо...ама не ја гледам логиката климата да биде поекономична од парно на дрва во овој случај.
Не сум некој експерт за да кревам врева во врска со оваа полемика....ама некако ми нема логика.
Гледај вака, како енергенс дрвото е најевтино и тоа не е спорно. Но ако тука ја вкалкулираш твојата инволвираност со личен труд и работа, дали е иста пресметката?

Пошто дрвата треба да се исечат, да се исцепат (ај за овие две можеш да платиш друг, ама цената расте), потоа на секое палење треба тие дрва да се наложат во печката (и да се запалат, што исто е работа и време), потоа треба редовно да се фрла пепел, и годишно да се чистат оџаци (ако сакаш да си безбеден и да не ризикуваш пожар), да не заборавиме и многу почести кречења или фарбања на ѕидовите на просторијата заради чадот кој некогаш се враќа и со најдобрите оџаци (негативен притисок)... итн... итн.

Еве и твојот газда сака за времето на работа да сработиш нешто пошто нели ти дава плата за тоа, значи твојата работа вреди пари. Така и твојата работа окулу греењето со дрва вреди пари.

Дали сега дрвата се сеуште толку поевтини?
Не се, ама ако немаш пари или имаш голем кеиф, дрвата се добар избор за греење... барем додека не се забранат во големите градови како Скопје, или не се регулира нивното согорување со поефикасни печки, за да не се гушиме како идиоти секоја зима.

Во врска со пелетите (наспроти климите), еве еден цитат. Но разгледај ги и мислењата од линкот погоре.
Кој е будала да фрла пари за скапа клима. Има поговорка дека сиромашниот и скржавиот на крај плаќа дупло. Тука е најдобар доказ за таа изрека. Инвертер или обична клима? Да се прави споредба со квалитетна класична клима која има добар цоп од 4+ како модели на даикин, мицубиши итн. кои имаат потрошувачка од 0.8 до 0.9 на испорачана 3.5-4кв топлина, ајде и да има логика да се спори дали инвертер мора или може и со обична. Арно ама и овие обични клими коштаа нешто помалце од инвертер и поради тоа веќе нема интерес да се произведуваат.
И сега споредба со нео и слични во тој ранг кои трошат 1.2-1.35 кв. на испорачана 3.5 кв топлина!! Ајде да ги оставиме на страна сите други маани како бучност од една страна на внатрешната единица, а уште повеќе на надворешната, неработење на ниски температури (климата едноставно гаси, нејќе да тргне), пад на моќноста од 3.5 на 1.5кв и да се концентрираме на потрошувачката која всушност и ја прави цената од просечни 40.000 до 100.000 и кусур и лаички да пресметаме.
Да земеме како репер надворешна тем. од -2-3 до +5-6 ст. Во овие услови двете клими да работат 24 часа, солиден инвертер би требало да потроши максимум 10кв, а една он-оф како нео ќе истроши сигурно 20-25кв. Месечно разлика од минмум 300 до некаде 450 кв. Во пари од 2000 денари разлика па на горе. Ако инвертерот истроши 300кв. тоа се рачунато на скапа струја помалку од 2000 ден, значи многу помалку од еден кубик дрва, кои сигурно би ги потрошиле за еден месец во овие услови. Нео би истрошил 4000 ден. мин. и би се прашале дали е тоа економично.
Околу цената на инвертерот јас би прашал дали вреди повеќе да се купи печка на пелети која исто кошта 50.000 и кусур и трчање после по ефтини пелети, а еден макпетрол ги продава 260 ден. за вреќа од 15 кг., и прашање е дали ќе ви стигне една вреќа на ден ?? или трајножаречка печка на дрва кој кошта 26.000 и складирање на дрва и фрлање на пепел и чистење оџаци ???
Втора работа, ладење. Инвертерот штеди и тука. Дали ќе заштедите 500 или 1000 ден месечно лете, дали ќе пуштите клима кога ќе ви станува лошо од топло и не можете нормално да си легнете да спиете(штедејќи), или ќе го пуштите инвертерот да работи 5-6 саати да работи и да потроши колку еден нео за еден час, останува на вас.
Колку пари толку музика, инвертерот е машина за штедење, колку е поштедлив толку е поскап, таа е логиката на нештата.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Здраво дечки....
Дали некој има упатство за софтверот за печките на пелети?
Јас кога ја купив немаше во неа такво нешто.А и кај други исто така.
Фала однапред

Брат имаш печка на пелети...или котел?

Шо како.... задоволен , незадоволен.
Сподели некое мислење од искуство досега.

Инаку јас сум загреан да земам пламеник за пелети, некако не ми се впушта во таа авантура од 2000 евра за котел на пелети!
 
Sale77

Доктор
Член од
30 декември 2005
Мислења
67
Поени од реакции
55
Спомнатото мислење:
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-195#post-6316608

Втора работа, клик на линков доле:
http://forum.kajgana.com/search/39247139/?q=пелети&t=post&o=date

Гледај вака, како енергенс дрвото е најевтино и тоа не е спорно. Но ако тука ја вкалкулираш твојата инволвираност со личен труд и работа, дали е иста пресметката?................................................................................................
Да не го цитирам целото мислење со кое се согласувам во потполност. Единствено би го додал и следново:
Дали некогаш си размислувал и си помислил на тоа дека 40% од топлината ти бега низ оџакот во воздух?
Дали после ова да зборуваме за економично греење?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Брат имаш печка на пелети...или котел?

Шо како.... задоволен , незадоволен.
Сподели некое мислење од искуство досега.

Инаку јас сум загреан да земам пламеник за пелети, некако не ми се впушта во таа авантура од 2000 евра за котел на пелети!

Отворив тема за Греење со пелети http://forum.kajgana.com/threads/Греење-со-пелети.71991/ па ајде овде да дискутираме за тоа.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Спомнатото мислење:
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-195#post-6316608

Втора работа, клик на линков доле:
http://forum.kajgana.com/search/39247139/?q=пелети&t=post&o=date

Гледај вака, како енергенс дрвото е најевтино и тоа не е спорно. Но ако тука ја вкалкулираш твојата инволвираност со личен труд и работа, дали е иста пресметката?

Пошто дрвата треба да се исечат, да се исцепат (ај за овие две можеш да платиш друг, ама цената расте), потоа на секое палење треба тие дрва да се наложат во печката (и да се запалат, што исто е работа и време), потоа треба редовно да се фрла пепел, и годишно да се чистат оџаци (ако сакаш да си безбеден и да не ризикуваш пожар), да не заборавиме и многу почести кречења или фарбања на ѕидовите на просторијата заради чадот кој некогаш се враќа и со најдобрите оџаци (негативен притисок)... итн... итн.

Еве и твојот газда сака за времето на работа да сработиш нешто пошто нели ти дава плата за тоа, значи твојата работа вреди пари. Така и твојата работа окулу греењето со дрва вреди пари.

Дали сега дрвата се сеуште толку поевтини?
Не се, ама ако немаш пари или имаш голем кеиф, дрвата се добар избор за греење... барем додека не се забранат во големите градови како Скопје, или не се регулира нивното согорување со поефикасни печки, за да не се гушиме како идиоти секоја зима.

Во врска со пелетите (наспроти климите), еве еден цитат. Но разгледај ги и мислењата од линкот погоре.

Поради таа мака пресметана во пари прашувам за Пелети.

Кога јас би монтирал инвертери незнам како би ги згреал сите соби подеднакво во мојата куќа....треба да земам 3-4-5 инвертери... не ми е јасно.

Башка ...сета математика е на еден инвертер...во една соба.
Овде математиката станува збор за цела куќа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Дали некогаш си размислувал и си помислил на тоа дека 40% од топлината ти бега низ оџакот во воздух?
Дали после ова да зборуваме за економично греење?
Луѓето се лажат заради евтиниот енергенс (дрвата), разликата во пари по грејна сезона не е многу помала од греење со клима (посебно со инвертор клима).

Инаку не се 40% загуба туку многу повеќе. Поише пати пишував за ова, а последно како да се избегне загубата пред десетина постови:

...најголема искористеност на греење со дрва е концептот на брзо и јако, а со тоа и ефикасно, согорување. Така согорувањето е најефикасно и најмногу енергија се добива од количната дрва, но тогаш се ослободува толку топлина да не може да се седи во просторијата. Затоа, треба термална акумулација за да се складира енергијата и потоа одложено да се користи.

Односот на термалната маса наспрема топлинската моќност на печката/котелот, тоа веќе е работа на дизајнот. Колку е поголема термалната маса, толку поголема е инерцијата на системот, но затоа и поголема е автономијата на греење без согорување на дрва. По мене идеално е термалната маса да задоволува складирање на топлина за 24часовно загревање до прифатлива минимална температура на крајот од 24часовниот период. Така само еднаш во денот се пали печката, и се горат дрва доволно време за да се акумулира потребната количина на топлинска енергија.
Не е толку сложено за разбирање како што изгледа, ама алас повеќето тука најверојатно ја затвориле странава после третата реченица од постов... ;)
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 12:39 ---
Кога јас би монтирал инвертери незнам како би ги згреал сите соби подеднакво во мојата куќа....треба да земам 3-4-5 инвертери... не ми е јасно.

Башка ...сета математика е на еден инвертер...во една соба.
Овде математиката станува збор за цела куќа.
Да, не е исто за куќа и за стан. Но само ако навистина имаш потреба да ја грееш целата куќа.
Инаку ни јас не сакам импровизации, но некогаш тоа има економска смисла. Спална може да се грее и со некоја панелка и отварање врата од ходникот кон дневната. Не е добро решение, но сепак е решение.

Нејсе, не сакав да зборам за импровизации туку за решенија. Еве решение со топлотна пумпа, но не воздух-воздух (клими), туку воздух-вода. Воздух-вода системот надвор има надоворешна единица исто како од стандардна клима но внатре не дува топол воздух, туку грее вода и истата ја дистрибуира преку цевки во систем за парно греење.

Еве доле пример за систем од Тошиба (наместо подно, може и ѕидно греење да биде). Тука има и на српски и на англиски.
http://www.toshiba-estia.rs/index.html
 
Sale77

Доктор
Член од
30 декември 2005
Мислења
67
Поени од реакции
55
Оваков принцип на топлотни пумпи има и кај нас колку сакаш.
Скапа е инвестицијата. Околу 6000 евра за куќа од 140 квадрати. + проблем може да бидат екстремно ниски температури, -10, а кај нас ги има се поретко...Тоа е одлична инвестиција, но скапа во старт...

Греење на пелети е исто така скапа математика. Рачунај дека за да се загрееш ти требаат 3 до 5 килограми пелет на час. Поната рачунај сам...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Така е тоа, на жалост скапа е инвестицијата и тоа најмногу зошто никаков ни е стандардот а било што увозно е многу поскапо него на клетиот запад.

Инаку уште поекономично греење (но и поголема инвестиција) е со геотермални топлотни пумпи.

http://en.wikipedia.org/wiki/Geothermal_heat_pump
http://energetskaefikasnost.info/geotermalni-toplinski-pumpi-kako-rabotat-i-zoshto-bi-instalirale-edna/

Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Пелетите се најлоша можна опција по мене, голема почетна инвестиција, никаква економија понатаму според потрошувачката, опција единствено за оние кои бараат комфорт и топлина без разлика колку кошта тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Па и комфорот не е баш многу комфорен ако секој ден треба да ложиш вреќи со пелети (бонус комфор ако си на втори/трети спрат), и да фрлаш пепел, и да чистиш запушени оџаци и цевки од печката или запушени горилници (посебно ако си се заебал со неквалитетни (евтини нели) пелети од сомнително потекло).
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
+ проблем може да бидат екстремно ниски температури, -10,

Rabotat i na poniski temp.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Оваков принцип на топлотни пумпи има и кај нас колку сакаш.
Скапа е инвестицијата. Околу 6000 евра за куќа од 140 квадрати. + проблем може да бидат екстремно ниски температури, -10, а кај нас ги има се поретко...Тоа е одлична инвестиција, но скапа во старт...

Греење на пелети е исто така скапа математика. Рачунај дека за да се загрееш ти требаат 3 до 5 килограми пелет на час. Поната рачунај сам...

Најверојатно не се рачуна така за пелетите.
Како што читам на овој хрватски форум просекот според сите мислења е околу 1 до 2 вреќи на ден.
По некоја си логика да грееш 5 месеци по 2 вреќи на ден ќе потрошиш 4650 кг пресметано по 15 денари (тоа мислам дека е најскапо) излегува околу 70000 ден.
15 кубика дрва одприлика 45000 ден.

Инвестицијата е скапа...
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 13:55 ---
Оваков принцип на топлотни пумпи има и кај нас колку сакаш.
Скапа е инвестицијата. Околу 6000 евра за куќа од 140 квадрати. + проблем може да бидат екстремно ниски температури, -10, а кај нас ги има се поретко...Тоа е одлична инвестиција, но скапа во старт...

Греење на пелети е исто така скапа математика. Рачунај дека за да се загрееш ти требаат 3 до 5 килограми пелет на час. Поната рачунај сам...

Ќе сакаш да кажеш како до тие 6000.
Во нив пресметуваш и радијатори и инсталација на истите....или ова е само Инвертерот наменет за вакво греење?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom