Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Некако имам впечаток дека постепено КМБ е цел на превземање.
Баш ме интересира кои го поседуваат уделот што е околу 39 проценти странска инвестиција.
луѓе блиски до власта купуваат акции веќе подолг период, онолку колку што можат да договорат нели. Изгледа се забрза процесот, а причини може да има многу.Oчекував превземањето да започне после изборите, изгледа на некого му се брза.
Или друга опција е дека протекле информации за многу подобри резултати оваа година.
5% се на Европска банка за развој и 10% се на EAST CAPITAL EXPLORER INVESTMENTS
Тие највеќе зависат од отписот на или ревалоризацијата на побарувањата .
Или си во тешка заблуда или не те разбрав добро, ај кажи го со други зборови вториот пасус.луѓе блиски до власта купуваат акции веќе подолг период, онолку колку што можат да договорат нели. Изгледа се забрза процесот, а причини може да има многу.
Резултатите сигурно се подобри од лани, прашањето е само колку. Искрено не верувам дека се толку многу за да се оправда цената. Тие највеќе зависат од отписот на или ревалоризацијата на побарувањата а тоа пак е процес што се тера рамномерно и како амортизацијата ако нема некоја исклучителна ситуација ќе биде со слична вредност како во 2015.
Не те разбирам и јас кој дел од моето мислење баш да го објаснам, ми се чини како да е добро напишано.Или си во тешка заблуда или не те разбрав добро, ај кажи го со други зборови вториот пасус.
Мислам дека околу 1,2 милијарди беше односно околу 20м што е многу, зборот ми беше дека веројатно толку ќе биде и оваа година бидејќи таков е трендот во првите 6 месеци.Сите се крстат дека ќе ја преполоват исправката на вредноста на финансиските средства, лани и полани беа по 30 милиони евра, што е премногу во споредба со СТБ и ТНБ.
За исправката на побарувањата/кредитите и амортизацијата. Најпрво двете не се ни малку поврзани ни слични.Не те разбирам и јас кој дел од моето мислење баш да го објаснам, ми се чини како да е добро напишано.
Не реков дека се поврзани ниту дека се слични. Коментарот беше на тоа дека нивниот тренд може да се утврди во шестмесечниот извештај. Бидејќи кај КБ има многу голем раст на цената на акцијата реков дека единствено преку значајно намалување на исправката на вредноста би се промениле толку многу резултатите што ќе го оправдаат растот. Друга ставка која може да покаже значително подобрување како и кај другите банки се расходите за камати. Ќе видиме за некое време.За исправката на побарувањата/кредитите и амортизацијата. Најпрво двете не се ни малку поврзани ни слични.
Амортизацијата иако најчесто праволиниска ако нема значајни промени има тенденција на намалување. Значи различно од тоа што го напиша.
Мислам дека околу 1,2 милијарди беше односно околу 20м што е многу, зборот ми беше дека веројатно толку ќе биде и оваа година бидејќи таков е трендот во првите 6 месеци.
Најпрво да кажам дека ја имам акцијата на UNI во портфолио.
Имам 5 акции во портфолио, а анализирам 15тина.
Ги гледав скоро сите деновиве но кај неа ми е највпечатлив трендот.
Прегледај го приврзокот 156267
Прегледај го приврзокот 156268
Ако продолжат со нивото на полугодие би оствариле: Добивка по акција од 277 денари.
Ако тоа се стави во однос со сегашната цена од 717 денари се добива p/e од 2,59.