Најекономично греење и ладење

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Топлински пумпи за загревање на вода има и од LG, само овие работи се малку посолени, цирка 5К.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
дали е изводливо греење на радијатори со ваков уред кој пред се е наменет за греење вода за туширање а не за греење. Изгледот е стварно киназарија али битно грее вода до 70C а троши само 1.35KW за тие 5KW и мора бафер да има од бар 100Литра
Eх да, некако го пропуштив најважниот аспект на постот.
Прво цената, на овој Молдавски сајт квотираат цена од 26 000 леи што излегува некои 1450евра. Тоа е изгледа е цена заедно со бољерот, ваљда е поевтино без бољерот. Кажи ако ги знаеш бугарските цени.

Е сега јачината на надворешната единица. Појаката е декларирана како 5киловатна, со СОР 3.7 и потрошувачка од 1.35 киловати струја. Проток на вода вели 0.108 m3/h. Тоа е од твојот бугарски сајт, варијанта за топлење вода во бољер.

Грчкиов сајт има ГРИ варијанта што има и загревање на стан и загревање на вода во бољер.
http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=el&u=http://www.tepse.gr/4F19EAD1.el.aspx&prev=/search?q=GRS-C5.0/NbA-K&safe=off&client=firefox-a&hs=e5P&rls=Palemoon:en-US:eek:fficial&channel=rcs
Ама не наведуваат цена, а баш интересно би било.



Ајде ќе разгледам и ќе пишам ако најдам нешто подетално.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За оние кои имаат и планираат парно на дрва!
Еве еден напис од Хрватска кој зборува за тоа зошто треба, во системите на парно на дрва, да се поставаат акумулатори на топлина и се препорачува и нивниот капацитет - 50 литри за еден KW моќност на котелот
http://www.wvterm.si/hr/proizvodi-2/spremnici-energije/at-500-50-000-l
Еве што се вели во написот:
Процесот на согорувње цврсти горива не може точно да се контролира како за горивото така и за воздухот .Ako сакате да го регулирате процесот на согорување во цврстото гориво, така што ќе го придушувате воздухот за согорување тогаш ќе имате непотполно согорување, Ако пак имате доволно воздух за согфорување, ќе добиете нерамномерна топлина од која де ќе замине со чадните гасови. Во таков начин на согорување добивате вишокот топлина која, од страна на потрошувачите во даден момент, не може да се искористи , за да се избегне прегревање на собите.
Препорачуваме акумулаторот на топла вода , да има капацитет најмалку 50 литри вода за 1 kW котел капацитет .
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Aхем... неколку пати пишував за ова, во контекст на ракетните печки. :)
Дефинитивно најголема искористеност на греење со дрва е концептот на брзо и јако, а со тоа и ефикасно, согорување. Така согорувањето е најефикасно и најмногу енергија се добива од количната дрва, но тогаш се ослободува толку топлина да не може да се седи во просторијата. Затоа, треба термална акумулација за да се складира енергијата и потоа одложено да се користи.

Односот на термалната маса наспрема топлинската моќност на печката/котелот, тоа веќе е работа на дизајнот. Колку е поголема термалната маса, толку поголема е инерцијата на системот, но затоа и поголема е автономијата на греење без согорување на дрва. По мене идеално е термалната маса да задоволува складирање на топлина за 24часовно загревање до прифатлива минимална температура на крајот од 24часовниот период. Така само еднаш во денот се пали печката, и се горат дрва доволно време за да се акумулира потребната количина на топлинска енергија.
Не е толку сложено за разбирање како што изгледа, ама алас повеќето тука најверојатно ја затвориле странава после третата реченица од постов... ;)
 
Член од
24 мај 2013
Мислења
34
Поени од реакции
8
zdravo na site, citav dosta na forumot vo vrska so zatopluvanje pa rekov da pobaram sovet. Nov stan 75 m2, ne sum priklucen na parno ne sum vselen, pred da se vpustam vo trosoci, po ova sto go procitav gledam deka klima inventer primer LG m12 se isplaka poveke, laik sum vo vrska so parno t.e kolku bi idele smetkite za struja.. pozz
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
zdravo na site, citav dosta na forumot vo vrska so zatopluvanje pa rekov da pobaram sovet. Nov stan 75 m2, ne sum priklucen na parno ne sum vselen, pred da se vpustam vo trosoci, po ova sto go procitav gledam deka klima inventer primer LG m12 se isplaka poveke, laik sum vo vrska so parno t.e kolku bi idele smetkite za struja.. pozz
Еве мое искуство - една клима, нон стоп вклучена - месечно 300 - 400 KWh или во денари 1400 до 1800 денари
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Eх да, некако го пропуштив најважниот аспект на постот.
Прво цената, на овој Молдавски сајт квотираат цена од 26 000 леи што излегува некои 1450евра. Тоа е изгледа е цена заедно со бољерот, ваљда е поевтино без бољерот. Кажи ако ги знаеш бугарските цени.

Е сега јачината на надворешната единица. Појаката е декларирана како 5киловатна, со СОР 3.7 и потрошувачка од 1.35 киловати струја. Проток на вода вели 0.108 m3/h. Тоа е од твојот бугарски сајт, варијанта за топлење вода во бољер.

Грчкиов сајт има ГРИ варијанта што има и загревање на стан и загревање на вода во бољер.
http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=el&u=http://www.tepse.gr/4F19EAD1.el.aspx&prev=/search?q=GRS-C5.0/NbA-K&safe=off&client=firefox-a&hs=e5P&rls=Palemoon:en-US:eek:fficial&channel=rcs
Ама не наведуваат цена, а баш интересно би било.



Ајде ќе разгледам и ќе пишам ако најдам нешто подетално.
Немам цени бугарски, само грчкиве ми се ориентир. Инаку со бојлер вероватно мора да биде инаку прашање е колку би функционирало само водата од радијаторите (без бојлер) да ја загрее, тука пример грков кажува колку литра за колку време ке згее до 45, до 55Ц итн и вероватно мисли на стоеча вода а не на проточната од радијаторите пошо слаба снага има 5kw e.
Второво на сликава треба да е Versati моделот на грее воздух-вода пумпа, меѓутоа тоа прво што многу кошта (преку 3000) а второ не грее до 70 само до 50-55 и за радијатори ова тешко, за подно да беше тогаш е друг муабет ама ја барам за радијатори или панелки. Лесно ке сменам радијатор у панелка ама радијатор у подно тоа малце тешко :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Увек може и ѕидно да биде... (ги имаше некои на маркет-конект мк нудеа изведба на ѕидно греење). :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Smrt za zoni i pajak voz-moze malku poveke da mi kazes, dnevnata e 20 m2, vkupno so se cela potrosuvacka mesecno kolku bi idela smetkata za struja i kakov model koristis ti
Јас имам три обични клими 3,5. Станот е 70 м2 - трособен, значи во секоја соба имам клима, а кујната се затоплува со „ со отворени врати “ или со инфра - греалка. Станот нема посебна изолација, дрвенаријата е стар се наоѓа на најгорен кат, под рамна тераса, нема заеднички ѕидови со соседите - што значи е максимално оптеретен
До летото 2012 односно пред регулаторна да ја укине дневната ефтина тарифа и со тоа ја поскапи струјата за 30% сите три клими работеа нон-стоп. Од тогаш, нон-стоп работат две клими, а третата ја вклучуваме по потреба. Демек „ штедиме “ не затоплувајќи една соба. Ова „ штедење “ ја намали потрошувачката на струја, во количина, за приближно 20%.
Значи во моментов затоплуваме околу 50 м2 нон-стоп со две клими.
Последна сметка од ЕВН е за периодот од 09. 11. до 11.12. 2013 и во тој период вкупно се потрошени 563 KWh по висока тарифа и 634 KWh по ниска тарифа за што е платено 5748 денари
Пред неа сметката е за период 10. 10 до 08. 11. 2013 кога се потрошени 303 KWh по висока тарфа и 421 KWh по ниска тарфа, за што е платено 3411 денари
Пред неа е сметката за период 11. 09. до 09. 10. 2013 кога е потрошено 245 KWh по висока тарифа и 378 KWh по ниска тарифа за што е платено, 2904 денари
А наполно летна сметка е пред неа за период 14.08 до 10.9 2013, кога се потрошени 300 KWh по висока тарифа и 305 KWh по ниска тарифа за што е платено 3031 денар
Ова година почнавме да затопливаме веднаш по први октомври кога нагло паднаа температурите

Но оваа потрошувачка се повторува и во претходната година
За период 09.11. до 10. 12 2012 потрошени се 580 KWh висока тарифа и 721 KWh ниска тарифа
за период 09. 10 до до 08. 11. 2012 потрошени се 304 KWh висока тарифа и 419 KWh

Да резимирам:
Ви сте набавиле клима со која можете да затоплувате многу повеќе од 20 м2. Вклучете ја и затоплувајте и поголем простор со отворени врати. Следниот месец точно ќе знаете колку климата троши. И таа потрошувачка секоја година ќе се повторува за соодветните месеци.
И не се грижете - Вие сте одбрале во моментов најекономично затоплување. Следна ефтина можност е огревно дрво, затоа следете ги и постовите околу затоплувањето со дрво
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Ме интересира дали ако собната температура е да речеме 25 а инвертерот го ставам на 23 дали истиот ќе почне да дува ладен водух односно да лади.Во конкретен пример првично инвертерот беше ставен на 25 а подоцна кога го ставив на 22 као да почна да дува ладен воздух
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
По логика би рекол дека уредот не може да лади ако е ставен во мод на греење. Но обично продолжуваат да дуваат во некој минимален мод на работа, чисто за да го раздвижуваат топлиот воздух што природно се концентрира во горниот дел од собата (па од тоа доаѓа како да дуваат ладно). Ова зависи од уред до уред, некои не продолжуваат да дуваат кога е постигната температурата (но повеќето не престануваат).
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Ме интересира дали ако собната температура е да речеме 25 а инвертерот го ставам на 23 дали истиот ќе почне да дува ладен водух односно да лади.Во конкретен пример првично инвертерот беше ставен на 25 а подоцна кога го ставив на 22 као да почна да дува ладен воздух
Ако е подесен на автоматика, ќе почне да лади. Ако е подесен на греење, ќе исклучи или минимално ќе дува.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Подесен е на греење додека дувањето(брзината) е подесено но auto
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечерва дознав дека на бензинските станици на Макпетрол, почнале да продаваат огревно дрво сечено во вреќи
Веднаш отидов да прашам на бензиската во Кисела Вода, ми рекоа дека повеќе немаат ( дека го продале ) и дека нема повеќе да добијат. Инаку цента наводно била 190 денари за вреќа од 15 килограми
Оваа цена е превисока ( речиси двојно ) но ете добро ќе биде ако огревното дрво може да се купи и во обични продавници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom