Леле тој 10-ката од Шткотска







Значи не ми се веруваше кога го видов, класика фудбалер од 60-те години, шорцот до уши кренат, долги нозе, помаранџест, НИШТО не разбира од фудбал, дното го допира од секој можен аспект.
Иначе ваква атмосфера богами одамна немам осетено. Грмеше Филип Втори, али најсмешно од се беше што 99% од навивачите беа на своите телефони во второто полувреме и се молеа Украина да даде гол. И кога ќе дадеа следеа првин овации од тие што пратеа на бет365, пошто таму најбрзо стига, па после кога ќе сфатеа другите и они се будеа и така настануваше спонтана еуфорија.
Шала на страна децава се стварно добри, одамна немам видено некоја наша репрезентација, без разлика дали U21 или сениориве, да игра системски, без класичноно “рогни ја па што биде“. Има нормално изнесување на топка, почнувајќи од штоперите, има играње пресинг, буквално сите знаат да играат фудбал. И јас се слагам со тоа дека Бабунски е малце преценет, конкретно вчера ништо посебно не изигра, Барди рецимо ИСКИНА, Велковски исто, Радески беше одличен и оној левиот бек мислам Демири беше. Нема везе да не цепидлачиме без потреба, топ си се дечкиве. Јас би ги издвоил Велковски и Барди. Првиот игра како да играл 10 години прва постава заедно со Киелини и Бонучи, смирено, рутинирано, има одлична проценка за секоја топка, и најбитно од се е што не е паничар, нешто што е реткост за нашите дефанзивци. Вториот е страва играч, ОРА по теренот, има одличен преглед на игра, одлично проигрува и многу битна ствар е што игра одлично со двете нозе!
Се на се им посакувам успех на дечкиве на ЕП, верувам во нив и сигурен сум дека нема да се избрукаат и да бидат топовско месо. Едноставно таков менталитет им наметна Милевски, не се предаваат и играат додека не свирне судијата.
