Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Во Скопје живеат и нема што да кријат. Често правиме идими дојдими, така да тоа и самиот го имам видено и почуствувано. И кога стегаше студот пред 2-3 зими истата ситуација беше, така да математиката е таа, иако температурите беа под тие фамозни -5, климите дуваа топло. Сигурно не работеле така ефикасно како на +5, ама топлеа.

Многу ме интересираат тие пресметки кои велат дека фикс спид климите трошат неколку пати певеќе струја од инверторите. Нормално за ист капацитет. Кој и како ги направил тие пресметки, што дошол до таков заклучок?

Што се однесува до квалитетот, климите повеќе му години работат и лето и зиме, нити чистени нити сервисирани. Можда така се погодиле, ама и инвертерот на еден од членовите што го платил изгор му се погодил со маана, што значи името и мислењето за брендот не е гаранција за квалитетот на истиот.
Сакаш да кажеш дека ЕДЕН изолиран случај каде на корисникот незаконски не му ја почитуваат гаранцијата, го користиш за репер, за тоа дека нема поента да се купуваат поквалитетни клими??

По мое мислење, во тој конкретен случај самиот корисник е крив, кај нас тука премногу толерирање води до злоупотреба. Горан едноставно требало да им нагласи на сервисот (Зорба) дека по истекот на максималниот гарантен рок (45 дена), случајот ќе го пријави во државниот инспекторат. Верувам деак се ќе било поинаку тогаш.
Но не направил така и на своја кожа имал прилика да научи што ти се случува ако си премногу фин во оваа држава.

Чим те интересираат пресметки, еве погоре неколку членови покажаа пресметки и сметки за греење со некоја, да кажеме, средна класа на инвертор клима (Тошиба Сузуми +).
Сега ти можеш да отидеш кај добрите пријатели и да ставите еден ватметар на климата, па да се види месечната потрошувачка. Заклучокот ќе го донесеме заедно тука врз основа на тие мерења.
(не дека на нетов немаат правено такви споредби, ама ајде, за адет на дискусијава можеме и ние да мериме)
 
НЕ. Муабетот ми беше дека има и такви случаи, не дека е правило. Како што не е правило ни дека ефтините клими нечинат и се расипуваат, нешто што упорно го наметнуваш на форумов.
Добро што го потцрта моето барање од претходниот пост, а немаше да биде лошо и да ги откриеше пресметките што те наведоа на тој заклучок. А за моите пресметки (со ватметар) можеш да прочиташ едно 50-100 страни наназад во оваа тема. Со нетрпение ги очекувам твоите, да видиме каде и зошто потрошувачката на фиксспид климите е неколкупати поголема од таа кај инверторите. Само да не се паушални како тие пресметки од пред некој ден.
 
НЕ. Муабетот ми беше дека има и такви случаи, не дека е правило. Како што не е правило ни дека ефтините клими нечинат и се расипуваат, нешто што упорно го наметнуваш на форумов.
Не сосема, тоа што го велам е дека евтините клими се понеквалитетни од поскапите инвертор модели (што е нормално со оглед на разликата во цената). Нормално е дека почесто и полесно се расипуваат производите со полош квалитет.

Но тоа и не е главната поента.
Главната поента е дека обичните фикс спид клими се специфицирани за работа до +5с. Тоа што некој ги употребува и на -5 или -15с, не значи дека тоа е економично. Силата на греење тогаш драстично опаѓа, често на под 1 киловат за 3.5 киловатните модели.

Затоа кога некој ќе каже „абе грее„ тоа не значи ништо без да мерење и без наведување на спецификации на уредите. 5 киловатна фикс спид клима на -15с може да падне и на 2 киловати реална ефикасност, и тие 2кв може пак да загреат соба која е доволно мала. Итн, итн...

за моите пресметки (со ватметар) можеш да прочиташ едно 50-100 страни наназад во оваа тема. Со нетрпение ги очекувам твоите, да видиме каде и зошто потрошувачката на фиксспид климите е неколкупати поголема од таа кај инверторите. Само да не се паушални како тие пресметки од пред некој ден.
Ајде биди љубезен и цитирај ги тука тие мерења, јас за возврат ќе ги цитирам мерења за Тошиба Сузуми Плус.
 
1. Се дискутира дали вреди инвертерот или обичната клима врши работа, и ќе се дискутира секогаш кога температурите се 5-10 степени. 2. Колку станува поладно толку ќе се намалува дискусијата која клима колку троши, ќе се дискутира дали сме стоплени со тоа што го имаме. 3. Се поставува прашање на колку степени се поставени климите, јас мислам дека и тука секогаш ќе има разлики. Фикс спид климите мора да бидат поставени на повисока работна температура заради прекинот што го прават. Ако сакате да имате 20 ст. во собата мора да им зададете 22-24 ст. Инвертерот се одредува точно онаа температура која ќе ви годи. Сакате 19-20-22. Дневна температура по мене е доволна од 20-22 степена. Кај мене моментално на надворешни 0 ст. и зададени 20 ст. одржува без проблеми 20 ст. со потрошувачка од 375 вати. На зададени 21 ст. качува на 535 вати. Заклучокот е дека е многу релативна потрошувачката од тоа кој како ја користи климата. Мојата во овие услови троши 10-12 кв. на ден без исклучување. Некој ќе каже дека тие 20-21 степен се ништо, но тврдам дека не е исто чувството што го дава инвертерот кој нон-стоп работи и одржува температура од он-оф климите кои постојано гасат.
Немам ништо против обичните клими, дали биле нео, беко или некои други, мислам дека вршат голема работа и они, но мислам дека е малку неозбилно и авантуристички да се потпреш само на таква клима за да се грееш цела зима во дневна соба. И јас имам 2 обични клими хитачи 14-ка на двата спрата во ходник стари над 10 години, со која ладам летото едно 60-70 квадрата и која ја уклучувам по потреба да грее, за кратко време го прави ходникот од 10кв. да се соблечеш на кратки ракави, ама има и паузи кога не сака да тргне и по 5-10 минути. Потрошувачката декларирана е 1460-1550вати на испорачани 4.5-4-65кв, користи гас р22 и значи има цоп 3, и нормално сум задоволен од неа за таа намена што ја користам.
 
Не сосема, тоа што го велам е дека евтините клими се понеквалитетни од поскапите инвертор модели (што е нормално со оглед на разликата во цената). Нормално е дека почесто и полесно се расипуваат производите со полош квалитет.

Но тоа и не е главната поента.
Главната поента е дека обичните фикс спид клими се специфицирани за работа до +5с. Тоа што некој ги употребува и на -5 или -15с, не значи дека тоа е економично. Силата на греење тогаш драстично опаѓа, често на под 1 киловат за 3.5 киловатните модели.

Затоа кога некој ќе каже „абе грее„ тоа не значи ништо без да мерење и без наведување на спецификации на уредите. 5 киловатна фикс спид клима на -15с може да падне и на 2 киловати реална ефикасност, и тие 2кв може пак да загреат соба која е доволно мала. Итн, итн...

друже... можеш ли прво да дефинираш за какви киловати збориш? електрични или топлински?
 
1. Се дискутира дали вреди инвертерот или обичната клима врши работа, и ќе се дискутира секогаш кога температурите се 5-10 степени. 2. Колку станува поладно толку ќе се намалува дискусијата која клима колку троши, ќе се дискутира дали сме стоплени со тоа што го имаме..

Многу точно ти е ова под 2, на -10 "Ебеш голем COP коа климата не грее" (мисла кажана поназад на темава) а на +5 COPот е побитниот фактор.
Баш ме занимаше што тука кај нас се нуди од бренд инвертери а кои имаат eurovent сертификати па ги споредив податоците за Тошиба и Даикин и моделите што кај нас може да се купат. Внесени се податоците само за HEAT modе а во наредите шитови се сортирани според моќност при +7, -7 и -15 како и според COP na -7 и -15. Цените се нешто од маркетконект нешто од ценовници постирани тука или по меил, кој сака слободно нека го корегира списоков или апдејтира со други брендови/модели што може да се најдат кај нас.
 
Attachments

Незнам штом да правам, се мислам помеѓу Vivax gexi i Toshiba suzumi plus. Gree Hansol отпадна затоа што имаше лоши коментари во претходните постови за сервисот од Зорба. Кога во Скопје не можат да дојдат да ја поправат, во Куманово можам само да се збогувам од климата. Инаку Vivax Gexi 12 е 44000 со монтажа во Култ, а Toshiba suzumi plus 13 e 51500 со монтажа исто така во Култ. Ајде помагајте.
 
Сервис и монтажата се нивни? Прилично важно е колку добро и озбилно работат, ама тоа ваљда си знаеш пошто ти се локални.

@neno.alek mислам дека нема да се заебеш со ниедена варијанта од тие две. Само тој Vivax Gexi убаво да се распрашаш точно кој модел е (модел броеви на надворешна и внатрешна единица).
Ако Виваксот е ремаркиран хансол, тогаш има нешто подобри перформанси на јаки студови. Од друга страна генерално квалитетот мислам дека е на страна на Тошибата.
Пак се сведува на твој избор. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom