Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно на што мислиш. Стопанска има релативно мало ниво на исправка со оглед на кредитната изложеност.

Ако се покаже дека информацијата за due diligence во STB е точна, тогаш веројатноста да се случи продажба на STB е 99,9999999999999%.
 
Ако се покаже дека информацијата за due diligence во STB е точна, тогаш веројатноста да се случи продажба на STB е 99,9999999999999%.
Аа ти мислиш некој и прави процена за ризик на банката. Јас отидов на интерна корекција на ризикот во кредитната изложеност.
 
Добар ден на сите.

Немам некое искуство со финансискиот пазар и не сум тргувал на берзата, а имам некој капитал кој би сакал да го инвестирам од почеток на 2017та.

Ги следам дискусиите веќе извесно време, но сепак сакам да побарам мислење од вас.

Како пример ќе земам 10 000 евра инвестиција, бидејќи се консултирав со двајца брокери и според нив тоа е минималната инвестиција за да почнат да се праат пари

1. Дали е реално да се очекува 8 - 10% профит на годишно ниво?
2. Во среден рок од 7 до 10 години, колку вкупно профит би можело да се направи со песимистички очекувања?

Ви благодарам однапред.
 
Штом велиш дека немаш искуство, јас не би ти препорачал да ги вложиш сите пари одма. Или можеби ќе платиш за инвестициски советник.
 
Дали може повеќе да елаборираш. Колку би коштало инвестициски советник или како постепено, во колку фази да ги инвестирам тие пари
 
Денес Комерцијална ќе го објави извештајот. Баш да видиме зошто порасна вредноста за над 15 проценти за помалку од 1 месец
 
Во периодот од 01.01-30.09.2016 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 526,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 316,7 милиони денари.
 
Главното зголемување е во ставката „Останати приходи од дејноста“. Што е тоа?
 
Главното зголемување е во ставката „Останати приходи од дејноста“. Што е тоа?

Во најголем дел се Наплатени претходно отпишани побарувања, има и Приходи од кирии, Приходи врз основа на девизно работење, Членарина од банкарски картички и друго
 
Резултатите мислам дека не го оправдаа растот на вредноста на акциите.
 
Резултатите мислам дека не го оправдаа растот на вредноста на акциите.

Пааа, во споредба со лани добивката им е зголемена за 60тина проценти, и исто толку е порасната вредноста на акцијата.
 
Споредбено со другите банки повратот на капиталот овде е најмал. Што знам, можеби премијата за ликвидноста си го прави своето или има некои други причини.
 
еден напиша на хрватскиот форум дека КМБ имала 1200.000.000 мкд отпишани кредити ??
 
еден напиша на хрватскиот форум дека КМБ имала 1200.000.000 мкд отпишани кредити ??

Тоа се резервирани средства, отпишани кредити се 163 милиона денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom