Money heist / La casa de papel

S

staycalm

Гостин
Money heist (оригинално La casa de papel) е шпанска серија за најголемата кражба на пари во историјата. Кражбата ја планира „професорот“ којшто за да го оствари планот регрутира тим од осум луѓе со познавања од различни области кои немаат што да изгубат. Целта им е да влезат во шпанската фабрика за пари - Royal Mint и да испринтаат што е можно повеќе пари и секако да избегаат со парите.

Серијава е одлична, има 2 сезони (на нетфликс) а се очекува да излезе 3та во 2019та. Не станува досадна воопшто. Препорачувам!


 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Прошла недела ја изгледав и се чудев како може да нема тема. Феноменална е, скоро сите ликови се одлично разработени и си имаат внатрешни конфликти кои понатаму им ги дефинираат постапките.

Само на крајот имаше еден момент што не ми се свиѓаше ама ме мрзи спојлер да ставам сега :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Прва сезона одлична. Втора сезона се претвори во класична „шпанска серија“, премногу „нереални“ сцени. Не ми се верува, дека ќе ја гледам третава сезона.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Само две мислења за серијава? :eek:

Инаку една сезона е засега, ама Нетфликс кога ја откупил ја поделил на два дела и ги прекроиле епизодите, па сега сите ја сметаат ко две сезони. Неврмајнд.

Едвај чекам новата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Што ли ќе содржи третава сезона само
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.557
Непишаното правило, било да е ситком или ваков тип на серија, ако вметнеш љубовна прича ја убиваш у поим.
Од перфектен план, сите круцијални грешки беа нашравени зашо професорот се затреска у онаа која ги гонеше, што ги чинеше и смрт на неколку битни ликови. Прилично глупо за некој што претходно со години осмислувал перфектен план каде и најситната грешка можеше да ги чини многу.
Тотално непотребен момент беше ова со љубовниве драми, за иначе супер серија, али од друга страна, шпанска серија без тоа не иде ... очигледно. :mad:

Берлин ол д веј, го украде шоуто у серијава.
 
Член од
13 јуни 2014
Мислења
114
Поени од реакции
55
Крајот на сезоната со пукањето беше баш Шпански (Берлин мислам се викаше), а по мое мислење љубовната врска меѓу професорот и инспекторката беше океј изгледаше како однапред смислен план иако не е, но љубовните драми меѓу другите се непотребни ама добродојдени.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Секој човек си има своја слабост, како да не сте се заљубиле во некој/некогаш кога најмалку се очекува.
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
108
Поени од реакции
169
Да не се заборави.

Иначе 3 сезона излегва 19 јули а според трејлерот сметам дека е сосема непотребна, сигурно ќе ги гонат цело време и ќе е класична акција :cautious:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
Ја изгледав уште кога излезе, само не сум ја начекал темава.
Убедливо најглупава сцена е таа со Токио и моторот. Боливуд стил. Другото е супер. Има можеби мали ситници но нели, за вкус се работи.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Мене не ми е јасно колку епизоди се вкупно. На стремио гледам има само 15 епизоди 1 сезона. На некоја си страна vipserije, има прва сезона 13 епизоди и втора сезона 9.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Мене не ми е јасно колку епизоди се вкупно. На стремио гледам има само 15 епизоди 1 сезона. На некоја си страна vipserije, има прва сезона 13 епизоди и втора сезона 9.
Випсерије се во право.
Сезона 1 - 13 епизоди
Сезона 2 - 9 епизоди
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Стремио е во право 15 епизоди се , една сезона. Нетфликс кога ја купил за емитување ја поделил на две сезони, првата од 13, а втората од 9 епизоди. Така што кај и да ја гледаш, истиот материјал ќе го гледаш
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Океј и да се 15 епизоди. Ама што има во тие 9 епизоди на випсерије? Чудно малку...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom