Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Што знам и мене кварталниов извештај не ми е баш WOW.
Можно е и да продале нешто за да го нашминкаат извештајот.
Како и да е имаат многу работа до крај на година да стигнат до планираните 900 милиони.
А со ваков извештај скоро невозможни се најавите за 200 денари нето дивиденда.
 
19-20м денари промет имаше денес КМБ, некои ептен интересни работи се случуваат овде.
 
следна недела...растур систем....30+М ЕУР добивка.

Не оди вака цената само заради одличните извештаи макар и 30 милиони да се...
Апсорбирана е таа информација од паарот дека СТБ има одлични извештаи.
 
Не оди вака цената само заради одличните извештаи макар и 30 милиони да се...
Апсорбирана е таа информација од паарот дека СТБ има одлични извештаи.
Tendo i jas taka mislam , znaci ostanuvaat dve opcii , dividenda ili prodazba , mozebi i dvete zaedno.
 
znaci ostanuvaat dve opcii

Има и трета опција, ни да се продаде, ни дивиденда, барем не во скоро време. И МПТ го спремаа за продажба, па еве ништо од тоа. Да не испадне и СТБ така.
 
Во последните години доста акции со ниски фундаментални коефициенти порасна иако индексот не е многу пораснат. Интересна ситуација. Кој внимателно си ги вложувал парите заработил. СБТ е дел од таа приказна.
 
Ни овие цени не изгледаат високо за перформансите на компаниите, речиси сите имаат добар раст и стабилна ситуација. Проблемот е што кај нас тоа не е главен двигател на цената.

Мое мислење е дека до наредните годишни извештаи нема да има толку големи придвижувања на вредноста.
 
Има сезонска варијација на акции до април мај одат нагоре во очекување на дивидендите после паѓаат. Но овој пат некако порано пораснаа. Ќе видиме во март што е со годишните извештаи иако и сега со 3/4 ќе биде од прилика познато. Само останува да се види дали ќе менуваат нешто во исплатата на дивидените.
 
акциите се подценети, да не се лажеме.

пример, Охридска банка, оваа година ке имаоколу 1.100 денари добивка по акција, а цената не е ниту 4.000 денари? коефициент цена/добивка е испод 4, банката дава дивиденда 4%...па ова го нема нигде :)

СТБ, ќе направи 150 денари по акција, коефциент испод 5, а се зборува и за продажба, денда..

ВО странство фирми и банки со вакви параметри имаат кофицент минимум 10, што би значело барем 2-3 пати повисока цена од денешната.

Да не зборам за Пекабеско, за 9 месеци има 107 милиони денари добивка, или над 3.000 денари по акција, до крај на година може и 4.000 денари по акција да има добивка, или коефициент околу 2.

Има уште многу примери...

Општо, МСЕ е подценета, според мене треба индексот да е барем 4-5.000 за да дојдат цените на акциите на некои нормални нивоа.

само ќе треба доби пари да се вложат за тоа, ќе треба странски фондови да влезат, а богами ќе треба и барем дел од оние што се изгореа 2007-2008ма да се вратат назад и да вложат пари на берза.
 
Берзичката ни е супер од 2012 та наваму си растат само акциите што треба да растат. Но сега се оправија ред фирми така да има доста можности на МБ.
 
Берзичката ни е супер од 2012 та наваму си растат само акциите што треба да растат. Но сега се оправија ред фирми така да има доста можности на МБ.

точно, но сепак мое мислење е дека цела берза е подценета сеуше. квалитетни акции раснеа повеќе од другите и сега е мислам изедначено, простор за еднаков раст има кај сите. Барем за уште 50%, некои акции ќе дојдат до номинана вредност, некои ќе се доближат до номинала.

само фалат уште пари кои треба да се вбризгаат на берзата и ќе си дојдат работите на свое место.
 
Tendo i jas taka mislam , znaci ostanuvaat dve opcii , dividenda ili prodazba , mozebi i dvete zaedno.
Спомнав и порано тука, и пак ќе повторам. Дивиденда кај СТБ нема да има од една единствена причина бидејќи нема да сакаат нето добивката што цела година ја генерирале да ја поделат 30% со Грција и 10% со Македонија, само затоа што политичарите од двете земји не можат да седнат и да го потпишат договорот за избегнување на двојно одданочување.

Растот кај СТБ е поради очекувањата за нејзина продажба. Од извори во банката ми е потврдено дека преговори има, но сеуште тие не се на ниво на due diligence. Во случај кога ќе дојдат до тоа ниво, веќе ќе биде договорена цената на продажба и заинтересираниот купувач ќе прати due diligence да проверат дали реалната состојба на банката соодејствува со она во финансиските извештаи.

Очекувањата за продажба се зголемени ообено што НБГ групацијата е присилена да ги продаде и своите најпрофитабилни надвор од Грција. Тоа веќе го направија во Турција и Бугарија, а според гласините веќе се одпочнати преговорите и за во Македонија и Србија. Продажбите до сега беа по p/b=1, но со оглед на доминантната положба на СТБ кај нас и страшните заработки по акција која банката ги прави во последната година, тоа цена би била преефитна. На 6 месечниот извештај од оваа година книговодтвената вредност на банката беше 880 денари, а до крај на година се очекува да порасне уште. Дури и на цена од 1200 денари продажбата би била пониска од p/e=8.

Има и трета опција, ни да се продаде, ни дивиденда, барем не во скоро време. И МПТ го спремаа за продажба, па еве ништо од тоа. Да не испадне и СТБ така.

Огромна разлика има помеѓу двете компании и двете бизниси, за разлика кај MPT каде што има многу интересни страни, и самиот процес зависи од еден куп регулативи, политичари, па гасоводи, овде работата е чиста, банката си заработува од кредитната маргина и трансакциските трошоци...

Мене па особено интересни ми се STBP, а гледам по истргуваната количина во последно време се заинтересирале и другите особено типот што си купи 6000 количина пред месец дена на цена од 500 ден. Истражував во периодот, и прочитав дека во договорот со Грците стои дека тие имаат обврска да не ги конвертираат во обични. Тоа стои во статутот, а статутот е променлива категорија. Најголемиот број на приоритетни акции сеуште се кај вработените во банката. Така да при евентуална продажба сигурно тие се последните што ќе бидат оштетени, и при евентуалната конверзија минимум би била 1:1 во однос на обичните акции (номиналните цени се 100 денари за обична и 200 денари за приоритетна акција). Интересно е што временски во изминатите 10 години (освен во последните 2) приоритетните биле секогаш 2 а некогаш и 3 пати со повисока цена од обичните акции. Плус кај нив што се добива и дивиденда со вредност која е поврзана со каматната стапка на 12 месечен депозит + 1%.

Да напоменам дека во портфолиото ги имам и двете STB и STBP.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom