http://setaliste.com.mk/vesti/rakomet/katar-2/данци-ќе-ни-судат-против-австрија/
Да се надеваме дека нема да има индијанско судење и денес...
Ова е една од најдобрите судиски двојки,но малку се заебани овие Данците,пред се затоа што од високо не гледаат,не потценуваат,а од друга страна Австриското лоби во ЕХФ не е мало(не е како германското)..
Некако по она шо го видов од судиите страв ме фаќа од судиите...

Не ти даваат да играш(во одбрана не можиш нормален старт да направиш,одма две минути,во напад секој обид на пикер да се помрди од линија и да помогни на бековите е автоматски фаул в напад,секој контакт со зона,ама буквално секој го судат пробивање,без разлика дали ти оди противникот во линија на движење,па пичка му матер,да му се одмили на човек и ракомет и се)....
Катастрофа првенство,очај,судиите главни во се....

Посебно ако е тесен мечот можат да не поебат многу...
Нашите како шо се учени со контакт игра,посебно бековите,заебано ќе биди ептен ако ни внесат непотребна нервоза судиите...
Затоа треба да ја смириме топката,да ги натераме тие да бркаат,тие да грешат,ние да си играме мирно,тие треба да бркаат победа,не ние...
Многу е важно да се разбранат голманите,како да се губат Австријците ако не им оди,влегуваат во црни дупки..не се на ниво во офанзивата,ова мора да го искористиме...
Со Тунис голманот се разбрани се блокираа...
Со Бих во прво полувреме и на крај на мечот не можеа да го видат голот...
Не смееме да им дозволиме брза игра,значи помалку технички грешки и некои нерезонски шутеви кои би биле лесен плен за голманот,па да имаат контри,зошто таму се поуиграни,имаат побрзи крила од нашите...
На позиционен напад сме посилни....
Само да не дозволат да се рашутираат Херман,Билик,или Божовиќ,посебно првите двајца се доста високи,брзи на прв чекор и доста незгодни за чување,и ако им тргни можат да ни направат многу беља,ќе мора добро да се поставува одбраната при дуелите со нив,зошто доста влегуваат и во 6 метри,и можат да ни направат доста проблеми со исклучувања..
Божовиќ е класичен шутер,ако му остават простор ќе искористи...но нема таква брзина како Билик и Херман...
Средните бекови не се толку опасни,Зиура е разигрувач,е сега Силаги е друга приказна,ама тој е доста провиден,плус повреден е,нема скок шут,шутира од место(но доста добро и прецизно)и сигурно многу полесно можат да се справат со него,само да се поставува Борко како треба при ударите,тие шутеви ќе бидат од место,или под блок,значи горе долу ќе има преглед каде ќе оди шутот.
Не знам стварно какви договори имаат со Ацо и Велко,ама навистина смешно делуваме кога Борко ќе тргни по сончоглед да брани една страна,а друга страна(наводно)му ја брани блокот...
А неретко тие удари одеа по средина...и можеа лесно да бидат одбрани...

Тоа ни е најслаба точка во одбрана,бранењето на отворените шутеви...овде треба да поработиме..
Е сега заебано ќе биди ако не игра Ацо,тогаш ќе мора да се импровизира со Никола Маркоски,а прашање е како ќе изигра....
Можеби и ќе биди добар?

Само храбро,нема калкулации,кој сака нека е противник,не треба да се плашиме...
Само нека се сконцентрирани и одморни(да имаме ротација,не да се истрошиме целосно денес)резултатот ќе си дојди самиот...
Подобри сме од Австрија,иако се доста опасни,напалени до даска,доста напреднати од последниот меч со нив,но и ние сме добри....
Лесно ги добивме Тунис и Бих,а тие се изнамачија со Бих и одвај скинаа бод со Ѓупците...
За мир во куќата,за подигање на атмосферата потребна ни е победа и веројатен меч со Словенците,но и пораз нема да е крај на надежите,сепак шансите за пласман во ТОП 8 се големи.....
Можеби Катар ни делува малку пострашно од Словенија,но од друга страна ние сме далеку поискусни од нив,немаат публика која би можела да не уплаши,не треба да стравуваме од помош од судии,не се замараат толкку Арапите со подмитување(барем оние шо работеле во Катар и имаат контакти со нив тоа го тврдат)....
Да видиме денес какви резултати ќе ни додели барабанот,како почнаа изненадувањата и заебаните резултати,

ништо чудно и Шпанија и Катар да изгубат денес,па математиките да паднат во вода....

Затоа нека не се замараат многу за 1/8 финале,нека изиграат денес без калкулации...па после мечот со Австрија ќе прајме планови за недела...
П.С.
Кој сака кладба дека Козла денес 3 пати ќе намигни?
