Карлос Руиз Зафон

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Денес ја земав Играта на ангелот. Очекувањата ми се големи. Ако не од приказната, стилот на пишување верувам дека нема во ниеден случај да ме разочара. Ќе пишам импресии.
 
Ајде нешто да ме посоветуваат оние кои го читале Зафон. Јас ја земав Заточеник на небото сега, без да знам дека е дел од трилогија. На почетокот авторот вика дека книгите може да се читаат без редослед. Какво е вашево искуство или накратко се зезнав ли што почнав баш со овој дел од трилогијата?
 
Тој му е последниот дел од трилогијата и мислам дека најдобро е да го оставиш за на крај од причина што сите ликови во Заточеникот биле претходно во Сенка на ветрот и Играта на ангелот, па нема да знаеш ништо за нивното минато и да се поврзиш со нив. Редоследот е Сенка на Ветрот - Играта на Ангелот - Заточеникот на небото и по тој редослед ако ги прочиташ многу полесно ќе ти се вклопат настаните/ликовите/местата. :)
 
Ајде нешто да ме посоветуваат оние кои го читале Зафон. Јас ја земав Заточеник на небото сега, без да знам дека е дел од трилогија. На почетокот авторот вика дека книгите може да се читаат без редослед. Какво е вашево искуство или накратко се зезнав ли што почнав баш со овој дел од трилогијата?

Мене ми е премногу претенциозен и исфорсиран со стилот на пишување и ми кршеше филм за да уживам во приказната.
Инаку да, како и за секоја работа, од почеток најдобро е да си почнеш. Ако веќе си одлучена. :D
 
Ајде нешто да ме посоветуваат оние кои го читале Зафон. Јас ја земав Заточеник на небото сега, без да знам дека е дел од трилогија. На почетокот авторот вика дека книгите може да се читаат без редослед. Какво е вашево искуство или накратко се зезнав ли што почнав баш со овој дел од трилогијата?

Јас со Играта на ангелот почнав, па Сенка на ветрот, па Заточеникот и не ми правеше голема разлика тоа што прво иде Сенката. Ама да почнеш прво од Заточеникот не би ти препорачала, зашто е најслабиот дел од трилогијата па можеби и нема да им дадеш шанса на другите книги на Зафон.
Ако си во можност, најди ја и Марина, вљубена сум во книгата. :love:
 
Ајде нешто да ме посоветуваат оние кои го читале Зафон. Јас ја земав Заточеник на небото сега, без да знам дека е дел од трилогија. На почетокот авторот вика дека книгите може да се читаат без редослед. Какво е вашево искуство или накратко се зезнав ли што почнав баш со овој дел од трилогијата?

Јас би те советувал прво ако не си ги прочитала неговите први 3 романи да ги прочиташ,одлични се сите три.Како писателот пишува така се усовршува и неговото пишување,првите 3 се многу лесни,а што се однесува до овој негов серијал прво прочитај ги,ако сакаш нормално,Сенката на ветерот и Играта на ангелот.Оваа последнава не сум ја читал ,па ако е во некој случај полоша од останативе нема да те влечат да ги прочиташ останативе кои пак ќе споменам се одлични.
 
^ Јас не сум нешто многу импресионирана од трилогијата за принцот на маглата. И да не се прочитаат ништо нема да се испушти.
 
Мене ми беа интересни кога ги читав,барем ќе се запознае со начинот на пишување на писателот.
 
Ајде нешто да ме посоветуваат оние кои го читале Зафон. Јас ја земав Заточеник на небото сега, без да знам дека е дел од трилогија. На почетокот авторот вика дека книгите може да се читаат без редослед. Какво е вашево искуство или накратко се зезнав ли што почнав баш со овој дел од трилогијата?

Ти препорачувам да читаш по ред. Јас од Зафон ги имам прочитано Игра и Сенка, и тоа по обратен редослед. Океј ми беа ама не ме воодушевија. Мислам дека тоа се должи баш на тоа што не ги читав по ред.
 
Фала дечки на совет. Ја вратив Заточеник на небото и со сите нишани денес ја земав Сенка на ветрот. Впечатоци, откако ќе ја прочитам трилогијата. :)
 
Мене и ангелот и сенката ми го исцедоа мозокот,поими и непознати зборови еден куп,па барај што значат па преводи на шпанските зборови,но книгата е феномен.
Другите незнам како ги читаат книгите,јас ја читам целосно да ја разберам,сепак книгава воопшто не е детска,туку напротив ова е книга за посериозни читатели.
 
Дали некој има или може да најде еBook верзија од Играта на ангелот на англиски или македонски ? Ако има некој линк нека ми прати пп. Благодарам.
 
Од неговите дела ги имам прочитано “Играта на Ангелот“ и “Сенка на ветрот“.Ги имаат сите елементи на одлични книги кои вреди и потрошеното време додека се читаат.Останатите се по детски,но верувам дека и тие се исто толку добри како и овие две.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom