Па наводно ти подобро знаеш па кажа дури и во проценти +-2.
Да се преместиме некаде во форумот за лингвистика ако сакаш ?
Не читај преку редови.
Читни и кажи ми дали се само емоции и дали јас не мислам на мојата фамилија која што е доле и дали на мене не ми е поубаво кога седнам да пијам со моите другари со кои што сум бил до средно во Македонија или со моите братучеди, или кога ќе ми падне на памет да отидам во селото кај баба ми и да ми испече леб, па успут да сретнам некој и да ми каже, дека си бе мама ти дееба... или да седнам со комшиите на дворот и да се заебаваме, да пиеме пиво итн.?
Или сакаш да кажеш ние што сме ја напуштиле Македонија ја заборавивме фамилијата и дека се отпишавме од неа? Тоа
Не држи вода поради тоа што ти не можеш да споредуваш дијаспорци кои што се 2ра или 3та генерација во странство поради тоа што тие веќе 90% земале странско државјанство и тие нема како да гласаат во Македонија.
Пример: Во германија за да земеш германско државјанство треба да се откажеш од Македонското.
Значи, ние во дијаспората не и мислиме арно на Македонија.
Па зошто сметаш дека ние во дијаспората не би требале да гласаме? Зошто да не можам да отидам во прекрасната Македонската амбасада во Берлин и да го дадам мојот глас? Каде е проблемот тогаш ?
1. И јас како тебе работам и кога ќе сакам да појдам во Македонија за гласање треба да земам од работата цела недела одмор и прашање дали ќе добијам кога сакам поради тоа што само во петоците има Берлин Скопје авиони.
3. Патни трошкови за Македонија кога идам се ѓавол ипол.
4. Зошто тие 1 или 2 илјади евра што ќе ги потрошам на едно гласање да не ги потрошам кога ќе дојдам во Македонија да ставам гориво на тракторот со кој што исправам цел ден арматура, да ги платам работниците што ми помагаат при градбата на куќата итн. итн.?
5. Каде би отишле повеќето да гласаат? Во Македонија или тука во Амбасадата ?