Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 29.804
- Поени од реакции
- 40.022
А каде живеат луѓево за кои зборуваш, во Гевгелија?...искуството на комшијата, кој веќе повеќе години се грее на сплит клима и тоа баш марка нео. И тоа има две од 3,5 и 2,5 во две простории кои и не се една до друга. Зимно време седи по кратки ракави дома. А знам уште неколку случаи како него...

На кој што му бива. Во вакви благи зими, како оваа досега, можеби и е можно тоа што го велиш (но можно е и да се догреваат со уште нешто, нешто што не ти кажале). Но ако стегне студот и ако треба да докупуваат панелки или слични греалки, и потоа да ги пуштаат по цел ден на скапа тарифа...математиката ќе биде друга.
Факт е дека обичните (сплит) климите се специфицирани да работат само до +5с. Освен пар модели кои коштаат колку и инвертор клими, а не можат ни да се најдат во државава.
Пошто темава е за економично греење, ајде да го гледаме економскиот аспект. Пресметките велат дека потрошувачката е многу поголема, за сите фикс спид клими но посебно за тие клими како Нео, најлошите од лошите клими. Разлики од пар илјади денари во сметките секој месец, 4-5 месеци во годината, не се малку пари. Разликата е и во економичноста на ладењето, и тука разликите се неколку пати поголема потрошувачка. Квалитетот на Нео и сличните е очаен, кварови се можни и многу почести одколку кај поквалитетните клими.
Собери ја кумулативна разлика во пари за сметки (и поправки или замени) од неколку години и оп, ете ти ја разликата до инвертор клима. После тие неколку години ја вадиш разликата во поскапа клима, и почнуваш да идеш во ќар...
За конфорот на користење (јако дување и бука) нема ни да зборам, пошто нели пред се ја гледаме економската страна на проблемот.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 18:38 ---
Во просечно домаќинство 70% и повеќе, од сметките, одат на греење. За осветлување проценката е некаде од 5-7%... мое мислење е дека треба да се почека уште малку, повеќе да се омасови присутноста на LED лампите. CFL (неонките) се неисплативи во поглед на тоа колку заштедуваат, а колку коштаат и колку лесно и често се расипуваат.Затоа опремувајте се со „ штедливи сијалици “ и следете за другите начини на затоплување