Kindle

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Електронски читач. Верувам дека сите знаете што е тоа.
Баш ме занима дали некој од вас користел? И како е? Дали е лесно за читање или како на компјутер да читам? На Амазон има поделени мислења.

Јас лично, многу пари давам на книги. И океј, стварно не ми е криво да дадам пари за некоја книга што ми се свиѓа. Али кога ќе сфатам дека некоја книга што сум ја купила е за нигде, абе...

Епа, си викам дека со киндлов може малце да се заштеди, пошто имам книги на компјутер мал милион. Проблемот е што у автобус ги читам, а нели не можам у бус да го распостелам компјутерот.

И на Амазон има повеќе киндли. Во што се разликуваат? И колку би фатило бкупно, сосе царина сосе се, да ми донесат тука?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
И мене ме интересира, баш сакам да нарачам еден, но со оглед дека нема Киндле (или не сум начекала) книги на македонски/српски/хрватски дали Киндле ги прифаќа ПДФ книгите.......
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Истото ме интересира. Многу е поштедливо и по комактно него да носиш цела збирка со тебе. Читањето е сигурно полесно пошто екранот е со посебен дизајн т.е. има custom brightness и contrast за да не ги замара очите а и е со e-ink технологија која повеќе или помалку симулира печатен текст кој е полесен за читање него класично форматираниот што го читаме на компјутер.

Екранот има мат финиш = нема одблесоци туку светлината која се одбива од него е растеризирана така да лесно се чита и при висока заднинска светлина.

Пример за e-ink технологијата (макро фотографија)


Tука моеш да ги видиш разликите меѓу kindle верзиите али мислам дека и најефтиниот би ти вршел работа. Има доволно голема просторна меморија и e-ink технологија така да немаш гајле.

Информацииве се од тоа што сум барал и дознал - не поседувам киндл иако сакам :D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Јас бев загреан пред соколу 8 месеци за Киндлов ама ми беше страв со цариниве дека ќе ми искочи ѓавол ипол.
Сега гледам цените ги намалиле а нели требаше и нов киндл да искача?
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
25
Поени од реакции
27
Здраво Господа! Поседувам киндл веке година и пол (Киндл 3) и можам да ви речам дека е извонреден.
Информациите ке ги сумирам во долу:
  • Читливоста е извонредна. Скоро да имач чувство како да читаш книга. Неспоредливо е со ај-пад или слични уреди.
  • Компатибилноста со разни формати е исто така извонредна. Постојат доста алатки кои служат за конверзија во киндле компатибилен формат. Најдобра алатка е Calibre, и го има за сите оперативни системи. Постојат и плугинови за професионални апликации за дизајн како Адобе Индизајн со кои може да направиш ескпорт во киндле формат.
  • ПДФ е читлив без проблем. Во конверзија на ПДФ се случува во текстот да останат елементи кои се на секоја страна (како број на страна, секција) но се тоа се јаде со малце сол.
  • Ако сакаш совршен експорт за ПДФ тогаш конвертирај од ПДФ во ворд формат и рачно едитирај го документот да го прочистиш. Јас лично кога книгата ми е важна ја средувам во адобе индизајн и ја експортирам во киндле формат. Квалитетот е како да си ја купил на амазон.
  • Јас го хакував мојов киндле 3 со кинески оперативен систем (Duokan, побарајте на интернет) правен за киндле и можам да речам дека имаат завршено добра работа. ПДФ компатибилност е извонредна и дури и овозможува зумирање по желба на корисникот, а исто така овозможува "течење" на текстот од обичен ПДФ. Тоа ја олеснува работата, затоа то не мораш да го конвертираш документот екстерно. Самото хакирање е лесно и лесно се жонглира помеѓу двата оперативни система. Јас често читам во оригинал киндле систем затоа што понекои книги ги купувам од амазон. Не е баш све за џабе :)
  • Ако купувате би ви препорачал Киндле 3, затоа што има најмалку проблеми и најдобар екран. Тач верзијата е ОК, меѓутоа е е баш најдобро да го допираш екранот (траги од прсти, маснотии).
  • Читање на кирилица оди без проблем. Понекогаш има проблем со ПДФ форматот и енкодирањето. Проблемот се отстранува со скрипта која ги заменува асции карактерите. Во секој случај многу ретко се случува.
Се надевам дека ова ке ви помогне да се одлучите.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Пробав Сони Ридер во дуќан пред 6 месеци и чувството беше феноменално исто како да читаш книга, нема зрачење или одблесок како на монитор значи очите воопшто не се замараат.

Мана е што нема боја (не е ЛЦД) ама за читање книги (кои се и онака црно бели) е супер решение. Навигацијата беше исто одлична а можеше и текстот да се маркира по потреба. Брзината беше осредна, имаше дилеј од секунда или малку повеќе при листање на страниците а како е на Киндле-во не знам но тоа беше едина работа што не беше најоптимална но со тек на време се навикнуваш. Најубаво да се прочита рецензија на двата и да се споредат.

Мал е форматот, како најмалите џебни книги ама бидејќи е можна промена на големина на фонтот не е проблем а може да се збере во секоја женска ташна.

Би го купил во секое време, одличен харвер е.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Треба да го има наскоро во TNT Market. Иначе би го зел ова чудо. Конкуренцијата на iPad.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
А јас пошто сум информатички припроста, ќе ве користам за да ми го средувате Киндл-от :) Какво конвертирање......
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Треба да го има наскоро во TNT Market. Иначе би го зел ова чудо. Конкуренцијата на iPad.
Ова TNT маркет го има во Мк? Ако да, знаеш нешто поконкретно, време на пример?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Јас користам некаков си e-book reader кој го купив од TNT маркет за 5000-6000 денари пред година дена. Кинески е. Задоволен сум. Екранот има големина од 7 инчи, ок. е, и функционира на допир. Без никаков проблем чита pdf, mp3 и некои видео формати. Батеријата му трае (кога читам) некои си 3 часа. Немам никакво искуство со Kindle, па не би коментирал за него. Ама овој што го користам би го купил пак.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Јас користам некаков си e-book reader кој го купив од TNT маркет за 5000-6000 денари пред година дена. Кинески е. Задоволен сум. Екранот има големина од 7 инчи, ок. е, и функционира на допир. Без никаков проблем чита pdf, mp3 и некои видео формати. Батеријата му трае (кога читам) некои си 3 часа. Немам никакво искуство со Kindle, па не би коментирал за него. Ама овој што го користам би го купил пак.
А може да ни ставиш линк или слика ? :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Потврдувам се што кажа Ruseskij, искуството со Киндл е одлично.
Полесен е од просечна книга, не мора да вртиш страници и да ги држиш стиснати, во меморијата собира просечна градска библиотека, одлично се чита на сонце. Не сте врзани за типично лошите македонски преводи (чест на исклучоците). Голема корисничка база за муабетење по форуми и независна подршка во вид на алтернативни оперативни системи. Широка палета на ефтини и убави кожни омоти достапни на е-беј (10тина $) кои ридерот го штитат и го прават да изгледа супер. Батеријата трае многу долго.

Како реклама звучам! :)
Ама верувајте во последниве 10 години не су купил парче хардвер или геџет или воопшто електронска направа која толку ми прави кеиф.
Вреди секој денар! (и сите живци што ќе ги потрошите за да го увезете киндлот тука)

Кинескиот ридер што го земал Сабазиј погоре е со ЛЦД екран а не со Е-инк и затоа батеријата му држи само три часа. Батеријата на киндл држи многу подолго затоа што екранот троши струја само кога се менува сликата. Во превод нормално трае од 2-3 недели до еден месец, но кога сум на одмор и читам неспоредливо повеќе тогаш го полнам и на десетина дена. Практично батеријата не се троши на изминато време туку на свртени страници (времето сосема малку влијае, пошто сепак внатре освен екранот има и друга електроника)
Ќе се сложите дека макар и десет дена се неспоредливо повеќе од 3-те сати на кинеските ридери со ЛЦД екран. ;)

Од иста причина Ајпад не е директен конкурент на ваквите ридери како киндл.
Ајпад е преценет геџет за к**чење пред пријатели и денгубење, а ЛЦД екранот го прави неспоредливо полош за читање, посебно на дневно светло и на сонце. Исто батеријата му трае сторина пати помалку од класичен ридер со Е-инк екран.
Ебук ридерите со е-инк екран се наменети стриткно за читање и тоа го прават скоро совршено. Ако ви треба нешто за фалење и играње на фејсбук игрички, задржете се на ајпад.

Цената на основната верзија на Амазон Киндл падна на 79 долари... и зошто некој би купувал но-нејм инфериорен кинески производ за слични пари, не ми е јасно.

http://www.amazon.com/Kindle-eReader-eBook-Reader-e-Reader-Special-Offers/dp/B0051QVESA
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Цената на основната верзија на Амазон Киндл падна на 79 долари... и зошто некој би купувал но-нејм инфериорен кинески производ за слични пари, не ми е јасно.

http://www.amazon.com/Kindle-eReader-eBook-Reader-e-Reader-Special-Offers/dp/B0051QVESA
Сосе шипинг, сосе се, колку би ме фатило?
Ме спопаливте со коментариве :)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Фала на тие кои го објаснија користењето на Киндл. Јас имам едно прашањe:

Дали можеш да потцртувап ствари од книгата, и ако да после дали можеш да ги најдеш?

Ова го прашувам бидејќи на факс ни најавија дека доста од материјалот ќе биде на пдф, за да не треба да принтам миљон страни би купил вакво нешто. А викате Киндл Фајр-от не е тоа тоа ради ЛЦД-то?

До сега видов повеќе Киндли па не знам кој е најубав за читање. Тач, Тој со тастатура, Фајр. Хелп?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom