LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
Мислам дека само Саид нема судбина од соништата... Девојката која ја сака е со брат му, повторно се враќа на стариот „ликвидаторски“ бизнис... :)
 
А кои беа луѓето со Флок? Ако се тие што го напуштија храмот (а тие се), тогаш многу глупо изведено, како само го следеа... Све нешто ме удира дека Џек нема да го гледаме уште некоја епизода, после кога ке излезе ке излезе со силите на Џејкоб, значи ке биде избран пред да се сретнат со Флок, и после епизодата ке биде: 10 мин Џек и Хуго што правеле, 1 мин диалог меѓу Џек и ФЛок, па пак флешбек што правеле двајцата со Хуго, па пак 1 минута диалог... Ако се откријат нови the others... не знам :)
 
Епизодава беше врв...Можеби ќе биде една од подобрите сезонава....
Крајот ми беше супер направен со пеењето и фацата на Кејт...
 
Оваја LOST епизода ќе ја запаметам по тоа што беше Lord of the Rings епизода.
1. Сцената кога пееше Клер во дупката личеше на Голум.
2. Сцената кога Кејт го виде првпат Флок, онака излезе ко Арагорн... Уште меч и фалеше одзади.:toe:

Инаку видовме и Џеки Чен моменти кога Саид се тепаше со Доген.
- По сите пресметки Бен би требало сега да е мртов затоа што не стигна да влезе во тајниот премин?
- Саид може да е double-agent и да го прави сето тоа за на крај лично да го убие Флок?
- Сојер можеби и нема да го видиме ни наредниве епизоди?
- Дезмонд пак ич??? (штета за ова)
- Можеби на крај ќе се појави тој заедно со Чарлс Видмор?

Не знам, многу прашања, ич одговори. Само едно знам, дека не постои good страна, све е ојдено.
 
Следната е Бен центрична, па ќе видиме дали пак ќе биди помилуван или ќе ги скрати маките.

Ни со Дезмонд ни со Сојер, посебно вториов, не сме завршени, уживај. :)
 
Уште е дискутабилно дали може да се поделат Џејкоб и Флок на добар и лош, двајцата имаат свои агенди.

Во болницата Саид се размина со Џек, веројатно ќе има некаква интеракција меѓу нив во таа алтернативна реалност.

Епизодава беше веројатно најинтересна досега, заради зголемената доза акција и тепачки. :)
 
Mногу очекувам од деветтата,
Ab Aeterno
, фокусирана на
Ричард
. Со оглед на тоа што еден погоре објави спојлер дека на средина од сезоната (18/2 = 9) ќе го дознаеме можеби најбитното прашање односно
ШТО Е ОСТРОВОТ
, и тој одговор ќе ни биде даден од
РИЧАРД И ЏЕЈКОБ
, можи да се очекува kick ass епизода.
 
Аман бе Божино постов ти е ко досие за лустрација. :)
Иначе пак ќе речам.Според мене Џејкоб и Флок се исти ку..ц,различно паковање.:toe:
 
Мене сеуште не ми е јасно како може сите надвор од остворот меѓусебно да се сретнуваат. Едноставно неможе! :(
Џин затворен. Па кој кур? Зошто не го покажаа со жена му во авионот...или можеби „толку е мал светот“ што Џин позајмил пари од лихварот(чоекот на Видмор) за свој потреби(нели стерилен беше:S)

Не ми е јасно зошто Флок упорно тврди дека сака да си замине од островот...можно ли е на него да му е скурчено од островот пошо нели конечно беше ослободен кога умре Џејкоб т.е тој да е „добрата страна“ и да сака сите да ги собере и да ги врати во нормалните животи? Џејкоб е тој што сака свој наследник, Џејкоб е тој што сака сета оваа игра со остворов да продолжи т.е да собира луѓе со пропаднати животи и да им нуди нешто невозможно за да ги примами на оствотот бидејќи дефакто сите моментално што се на оствотов се со пропаднати живот т.е примамени од Џејкоб да дојдат на него.

Број 2. нешто што ми паѓа на памет(ако одам по ова погоре пишано) е Флок да спрема „војска“ против плавото дете што му се појави кога беше со Соер. Можеби има некој други the others кој не дозволуваат Флок сега да си замине од оствотот, па сега конечно собрал луѓе да им се спротистави.
 
Се почудно и почудно.
Нема логика Џејкоб и Флок да ги ставаме на исто рамниште. Можеби и двајцата се опасни манипулатори, но со различни позадини, нели, добра и лоша.

Друго... Бен, пилотот, девојката и Мајлс останаа позади во храмот, можеби сценарио е да на нив ќе се приклучат и Џек (ко што рече Мац, со силите на Џејкоб) и Хуго, покрај детето од кое се плашеше Флок па да има акција.

Патем, не сум сигурен дали на двајцата Квоновци е покажано како Џејкоб им помага. И Мац рече оти животите им биле на сите убави, или подобри. Не баш, Кејт бега од полицијата, Квон е затворен тамо каде што Саид направи масакр, Џек имаше проблеми со детето, но еве, полека се средуваат.

И, за Сојер или Бен дека ќе умрат (ако не двајцата, барем еден од нив) спасувајќи некој друг, оставам облог. :)
 
Многу јасно, од првата сезона уште знаеме дека се работи за борба помеѓу доброто и злото. Само не знаеме кој на која страна ќе фати.

На крај ќе умрат сите, ако ја сакаат алтернативната реалност :) Иначе за наследник на Џејкоб би го ставил Сојер, типот не рецка жива сила, а за негова десна рака Хуго. Ем закон се, ем би било многу позабавно :)
 
Ем кој би дошол нов на островот би имал прекар. :)

Секако, доколку не беше потопен островот...
 
Не ми е јасно ни зошто Клер би ја убила Кејт затоа што и го чувала синот, попрво би требало да и се заблагодари. Макар што тоа не е мистерија, повеќе е over-reacting, нешто како Џек кога ќе се изнервира.

Kлер очигледно умрела, т.е. нешто слично како и Саид, умрела па ожиевала па и кај неа се создала прилика за таа фамозна '' инфекција '' односно темнина која полека расте во нив. Едноставно, Клер не е Клер, во другиот тим е
 
Па добро, го знаеме тоа... ама барем да ги убива од злоба не од некоја причина која има врска со „старата Клер.“ Исто и Флок: „don't tell me what i can't do!“ Има некоја конекција меѓу духовиве и телата кои ги земаат...

Патем, не мора спојлери. Кој виде, виде... :)
 
Да, но како што кажа Доген, после нивно оживување преобразбата не е инстантна. Како што кажа за Саид, почнува во него да расте нешто злобно, темно. Значи тие се исти на почеток само што полека полека "темното" прави takeover.

И стварно нема смисла спојлерите.
Јас дур не ја изгледав новата не влегов во темава. Логично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom