Ако ништо друго, се надевам дека веќе некои експерти, новинари, бивши фудбалери, тренери, ќе престанат да повторуваат дека проблем бил во тоа што сме мала држава, немало инфраструктура, па и немало финансии.
Ништо од тоа не е проблем.
Лошо се поставени работите, не се работи добро со млади категории, нема добра селекција, струката лошо работи, поточно и таму нема добра селекција.
Како можеше порано да извадат фудбалери кои ќе играат во посилни лиги и во тие клубови да не се само епизодисти, а сега се е инцидентно?!
Ако можеле тука да се ’произведат’ фудбалери како Савевски, Мицевски, Седловски, Христов, Шаќири, Ќириќ... и да не редам еден куп други кои што играле порано или во исто време, може веројатно и сега да се направи истото.
Може да се работи и за лоша генерација, се случува тоа, но кај нас е видлив еден константен пад.
Камо среќа да има нешто во овие У21...