А каде живеат луѓево за кои зборуваш, во Гевгелија?
На кој што му бива. Во вакви благи зими, како оваа досега, можеби и е можно тоа што го велиш (но можно е и да се догреваат со уште нешто, нешто што не ти кажале). Но ако стегне студот и ако треба да докупуваат панелки или слични греалки, и потоа да ги пуштаат по цел ден на скапа тарифа...математиката ќе биде друга.
Факт е дека обичните (сплит) климите се специфицирани да работат само до +5с. Освен пар модели кои коштаат колку и инвертор клими, а не можат ни да се најдат во државава.
Пошто темава е за економично греење, ајде да го гледаме економскиот аспект. Пресметките велат дека потрошувачката е многу поголема, за сите фикс спид клими но посебно за тие клими како Нео, најлошите од лошите клими. Разлики од пар илјади денари во сметките секој месец, 4-5 месеци во годината, не се малку пари. Разликата е и во економичноста на ладењето, и тука разликите се неколку пати поголема потрошувачка. Квалитетот на Нео и сличните е очаен, кварови се можни и многу почести одколку кај поквалитетните клими.
Собери ја кумулативна разлика во пари за сметки (и поправки или замени) од неколку години и оп, ете ти ја разликата до инвертор клима. После тие неколку години ја вадиш разликата во поскапа клима, и почнуваш да идеш во ќар...