- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.779
- Поени од реакции
- 2.622
Во Скопје живеат и нема што да кријат. Често правиме идими дојдими, така да тоа и самиот го имам видено и почуствувано. И кога стегаше студот пред 2-3 зими истата ситуација беше, така да математиката е таа, иако температурите беа под тие фамозни -5, климите дуваа топло. Сигурно не работеле така ефикасно како на +5, ама топлеа.А каде живеат луѓево за кои зборуваш, во Гевгелија?
На кој што му бива. Во вакви благи зими, како оваа досега, можеби и е можно тоа што го велиш (но можно е и да се догреваат со уште нешто, нешто што не ти кажале). Но ако стегне студот и ако треба да докупуваат панелки или слични греалки, и потоа да ги пуштаат по цел ден на скапа тарифа...математиката ќе биде друга.
Факт е дека обичните (сплит) климите се специфицирани да работат само до +5с. Освен пар модели кои коштаат колку и инвертор клими, а не можат ни да се најдат во државава.
Пошто темава е за економично греење, ајде да го гледаме економскиот аспект. Пресметките велат дека потрошувачката е многу поголема, за сите фикс спид клими но посебно за тие клими како Нео, најлошите од лошите клими. Разлики од пар илјади денари во сметките секој месец, 4-5 месеци во годината, не се малку пари. Разликата е и во економичноста на ладењето, и тука разликите се неколку пати поголема потрошувачка. Квалитетот на Нео и сличните е очаен, кварови се можни и многу почести одколку кај поквалитетните клими.
Собери ја кумулативна разлика во пари за сметки (и поправки или замени) од неколку години и оп, ете ти ја разликата до инвертор клима. После тие неколку години ја вадиш разликата во поскапа клима, и почнуваш да идеш во ќар...
Многу ме интересираат тие пресметки кои велат дека фикс спид климите трошат неколку пати певеќе струја од инверторите. Нормално за ист капацитет. Кој и како ги направил тие пресметки, што дошол до таков заклучок?
Што се однесува до квалитетот, климите повеќе му години работат и лето и зиме, нити чистени нити сервисирани. Можда така се погодиле, ама и инвертерот на еден од членовите што го платил изгор му се погодил со маана, што значи името и мислењето за брендот не е гаранција за квалитетот на истиот.
