Money heist / La casa de papel

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
некој да даде линк од последните епизоди да симнам на торент???
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Крајот е неверојатно глуп. Очекував барем екплозија на самиот крај...
Епа сега не можи сите да бидат задоволени, крајот според мене беше одличен, и општо како се одвиваа работите во овие 5 епизоди.
Секој лик си се пронајде таму кај шо треба.
Многу добро објаснето до последен детал.
Алисија и профето, како се совпаднаа на крајот со оглед дека двата се лудаци, пресмешни ми беа кога му бегаа на полицијата низ комшилук, искинаа и со глумата двајцата
Фалеа емоциите и неизвесноста, триковите на професорот кои ја красеа серијата на почетокот. На крајот видовме пак мастермајнд :)

Шах мат
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Епа сега не можи сите да бидат задоволени, крајот според мене беше одличен, и општо како се одвиваа работите во овие 5 епизоди.
Секој лик си се пронајде таму кај шо треба.
Многу добро објаснето до последен детал.
Алисија и профето, како се совпаднаа на крајот со оглед дека двата се лудаци, пресмешни ми беа кога му бегаа на полицијата низ комшилук, искинаа и со глумата двајцата
Мене ми изгледаше како крај за некоја Андерсенова приказна... Приказната од шаховски испланирана преминува во тешка импровизација. И тоа е ок, ама останува впечаток дека е премногу наивно склопен крајот.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Мене не ми беше јасно како Хелсинки маме и еба на цела нога, и следниот ден си оди најнормално со штака? Magic powers? Ок, има нереални работи ама во беше малце wtf момент.

Ме разочара крајов многу.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Мене ми изгледаше како крај за некоја Андерсенова приказна... Приказната од шаховски испланирана преминува во тешка импровизација. И тоа е ок, ама останува впечаток дека е премногу наивно склопен крајот.
Зошто ?
професорот ги возеше од самиот старт полицијата, на крајот самите тие ги извадија од внатре. Имаше прејаки паралели на крајот, кога влегуваше профето во банката, на голема врата, а претходно кажа дека се криел како глушец во дупка без идентитет. Башка се потсети кога на ист начин татко му беше застрелан точно пред врата кога ја опљачкал банката, подобро не можеше да испадни во тој дел. На крајот испадна дека стварно е човек со среќа, му се поклопија коцките за да испадни победник на крајот.
Не знам мене ми се допадна ептен крајот иако бев скептична, ќе беше ептен глупаво да испогинеа сите или да завршат во затвор, кога сите ја засакавме оваа серија заради ликовите и навивавме до сам крај да излезат победници :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Зошто ?
професорот ги возеше од самиот старт полицијата, на крајот самите тие ги извадија од внатре. Имаше прејаки паралели на крајот, кога влегуваше профето во банката, на голема врата, а претходно кажа дека се криел како глушец во дупка без идентитет. Башка се потсети кога на ист начин татко му беше застрелан точно пред врата кога ја опљачкал банката, подобро не можеше да испадни во тој дел. На крајот испадна дека стварно е човек со среќа, му се поклопија коцките за да испадни победник на крајот.
Не знам мене ми се допадна ептен крајот иако бев скептична, ќе беше ептен глупаво да испогинеа сите или да завршат во затвор, кога сите ја засакавме оваа серија заради ликовите и навивавме до сам крај да излезат победници :)
Депонирање лажно злато и војската ги испраќа како бели мечки? Па вакво сценарио ни во МК не поминува...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Депонирање лажно злато и војската ги испраќа како бели мечки? Па вакво сценарио ни во МК не поминува...
Епа сега знајме дека не поминува во реалниот свет ама филм е побогу, еден куп работи нема да поминат така ако гледаме, ама мора да им се признае дека планот беше мастермајнд.
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
699
Поени од реакции
975
Мене не ми беше јасно како Хелсинки маме и еба на цела нога, и следниот ден си оди најнормално со штака? Magic powers? Ок, има нереални работи ама во беше малце wtf момент.

Ме разочара крајов многу.
И ја тоа сакав да пишам, батали штака човекот скокаше и играше без проблем, истото го направија со Гандија во првиот дел кога беше пред парализа и за еден сат се врати како терминатор во воена акција.

Разбирам дека филм и серија и мора малце нереални моменти ама овие се глупави и невнимателни моменти на сценаристите, па и сите вклучени во правење на серијата.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Ок беше сезонава, се додека не го посраа крајот, детска комедија беше завршетокот.

Првите две сезони секако ќе останат легендарни, на врвот со други серии.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Изгледајте го документарецот последниот, и се ќе ви стани јасно за серијата. Какви лудаци мајко мила, едноставно перфекција :bravobe:
Утре ќе пишам поопширно не ме крепи снагата вечерва :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Го гледав финалето пред недела време и чекав малку да ми легнат впечатоците а и веројатно повеќето веќе ја изгледаа па може да пишам по нешто тука, мада ќе се трудам да е без спојлери.

Јас сум задоволен со крајот. Дури ќе речам дека сосема добро ја завршија серијата. Знам дека многу нема да се согласат ама кај вакви серии битно е што уствари очекуваме од крајот... Имаше претерувања низ серијата ама треба да ни е јасно дека кај вакви серии не треба да бараме некој посебен реализам. Пошто во вистинскиот живот мало морген дека ќе се појави банда што ќе организира вакви грабежи, ќе се зафркава со полицијата како сака па уште и ќе има поддршка од народот. Така да треба да се гледа поопуштено и да не се бара влакно во јајцето. Да не почнеме муабет колку филмови што се сметаат за легендарни имаат еден куп фалинки и нелогичности во приказната.

Мене овие последни пет епизоди ми се допаднаа ради неколку работи. Сцените со Професорот и Алисија како секогаш беа одлични и логично беше (во делот на приказната) како се движат односите меѓу двата лика во одредена ситуација. После, немаше некои изненадувања околу крајот на петтата епизода, пошто имаше и такви теории кои беа нелогични (дека овој или оној преживеал таква експлозија). Трето, немаше непотребни акциони сцени и пресметки со полицијата и гледаа приказната да ја приведат кон крај. Четврто, им давам рака на сценаристите за плот твистот на две епизоди пред крајот. Стварно не го очекував а во исто време флешбеците на Берлин со грабежот во Копенхаген испаднаа дека сепак се многу битни за расплетот на крајот, па го повлекувам тоа што мрчев дека тоа беа сцени кои само пополнуваа време. Петто, го немаше Артуро. (y)

Крајот беше сосема океј и стварно не знам што очекуваа некои фанови. Сите навивавме за Професорот и екипата па не верувам дека подобар крај ќе беше сите да ги масакрираа. Тоа дека се’ се издешава набрзина стои ама со оглед на ситуацијата во која беа и бандата и полицијата и кој беше влогот, договорот што падна беше на место.

На крај, кога ќе заврши една серија, за мене битно е дали ми оставилa overall добар впечаток и дали кога ќе заврши последната епизода ми паѓа криво дека тоа е тоа и веќе нема да чекам нова сезона. Кај LCDP го имав тоа чувство па според тоа ќе ми остане серијата во добро сеќавање. Секако, првите две сезони се нанадминливи и серијата ќе имаше покултен статус ако завршеше после првиот грабеж, но и вака е сосема добро.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Aj и јас да кажам збор два :) Кој ја нема сеуште изгледано нека не чита, не планирам спојлери да ставам.

Како прво да се изјаснам дека бев тотално изненадена од крајниот епилог оти искрено не очекував онаков крај после тоа како се одвиваа настаните последните две сезони, крајот за мене беше епик.

Од последните 5 епизоди најмногу впечаток ми остави она auto-acceptance, тоа што секој од карактерите си се пронајде таму каде што припаѓа, и си се прифатија такви какви што си се. Посебно делот со професорот кој видовме дека зад оној нерд лик се крие сосема друга личност. Сцената кога беа врзани двајцата со Лисбоа, кога оваа со неколку реченици го "разоружа" поштено, дека уствари не е никаков робин худ туку крадец. На крај пак се изваде профето барајќи ја за жена сред факинг војна со целата држава :vozbud: срце ќе ми излеташе тука.

Морам да ја пофалам и еволуцијата на овој лик од прва сезона па навака. Алваро искина во глумата сите сезони, како се внесе во кожата на професорот е стварно за почит, знаејќи како се спремаше за да го одглуми до перфекција професорот, почнувајќи од најмал детал со тие тиковите, со наочарите и слични ситници, чиста 10-ка.

Алисија Сиера, мајко мила каква жена, лудачаа, ја обожавам.
Моментот кога прифати дека единствен спас и е професорот и дека нема назад враќање.
Делот кога му бегаа на полицијата со профето низ комшилук беше едно од најинтересните дешавки во последните 5 епизоди, комични беа, се искинав од смеа. :)
Овој со бебето под мишка врзано за фортома, криви со ногата, оваа лудата мртва ладна со наочарите за сонце сред вечер who cares :ROFLMAO: 20211209_180619.jpg

Друга ствар шо ми остави силен впечаток, ќе кажам сега едно непопуларно мислење : Берлин и Палермо :)
За разлика од непотребната и бесмислена приказна на Манила и Денвер приказната за овие двајца стварно ми се допадна.
Сцената кога Палермо ја галеше машината, дури чекаа златото да излези, кога ги прикажаа во флешбек тој и Берлин како заедно поминаа еден куп вечери планирајќи го грабежот, на тој момент не останав рамнодушна морам да ви признаам :) ептен добро скоцкан дел.

Друг момент кој ми го стопи срцето е Токио.

20211204_160954.jpg
Ако некој ми речеше некаде кај првите две сезони дека ќе ми биде жал за неа ќе му се изнасмеев.
Ликот на Токио исто така имаше голема еволуција, тоа придонесе од лик кој не можев да го сварам да ми стани еден од поомилените. Нејзиниот крај беше баш во нејзин стил и одлично легна во целата нејзина приказна.
Од другите настани настрана бандата, најсмешни ликови Тамајо и Бенџамин.

Бенџамин каков пар распар беа со Алисија тоа чудо едно, пики комеди двајцата.
Кога му даде задача да го бараат украденото злато, оваа му вика со кој да го барам златото со Колумбо за Бенџамин :pos:
Палермо исто така беше комичен лик, од трета сезона па наваму ги помина сите епизоди во пцуење и дерење на латиноамерички :D

Целава серија уствари ја правеа ликовите, одлично изработени сите ликови до најситен детал, актерите исто така перфектно си ја одработија задачата пред камерите. Многу добра хемија имаше помеѓу нив.
И не ме интересира дали серијата имала маани или нелогичности, не сум тој тип шо ќе застани пред тв и ќе бара влакно во јајцето, не ме занимат ствари од типот еј абе оваа трудна кај оди сега да се тепа, бла бла, едноставно уживав во серијата, таков ролеркостер на емоции ми манаа последниве сезони, на моменти се смеев на моменти за плачење ми идеше :)
Одлична од секој аспект, од моја гледна точка :love:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
На Замунда од два линка симнав втората половина од 5та сезона ама и на двата синхронизацијата е на англиски, кој ја гледал на шпански (оригиналното) нека ми пушти во пп линк ако може, не е важно дали онлајн или за симнување. Некако не е истиот вајб со англиска синхронизација. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom