Математика е секогаш нормална за време на првенства, ама кога е придружена со боље да изгубиме овие, тогаш се нервирам.
Скандинавци и Франција се најнезгодни, ни јас не сакам да ни се паднат, но ако се паднат, тоа е, ќе се снаоѓаме.

Башка, муабети од типот леле да изгубиме од Австрија за да сме избегнеле Словенци или обратно, ме нервираат. Ама стварно.

Во секој натпревар целта треба да биде да се победи. Со кого и да се игра. Е сега тоа не е возможно реално секогаш да се победи, ниту тоа го очекувам, само не сакам кога одиме со state of mind дека треба да изгубиме за да избегнуваме некого. На крај пак ќе се падне некој незгоден.
Не ги хејтам, само ме нервираат во однос на муабетите “подобро е да оставиме да изгубиме/да изгубиме“. Калкулации се потребни, за да ги видиш сите сценарија, за да можеш да направиш стратегија во зависност од тоа како ќе излезе на крај.
Но, на терен излегуваш за да победиш и точка.
Можеби ќе победиш, можеби не.
И потоа во зависност од претпоставките/калкулациите правиш стратегија за со противникот.
Ама муабети кои обично следат со калкулациите, од типот: Е оваа треба да ја изгубиме, не можам да ги поднесам, ми ги горат ушите. Треба секогаш целта да е победа, макар и завршило катастрофално.
Не го можам тој наш менталитет.
Треба да се научиме дека со секој треба да се бориме рамноправно, па дури и кога се на хартија подобри од нас.
Јас утре сакам да победиме, па дали после било Катар или Словенија ич не ми е битно. И едните и другите може да ги победиме и од едните и од другите може да изгубиме. Тоа е спорт.