Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Ги симнав сите книги од линков... се изнамачив :)
Инаку не знам дали смееме да поставуваме тука линкови, warez е забрането.
Амааа, патем... сите делови од Хари Потер на хрватски.
 
Пробав Сони Ридер во дуќан пред 6 месеци и чувството беше феноменално исто како да читаш книга, нема зрачење или одблесок како на монитор значи очите воопшто не се замараат.

Мана е што нема боја (не е ЛЦД) ама за читање книги (кои се и онака црно бели) е супер решение. Навигацијата беше исто одлична а можеше и текстот да се маркира по потреба. Брзината беше осредна, имаше дилеј од секунда или малку повеќе при листање на страниците а како е на Киндле-во не знам но тоа беше едина работа што не беше најоптимална но со тек на време се навикнуваш. Најубаво да се прочита рецензија на двата и да се споредат.

Мал е форматот, како најмалите џебни книги ама бидејќи е можна промена на големина на фонтот не е проблем а може да се збере во секоја женска ташна.

Би го купил во секое време, одличен харвер е.

А каде кај нас поточно го има Sony Reader и колку се движат цените?
 
А каде кај нас поточно го има Sony Reader и колку се движат цените?

Во странство гледав кај нас не знам дали и каде има. Ако најдеш цената ќе биде иста или малку поскапа него надвор.

Или порачај го онлајн.
 
А каде кај нас поточно го има Sony Reader и колку се движат цените?
Остај тие прикаски за Сонито, не е којзнае што. Nook Simple Touch е паднат на 79 долари. Сонито е 139. Ќе си го порачаш преку интернет. Кај нас нема ништо од ова не се продава.
 
Има некој средувано книги во Calibre... Има ли нешто македонско за Kindle. Ај ако има некој нешто средено нека постира тука, јас се обидувам да средам една книга од PDF ама за нигде испаѓа, не како што сакам. :)
--- надополнето: 15 мај 2012 во 15:30 ---
Еве уште еден линк, овој за позајмување kindle книги... lendle.me. Не знам како точно функционира.
 
Имав прилика да го користам Киндлево една недела. Го нема филингот на книга али подобро е од се друго што служи за читање електронски книги.
 
Има некој средувано книги во Calibre... Има ли нешто македонско за Kindle. Ај ако има некој нешто средено нека постира тука, јас се обидувам да средам една книга од PDF ама за нигде испаѓа, не како што сакам. :)
А што не испаѓа како треба? Јас имам средувано книги од ворд или во индизајн, во принцип треба да го одвоиш текстот од останатите форматирања и после го средуваш како сакаш. А македонски наслови не, добри наслови скоро и да нема во електронски формат.
 
Ја најдов од Игор Џамбазов книгата, ама многу голем проред имам помеѓу редовите кога ќе ја средам со Calibre.
Инаку има ли некој купено книга од Amazon? Или само симнувате??? :D
 
Ја најдов од Игор Џамбазов книгата, ама многу голем проред имам помеѓу редовите кога ќе ја средам со Calibre.

Пушти ја ако сакаш, да ја ѕирнам.
 
Најдов нешто интересно на нетов, можда ќе ве интересира вие што имате киндл. Служи за читање рсс на киндл.
 
Јас имам Киндл 3G + WI FI ако ви треба некоја информација, слободно прашајте! :P
 
Јас не читам многу вакви (не дека не сакам, немам толку време :pos:), ама знам дека ќе има доста заинтересирани... Мислам дека од сите има .mobi верзија.
http://www.itsoright.com/herman/Top 100 Science Fiction and Fantasy Books (Voted by NPR)/
Фала ти многу за линков. Денеска го добив Nook Color-от и прва книга: William Gibson - Neuromancer :гик:

Предлог: можда треба да се смени насловот на тема во општо за e-читачи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom