Карлос Руиз Зафон

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Ја прочитав и ме бендиса.
Можеби нема толку возбуда и преплети како во претходните два дела, но е пишана во стилот на Зафон и лично ме бендиса и тоа премногу.
 
Мора да ја прочиташ и таа, има поголема доза на морбидност што мене ми се допаѓа.

Инаку, Фермин Ромеро де Торес во главава го замислувам како Стив Бушеми. :icon_lol:
483923_449173135113771_269690930_n.jpg
Исто! :)
 
Само што ја прочитав Заточеникот на небото и не ми се допадна којзнае колку. Затоа што, за разлика од Сенка на ветрот и Играта на ангелот оваа е нула, ништо.
Изгледа Зафон немал некоја голема идеја што може да ја пласира и за толку краток период напишал нешто колку да е онака. Немаше никаква приказна, го немаше оној шмек од минатите две книги и местата кои ги раскажуваше, туку на моменти повеќе личеше на некој ефтин трилер, дури и премногу предвидлив.
Сепак, приказната е помалку важна (барем за мене) кога станува збор за таква совршена конструкција на реченици која може да ја состави Зафон, ама во оваа книга како ни тоа да го немаше.
Можеби славата и комерцијализацијата го удрија по глава. Не знам. Очекував многу повеќе.
(n)
Еве уште еден пример зошто да ги мразам од корен некои издавачки куќи. Да се засрамат тие што го имаат обработувано/преведувано ова дело, и да прекинат више со сакатење и парчосување на која и да е книга што отсега па натака ќе им падне во раце.
Џимеј, сигурно сфаќаш дека не алудирам на тебе. Ова го пишувам затоа што сум изреволтиран од она што знам колку ги обожаваше ти неговите дела, а сега не ти оди по ќеф. Преводот тука сум сигурен дека има огромен ако не и целосен удел.
Ја имам читано на српски и мислам дека гооолема е грешката што нашите издавачки куќи ја превзедоа таа одговорност да ја преведат. Топло препорачувам ако некој има можност да си ја набави на српски, сепак ако не повеќе ќе може да ужива во убавиот пишан збор. Зафон не е само приказна туку и убавите описи што ги нуди.
 
Ја има некаде ''Сенка на ветрот'' на нет на македонски јазик ? Ај ако ја има некој нека ми прати линк. :)
 
Мора да ја прочиташ и таа, има поголема доза на морбидност што мене ми се допаѓа.

Инаку, Фермин Ромеро де Торес во главава го замислувам како Стив Бушеми. :icon_lol:
483923_449173135113771_269690930_n.jpg
А господин Семперe Michael.png

, Даниел Javier-Bardem-9542358-1-402.jpg ?? :)
 
Се надевам дека за четвртата книга од серијалот ќе треба да почекаме некое време, зошто очигледно само така може да се врати на патеката од Сенка на ветрот и Играта на ангелот. За Заточеник на небото се радувавме што толку брзо после Играта... излезе, но испадна точна и онаа народната - „Брза кучка слепи кучиња раѓа“. Не сакам уште едно фијаско од Зафон! (BTW, во шпанскиот јазик нема глас „З“ - прво нешто што требало да направат кога го преведувале во Матица, е правилно да му го транскрибираат името - Zafon е Сафон на македонски. ;)
 
Првото издание на „Сенката на ветрот“ е со името Карлос Руис Сафон на корицата. После тоа го сменија во Карлос Руиз Зафон. Без разлика што нема „з“ во касталијанскиот, при изговорот се слуша како таков гласот. Мислам дека така како што е сега е правилно.
 
Не е така правилно:

Шпанците воопшто немаат глас „З“, таков глас има само во шпанскиот јазик од земјите на Јужна Америка. Во Шпанија „S“ се изговара како наше „С“, а „Z“ и „С“ се изговараат чудно, нешто слично како англиското „TH“, со движење на јазикот напред-назад низ усната празнина.

Но изговорот не е ни најмалку важен во транскрипцијата. Во македонскиот правопис има стриктни правила за транскрибирање на туѓите имиња: шпанското „Z“ се транскрибира со „С“ кај нас (пр. Zaragoza = Сарагоса, Panza = Панса). Па така и Zafon би бил Сафон.
 
Не е така правилно:

Шпанците воопшто немаат глас „З“, таков глас има само во шпанскиот јазик од земјите на Јужна Америка. Во Шпанија „З“ се изговара како наше „С“, а „С“ се изговара чудно, нешто слично како англиското „TH“, со движење на јазикот напред-назад низ усната празнина.

Но изговорот не е ни најмалку важен во транскрипцијата. Во македонскиот правопис има стриктни правила за транскрибирање на туѓите имиња: шпанското „Z“ се транскрибира со „С“ кај нас (пр. Zaragoza = Сарагоса, Panza = Панса). Па така и Zafon би бил Сафон.
Па, тогаш оди и прашај ги тие во „Матица“ зошто од Сафон (како што за првпат е објавено неговото име на првото издание од „Сенка на ветрот“) го промениле во Зафон ;)
 
Не мора да прашувам, знам - поради истата причина заради која во Заточеник на небото насекаде наместо Божиќ, стои Божик (иако дури и тоа е прифатено од нормата) - неукост на преведувачот и лекторот или отсуство на лектура воопшто ;)
 
Јас неодамна ја завршив со читање „Сенката на ветрот“ и доста пријатно сум изненадена. Одамна не ми задржила книга толку внимание :pipi:
Ја меркав доста време, зошто беше скапо изданието чекав да падне цена и дочекав да си ја купам. Сега ќе се префрлам на другите негови дела да видам што нуди :)
Тоа што дејствијата се одвиваа во Барселона, за мене посебен шмек и даде на книгата (кога ги знаеш и замислуваш местата) :D
 
Продолжи следно со Играта на ангелот, а потоа со Заточеник на небото (поврзани се со гробиштата на заборавените книги, и ликовите се повторуваат), и тука застани, чекај го четвртиот роман од „серијалот“. Другите дела му се нешто како twilight teenage literature in Spain ;) Не велам дека се лоши, Zafon е одличен писател, само не се на ова ниво - да да, дури ни „Марина“ не е! :)
 
Zlatikevichius lad, прочитај ми го погорниот пост во врска со 3ката. Башка да не се разводнува работата ама не е до писателот толку колку до издвачкава куќа Матица. Кажи ми, дали книга се преведува во рок од еден месец? И ако е така, дали од шпански е или од превод на преводот?
Ја читав на српски и каде каде се гледа разликата. Очигледно нашиве виделе добар мамец па ќе праат пари на брзака. Ама со тоа не се ни свесни дека го оцрнуваат човекот а камо ли и нивниот севкупен труд околу преведување на книга. Искрено, у матица више од година дена не сум стапнал поради тоа што последната книга - Никаде без ќерка ми, до толку ми се згади од лошиот превод. Срамота за толку популарна издавачка куќа да ја ставам во исто рамниште како Ѓурѓа.
 
Го прочитав, и потполно се сложувам со тебе, ама сметам дека и самиот Zafon помалку има избрзано. Да ја најдам на шпански, и на шпански би ја прочитал, ама и по тоа најверојатно ќе го имам впечатокот дека не е на нивото на претходните две - ја нема таа трилер атмосфера, описите, не зборувам само за јазикот!
 
Секогаш е тоа така. КАо ветеран на разочараноста би ти кажал дека третиот дел и не е толкаво разочарување. Дека има пад, има. Само се надевам нема да отиде 100% тешка комерцијала као Коељо, Мисо, не па и Спаркс.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom